Виена

Нова Година 2020

Виена

Автобус / 5 дена / 2 ноќевања

29 декември 2019 (недела) КАВАДАРЦИ – СКОПЈЕ – ВИЕНА
Состанок на групата пред Гранична полиција во 12:45 часот. Во Скопје на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 14:30 часот. Тргнување за Виена во 15:00 часот. Се патува преку граничен премин Табановце, Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

30 декември 2019 (понеделник) ВИЕНА
Пристигнување во Виена. Во зависнот од времето на пристигање можност за попатна посета на аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ центарот на Виена со придружник. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

31 декември 2019 (вторник) ВИЕНА
Појадок. По појадокот следи панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере (без влез), Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот… Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време враќање во хотел. Во вечерните часови организиран трансфер до центарот на Виена за дочек на Нова Година 2020 на некој од плоштадите со богата музичка програма. По полноќ во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

1 јануари 2020 (среда) ВИЕНА – СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ
Појадок. Напуштање на хотел. Факултативна посета со локален водич на дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на Хабзбуршката монархија, изграден 1.700г. Дворецот со околните волшебни градини говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф… За останатите предлог за следење на Новогдишниот концерт кој се емитува на видео бим пред Градското Собрание. Во попладневните часови заминување за Скопје. Ноќно патување преку Унгарија и Србија.

2 јануари 2020 (четврток) СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ
Пристигање во Скопје во предпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
149 евра / 9.240 за уплата до 15.11.2019
159 евра / 9.860 редовна ценa

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
o Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација;
o Сместување во Хотел 3*** во Виена на база 2 ноќевања со појадок;
o Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
o Организиран разглед на Виена 10 еур;
o Посета на Шенбрун со вклучена влезница 30 евра;
o Влезници во музеите и културно – историските споменици;
o Патничко-здравствено осигурување – задолжително.

НАПОМЕНИ:
o За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
o За реализација на факултативните излети потребен е минмум од 25 особи;
o За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ;
o Цените се дадени во Евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари;
o Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.

Sunrise 4****

ЗИМА 2019/2020

SUNRISE 4****

Банско

Локација: 300 м од жичарницата

Лоциран на само неколку минути од првата станица на ски лифтот, комплекот претставува комбинација од архитектура препознатлива за регионот, модерен комфорт и одлична услуга. Во склоп на хотелот има ски гардеробер, конференциска сала, ресторан, сеф, лоби бар, паркинг. СПА Центар : внатрешен базен, сауна, парна бања, џакузи, фитнес, релакс соба, масажи и третмани.