Хотел Perun Lodge 4*

ЗИМА 2019/2020

Хотел Perun Lodge****

БАНСКО

Локација: Хотелот е лоциран на околу 300 метри од главната гондола и околу 1 км од центарот на Банско
Капацитет: Хотелот е изграден во 2009 година и располага со 110 еднособни апартмани, 74 студија.
Хотелски содржини: рецепција, сеф на рецепција (се доплаќа), услуга во соба, WI-FI во лоби бар, ски гардероба, лоби бар, пиано бар, коференциска сала. Базен со дел за деца, сауна, парна бања, џакузи, фитнес, турска бања, бесплатен превоз до кондола, ресторан, игротека.
Опременост на собите: сите соби се опремени со бања, сателиста TV, телефон, мини бар, сеф.

Нова Година 2020

Програми со авион

Париз

5 ДЕНА / 4 НОЌЕВАЊА / АВИОН

Рим

5 ДЕНА / 4 НОЌЕВАЊА / АВИОН

МОСКВА & СТ.ПЕТЕРБУРГ

8 ДЕНА / 7 НОЌЕВАЊА / АВИОН

СТ.ПЕТЕРБУРГ & МОСКВА

9 ДЕНА / 8 НОЌЕВАЊА / АВИОН

МОСКВА

6 ДЕНА / 5 НОЌЕВАЊА / АВИОН

Барселона

5 ДЕНА / 4 НОЌЕВАЊА / АВИОН

Мароко

8 ДЕНА / 7 НОЌЕВАЊА / АВИОН

Програми со автобус

Сараево

5 ДЕНА / 2 НОЌИ / АВТОБУС

Истанбул

АВТОБУС 5 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА

ВИЕНА

АВТОБУС / 5 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА

Соко Бања

АВТОБУС / 3 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА

Атина

АВТОБУС / 4 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА

ТИВАТ СО ПОСЕТА НА ДУБРОВНИК И КОТОР

4 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА / АВТОБУС

Милано

АВТОБУС / 5 ДЕНА/ 3 НОЌЕВАЊА

Нови Сад

АВТОБУС / 4 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА

Венеција со Верона и Фиренца

АВТОБУС / 4 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА

Северна Италија

АВТОБУС / 5 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА

ТИВАТ СО ПОСЕТА НА ДУБРОВНИК И КОТОР

4 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА / АВТОБУС

Милано

АВТОБУС / 5 ДЕНА/ 3 НОЌЕВАЊА

Нови Сад

АВТОБУС / 4 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА

Барселона

5 ДЕНА / 4 НОЌЕВАЊА / АВИОН

Мароко

8 ДЕНА / 7 НОЌЕВАЊА / АВИОН

НОВИ САД – ФРУШКА ГОРА – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

Нова Година 2020

НОВИ САД – ФРУШКА ГОРА – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

Автобус / 4 дена / 2 ноќевања

29.декември (недела) КАВАДАРЦИ – СКОПЈЕ – НОВИ САД
Состанок на групата пред Гранична полиција во 09:15 часот.Во Скопје на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00 ч. после полноќ. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 23:30 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

30.декември (понеделник) НОВИ САД
Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Разглед на градот: „Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот „Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква „Имена Маријаниног” – една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата „Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад – „Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

31.декември (вторник) ФРУШКА ГОРА – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
Појадок. Полудневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како „Српската Света Гора” и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Вечерта, Дочек на Новата 2020 Година, на плоштадот „Слобода” или пак можност за факултативна – Свечена новогодишна вечера во ресторан. Ноќевање.

01.јануари (среда) НОВИ САД – СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ
Појадок. Слободно време за индивиуални активности… или факултативно заминување во посета на Салаш , кој ќе ве воодушеви со неговиот автентичен изглед. Организран ручек со богато мени од традиционална кујна и војводинска музика. Попладне заминување за Македонија .Слободно време за индивидуални активности и “шопинг”. Патувањето кон Скопје продолжува во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 89 € (5.518,оо мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација;
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок;
– Организирани разгледи според програмата;
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативна новогодишна вечера во ресторан;
– Организиран ручек во Салаш;
– Влезници за музеите и културно – историските споменици;
– Патничко здраствено осигурување.

Напомени:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.“БАЛКАН ТУРИСТ ТРАВЕЛ КОМПАНИ“ – КАВАДАРЦИ
– Организатор на аранжманот: Т.А.“БАЛКАН ТУРИСТ ТРАВЕЛ КОМПАНИ“ – КАВАДАРЦИ

Милано

Нова Година 2020

Милано

со посета на КОМО и ЛУГАНО

Автобус / 5 дена/ 3 ноќевања

28 декември 2019 (сабота) КАВАДАРЦИ – СКОПЈЕ – МИЛАНО
Состанок на групата во 08:30 часто пред Гранична полиција. Во Скопје на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 10:00 часот. Тргнување за Италија во 10:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи и гранични формалности.

29 декември 2019 (недела) Franciacorta outlet – МИЛАНО
Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време за шопинг. Во договореновреме се продолжува за Милано. Пристигнување и сместување во хотел. Во попладневните часови можност за шопинг по прекрасните божиќни тезги поставени во центарот на Милано… Враќање во хотел. Ноќевање.

30 декември 2019 (понеделник) МИЛАНО
Појадок. Запознавање со елитниот Милано, еден од најразвиените урбани центри во Европа, модна престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз. Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Galleria Vittorio Emanuele што ги поврзува Катедралата Дуомо и една од најпознатите оперски куќи во светот, Миланската Скала, градската куќа на Милано… Почувствувајте ја највисоката мода во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, изградена во период 1865-1867 година, импресивна градба, фасада со царски лик, а внатрешноста плени со толку многу луксуз и детали за восхит. Во средината на Галеријата е поставен плоштадот – октагон, чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија – Рим, Фиренца, Милано и Торино (традицијата вели дека ако едно лице ја стави петата на гениталиите на бикот и се сврти во круг три пати, ова ќе му донесе среќа). Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка… Можност за посета на Црквата Santa Maria delle Graziе. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.

31 декември 2019 (вторник) МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат „Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico… Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Околу Езерото, светскиот џет сет има свои вили и го поминува својот одмор. Можност за крстарење по езерото-факултативно. Тука се снимени и некои од подобрите филмски остварувања, меѓу кои и Казино Ројал со Џејмс Бонд. Враќање во хотел. Слободно време за одмор во бечерните часови дочек на Нова Година 2020 на плоштадот Дуомо. Враќање во хотел. Ноќевање.

01 јануари 2020 (среда) МИЛАНО – СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ
Појадок. Одјавување од хотел и заминување за Скопје со попатна посета на Верона. Пристигање во Верона во попладневните часови. Разглед на градот со посета на куќата на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Патувањето продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи.

02 јануари 2020 (четврток) ВЕРОНА – СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ
Пристигнување во Скопје / Кавадарци во пладневните чесови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 евра / 11.720 ден за уплата до 15.11.2019
199 евра / 12.300 ден редовна цена

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација;
• Сместување во Хотел со 3*** во околината на Милано на база 3 ноќевања со појадок;
• Посета на Верона;
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Разглед на Милано 10 еур;
• Факултативна посета на Лугано и Комо 30 евра;
• Крстарење по езерото Комо 10 евра;
• Туристичка такса 3-5 евра на ден (се плаќа во хотелот);
• Патничко-здравствено осигурување 200 денари.

НАПОМЕНИ:
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
• За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници;
• За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ;
• Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1евро = 62 мкд;
• Доплата за еднокреветна соба 960 мкд;
• Пасошот треба да има важност минимум 3 месеци од денот на враќање во државата.

Истанбул

Нова Година 2020

Истанбул

царската престолнина на два континенти

Автобус 5 дена / 3 ноќевања

28.декември (сабота) СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 16:00 часот. Тргнување за Истанбул во 16:30 часот. Во Кавадарци пред Гранична полиција во 17:30 часот. Се патува преку Р.Грција со попатни паузи. Ноќно возење.

29.декември (недела) ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија… Посета на Вселенската патријаршија. Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата Мостот, Девојачката Кула… Сместување во хотел. Во попладневните часови, факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор…Европа – Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

30.декември (понеделник) ИСТАНБУЛ – ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ
Појадок. Факултативна посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители. Прошетка по просториите на Султан Сулејман Величествени, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од сите страни. Посета на подземната цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина… Прошетката ја завршуваме со Капали Чаршија, затворен трговски комплекс со околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини… Факултативно, вечера во национален ресторан со богата музичка програма и ориентални танци и вкусно мени од турската национална кујна. Ноќевање.

31.декември (вторник) ИСТАНБУЛ – МИНИЈАТУРК
Појадок. Факултативно – посета на МИНИАТУРК – минијатурен парк отворен во 2003 година, со површина од 60.000 м2, најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25. Можност да се вкуси традиционалниот специјалитет Balik ekmek (риба во леб) на Еминону. Прошетката продолжува кон плоштадот Таксим и најпознатата шопинг улица Истиклал. Потоа одиме до Мисир чаршија-познатиот пазар на зачини во Истанбул. Вечерта, дочек на Нова 2020 година на еден од најубавите плоштади во Истанбул – Ortakoy или во Национален Ресторан, со незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујнa Враќање во хотел. Ноќевање.

01.јануари (среда) ИСТАНБУЛ – БОСФОР – ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ – КАВАДАРЦИ – СКОПЈЕ
Појадок. Одјава од хотел. Предлагаме, факултативно возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Потоа, факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум. Tргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Р. Грција, со попатни паузи. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

Цена за рана уплата до 15. Ноември: 8.620 денари (139евра)!!!
ЦЕНА НА АРАНЖМАН: 9.240 денари (149 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
• Сместување во хотел 3*** на база 3 ноќевања со појадок
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
o Панорамски разглед на Истанбул 10 еврa
o Посета на Долма Бахче Сарај (водич, влезница) 30 евра
o Крстарење со брод по Босфор 15 евра
o Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција 20 евра
o Вечера во национален ресторан (30.12) 30 евра
o Влезници во локалитетите Аја Софија 20 евра, Топ Капи 20 евра
o Новогодишна ечера во национален ресторан
o Yerebatan Sarayı (Потонетата Палата) 10 евра
o Посета на Азискиот дел Ускудар – Белербеј, низ подводниот тунел Мармарас 10 евра
o Посета на Минијатурк 10 евра
o Доплата за 1/1 соба 800 денари
o Задолжително патничко – здравствено осигурување

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.За овој програм важат Опшите Услови на патување на Т.А. БАЛКАН ТУРИСТ ТРАВЕЛ КОМПАНИ – КАВАДАРЦИ.
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкдТ.А.Балкан Турист Травел Компани го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на активностите попрограмата за патување, како и во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл.
Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

ТИВАТ со посета на ДУБРОВНИК и КОТОР

Нова Година 2020

ТИВАТ со посета на ДУБРОВНИК и КОТОР

4 дена / 2 ноќевања / автобус

29.декември (недела) КАВАДАРЦИ – СКОПЈЕ – ТИВАТ
Состанок на групата во 09:15 часот пред Гранична полиција.Во Скопје на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00ч. Поаѓање на автобусот за Тиват во 23:30 часот. Се патува преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

30.декември (понеделник) ТИВАТ
Пристигнување во Тиват во претпладневните часови. Разглед на градот: католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот), црквата Св.Сава, плоштадот Култура, Летниковецот Буча (најголемата градба на Которскиот залив, изградена во 16.век и некогашна летна резиденција на благородната фамилија Буча), луксузниот комплекс „Порто Монтенегро” (единствена марина на Јадранот, за љубителите на водените спортови), Ботаничката градина (изградена по наредба на адмиралот на австроунгарската морнарица Макимилиан Даблес фон Шротернек, кој со декрет побарал од сите капетани да донесат примероци од разни растенија за да го украсат военото пристаниште Арсенал во Тиват). Благодарение на благата клима, растенијата се совршено вкоренати и денес, а градината која зафаќа површина од 4 хектари е една од најголемите во јужниот дел на Јадранското Море. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

31.декември (вторник) ТИВАТ – ДУБРОВНИК
Појадок. Можност за факултативен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… во враќање, попатана посета на Цавтат. Враќање во Тиват во попладневните часови. Вечерта, незаборавен Дочек на Новата 2019 година. Ноќевање.

01.јануари (среда) ТИВАТ – KOTOР – СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ
Појадок. Слободно време за индивиуални активности, или факултативна посета на прекрасниот стар град – Котор: катедралата св.Трифун, Столбот на срамот, цркавата Св.Лука, Поморскиот музеј, црквата Св.Никола… Попладне, заминување за Македонија преку Албанија и Косово. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 99 € (6.140,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со туристички автoбус на наведената релација
• Сместување во хотел “Palma” ****, 2 ноќевања со појадок
• Организирани разгледи според програмата
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Факултативна посета на Дубровник (15€)
• Факултативна посета на Котор (5€)
• Влезници за музеите и културно-историските споменици
• Патничко здраствено осигурување.
• Туристичка такса и осигурување 1,5 € по лице на ден (се наплатува на рецепција)

НАПОМЕНИ:
– Цената на аранжманот е дадена по лице, со сместување во двокреветна соба
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.„БАЛКАН ТУРИСТ ТРАВЕЛ КОМПАНИ“ – КАВАДАРЦИ
– Организатор на аранжманот: Т.А.„БАЛКАН ТУРИСТ ТРАВЕЛ КОМПАНИ“ – КАВАДАРЦИ