Виена

8ми декември

Виена

Автобус / 5 дена / 2 ноќевања

06 декември 2019 (петок) КАВАДАРЦИ – СКОПЈЕ – ВИЕНА
Состанок на групата пред гранична полиција во 13:15 часот. Поаѓање во 13:30 часот. Во Скопје на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 15:00 часот. Тргнување за Виена во 15:30 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

07 декември 2019 (сабота) ВИЕНА – шопинг центар Parndorf
Пристигнување во предпладневните часови посета на аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Во попладневните часови заминување и сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ центарот на Виена со пратител. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

08 декември 2019 (недела) ВИЕНА
Појадок. По појадокот следи панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере (без влез), Операта, Градското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот… Слободно време за индивидуални активности и шопинг во центарот на Виена и познатата шопинг улица Марија Хилфер штрасе. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

09 декември 2019 (среда) ВИЕНА – СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ
Појадок. Напуштање на хотел. Факултативна посета со локален водич на дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на Хабзбуршката монархија, изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф…Слободно време за индивидулани активности. Во попладневните часови заминување за Скопје.

10 декември 2019 (четврток) СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ
Пристигање во Скопје во предпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 8.620 денари (139 евра)
за уплата до: 15.11.2019

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација;
• Сместување во Хотел 3*** во Виена на база 2 ноќевања со појадок;
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Организиран разглед на Виена 10 еур;
• Посета на Шенбрун со вклучена влезница 35 евра;
• Влезници во музеите и културно – историските споменици;
• Со доплата за еднокреветна соба 2480 ден.;
• Патничко-здравствено осигурување – задолжително.

НАПОМЕНИ:
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
• За реализација на факултативните излети потребен е минмум од 25 особи;
• За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ;
• Цените се дадени во Евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари;
• Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето;
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите по денови од за него оправдани и објективни причини.

Истанбул

8ми декември

Истанбул

царската престолнина на два континенти

Автобус / 4 дена / 2 ноќевања

06 декември (петок) СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 16:00 часот. Тргнување за Истанбул во 16:30 часот. Во Кавадарци во 17:30 часот пред гранична полиција.Се патува преку Р.Грција со попатни паузи. Ноќно возење.

07 декември (сабота) ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија, Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини… Посета на Вселенската патријаршија. Потоа, факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата Мостот, Девојачката Кула… Сместување во хотел. Во попладневните часови, факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор…Европа – Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

08 декември (недела) ИСТАНБУЛ – ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ – БОСФОР
Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Потоа, предлагаме факултативна посета на Предлагаме, факултативно возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот.Во вечерните часови, вечера во Национален Ресторан, за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Ноќевање.

09 декември (понеделник) ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ – МИНИЈАТУРК – КАВАДАРЦИ – СКОПЈЕ
Појадок и напуштање на хотел. Факултативна посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители… Прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од сите страни… Подземната Цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина… Факултативно – посета на МИНИАТУРК – минијатурен парк отворен во 2003 година, со површина од 60.000 м2, најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25… Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум. Tргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Грција, со попатни паузи. Пристигнување наредниот( 10 декември)ден во раните утрински часови.

Цена на аранжманот: 5.520 денари (89 евра) за резервации до 11.11.2019
Редовна цена на аранжманот: 6.140,00 денари (99 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со модерен туристички автобус;
• Сместување во хотел со 3*** на база 2 ноќевања со појадок;
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Панорамски разглед на Истанбул 10 евра;
• Крстарење со брод по Босфор 15 евра;
• Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција 20 евра;
• Посета на Азискиот дел Ускудар – Белербеј, низ подводниот тунел Мармарас 10 евра;
• Посета на Долма Бахче Сарај (водич, влезница) 30 евра;
• Вечера во национален ресторан 30 евра;
• Влезници во локалитетите Аја Софија 20 евра, Топ Капи 20 евра;
• Yerebatan Sarayı (Потонетата Палата) 10 евра;
• Посета на Минијатурк 10 евра;
• Доплата за 1/1 соба 800 денари;
• Задолжително патничко – здравствено осигурување.

Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
– За овој програм важат Опшите Услови на патување на Т.А.Балкан Турист Травел Компнаи Дооел.
– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
– Т.А.Балкан Турист Травел Компaни Дооел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. . Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на активностите попрограмата за патување, како и во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл.
предвидензапосета и сл.
– Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето !!!!