Сараево

8ми декември

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

Сараево

МОСТАР – ВИШЕГРАД - МОКРА ГОРА

5 дена / 2 ноќи / автобус

1 ден 06.12.2019 (петок) Кавадарци / Скопје
Поаѓање за Сараево во 18:00 часот од Кавадарци од пред Гранична Полција, во 19:30 часот од Скопје, паркинг пред хотел Вип. Се патува преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 07.12.2019 (сабота) Сараево
Пристигнување во Сараево кој поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност е познат и како „Ерусалим на Европа“. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православ на црква, католичка црква и џамија во иста населба. Разглед на градот со локален водич: градската општина, Башчаршија, Којунџилук, посета на најстарата православна црква во Сараево, Катедралата, посета на Латинскиот Мост (кадешто бил извршен атентатот врз Франц Фердинанд кој довел до избувнувањето на Првата светска војна), Величествената Газихусбергова џамија. Слободно време за индивидуални прошетки низ Сараево. Попладне сместување во хотел. Слободна вечер за индивидуална прошетка низ Сараево. Ноќевање.

3 ден 08.12.2019 (недела) Сараево – Мостар – Сараево
Појадок. По појадокот можност за фалкутативен излет до Мостар. Попатно посета на камената ќуприја во Коњиц, срушениот мост од втората светска војна познат како битка на Неретва. Поаѓање кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почуствуваат на секој агол. Посета и прошетка на: стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, отоманските резиденции од XVI -XIX век, Саат кулата, Караѓорѓева џамија, Коски Мехмед – Пашина џамија. Во попладневни часови враќање во хотел. Вечерта организирана вечера со музика во ресторан (факултативно). Ноќевање.

4 ден 09.12.2020 (понеделник) Сараево – Вишеград – Мокра Гора – Скопје / Кавадарци
Појадок. Поаѓање кон Македонија со попатна посета на Вишеград – Град сместен на бреговите на реката Дрина и Рзав и е најпознат по славниот мост – мостот на Дрина. Факултативен разглед на Вишеград со крстарење со брод со локален водич, Посета на Андричград, град кој го изгради Емир Костурица во чест на познатиот писател и нобеловец Иво Андрич. По посетата продолжуваме кон Мокра Гора. Пристигнување во Мокра Гора. Факултативна посета на Музејот на отворено – Дрвениот град на Емир Костурица. Слободно време за разглед. Ноќно возење со попатни одмори.

5 ден 10.12.2020 (вторник) Скопје / Кавадарци
Пристигнување во Скопје/Кавадарци во утринските часови.

4.990,00 за уплата до 25.10.2019
5.690,00 редовна цена

Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз со туристички автобус;
• 2 ноќевања со појадок во хотел WALTER 4**** https://walterhotel.com/ во Сараево;
• разглед на Сараево со локален водич;
• организација и водство на програмата со лиценциран придружник.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• факултативен излет до Меѓугорје и Мостар – 15евра (минимум 35 лица за реализација, пријавување при резервација на аранжманот);
• влезница за посета на Дрвен Град во Мокра Гора – 250 динари или 2.5 евра (се плаќа на лице место);
• ОРГАНИЗИРАНA ВЕЧЕР ВО НАЦИОНАЛЕН РЕСТОРАН ЖИВА МУЗИКА ТАМБУРАШИ И СВЕЧЕНА ВЕЧЕРА: ТЕЛЕШКО ПЕЧЕЊЕ ПОД САЧ; ПРЕДЈЕЛО – КАЈМАК, ПРШУТ И СИРЕЊЕ, ДЕСЕРТ И ПО ЕДЕН ПИЈАЛОК: СОК, ПИВО, ЧАША ВИНО – ??? € (минимум 35 лица, пријавување при резервација на аранжманот);
• Во Вишеград факултативно крстарење со брод по Дрина со локален водич – 5 € по лице;
• Задолжително патничко осигурување си го вадете сами во Осигурителна компанија.Доколку не си извадете и немате патничко осигурување агенцијата не сноси никаква одговороност за евентуалните последици;
• влезници за културно-историските споменици.

Општи напомени:
– ТА Балкан Турист Травел Компани го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата;
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања;
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање. Може да се патува и со лична карта.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!

Сокобања

Нова Година 2020

Сокобања

Србија

1 ДЕН: 31/12/2019 (ВТОРНИК)
Состанок со групата на паркингот спроти хотелот “Holidey Inn“ во 06:00 часот. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Хотел Турист во ценарот на градот. Организирана прошетка низ центарот на Сокобања: Милошев Конак, Турско купатило… Враќање во хотеот и подготовка за дочек на Нова година. Свечена вечера со оркестарот на Мирко Кодиќ. Ноќевање.

2 ДЕН: 01/01/2020 (СРЕДА)
Појадок. Oрганизирана прошетка со локален водич до Лептерија и Сокоград. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности. Можност за посета на СПА Центар. Втора свечена вечера – реприза на Новодишната прослава. Ноќевање.

3 ДЕН: 02/01/2020 (ЧЕТВРТОК)
Појадок. Организирана прошетка на планината Озрен. Враќање во хотел. Ручек. Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА: 149 € за уплата до 20/11/2019

Цена: 69 €

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз до наведената релација;
• 2 полни пансиона (појадок, ручек, вечера) во хотел Турист;
• Две свечени вечери со неограничено пиење и оркестарот на Мирко Кодиќ;
• Разглед на градот со локален водич.

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Патничко – здравствено осигурување;
• Влезница за СПА Центар;
• Туристичка такса 1 евро од ден по лице.

НАПОМЕНА:
• Доплата за деца од 03 – 11,99 год –70% од цената на аранжманот;
• За користење на сопствен превоз се одбива 15 € по лице од цената на аранжманот;
• За овој аранжман важат Општите услови за патување на Балкан Турист Травел Компани;
• За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници;
• Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата, или да го откаже аранжманот 7 дена пред започнување на истиот поради недоволен број на патници.

НОВОГОДИШНО МЕНИ:
• Новогодишна вечера:
– Ладно предјадење и сезонска салата
– Главно јадење: Свинско каре , шницла со печурки , салата
– Десерт: Торта
– Мала вечера по 02:00 часот : чадена вешалица
• Свечена вечера 01/01/2020
– Ладно предјадење
– Топло предјадење
– Мешано печење , салата
– Десерт
• Неограничено пиење – ракија, вермут, коњак, Зајечарско пиво, кисела вода, Кока Кола, Фанта, вино (Смедеревка, Ждрепчева крв, Розе)