Амстердам

8ми март

Амстердам

4 дена / 3 ноќевања / авион

Амстердам е град на карактеристична холандска архитектура, канали, чамци и мостови. На прв поглед ќе имате впечаток дека во Амстердам времето запрело во седумнаесеттиот век, кое е познато како златно доба на холандската култура. Многу европски престолнини изобилуваат на историски места, но она што го прави Амстердам посебен е тоа што скоро секоја зграда во центарот на градот е истовремено културен споменик и нечиј простор за живеење, во исто време дел од историјата и дел од современиот изглед на градот. Во исто време, Амстердам е музеј на отворено, ризница на познати згради и споменици на отворено, но и модерна раздвижена европска престолнина. Главниот град на Холандија ги има сите карактеристики на метропола, живост и ритам на еден голем град. Амстердам несомнено ќе ги исполни сите ваши очекувања: од уживање во прекрасната, необична глетка на Амстердам до одличен шопинг и многу повеќе.

1 ден 14 март / 23 мај (сабота) Скопје
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03:45 часот. Полетување за Ајндховен 05:45. Пристигнување 08:40 часот. Организиран трансфер до хотелот во Амстердам. Сместување во хотел. Разглед на Амстердам: Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пивница Хајнекен, Новиот градски кварт, Улицата на црвените фенери… Слободно време за прошетка низ градот. Ноќевање.

2 ден 15 март/ 24 мај (недела) Амстердам
Појадок. Факултативна посета: МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА на традиционално село Zaanse Schans кое важи за колевка на европската економија, се гледа: познатите ветерници, работилници за традиционалните кломпи, порцелан, сирење… Патот продолжува за Volendam, рибарско градче на езерото Еј. Враќање во Амстердам, препорачуваме посета на фабриката за дијаманти: прошетка низ работилницата и навлегување во тајните на брусење на прочуените дијаманти. Во вечерните часови, можност за факултативно возење со брод по каналите, каде можете да ги доживеете боите на градот на посебен начин и да видите дел од мостовите по кои e позната Холандија. Ноќевање.

3 ден 16 Март /25 Мај (понеделник) Амстердам – Голема холандска екскурзија
Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус: ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА: Сликовотито гратче Делфт – познато по порцеланот и сликарите, Ротердам – модерен град и едно од најголемите светски пристаништа, Шевенинген, Ден Хаг – холандска административна престолнина на Холандија, на враќање кон Амстердам Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

4 ден 17 Март /26 Мај (вторник) Амстердам – Скопје
Појадок. (Ланч пакет) Напуштање на хотелот во 05,00 ч Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 09,25 часот, пристигнување во Скопје во 12.55 часот

ЦЕНА 14.Март – 17 Mарт за рана уплата 379 € / 23.500.00 до 20 Декември 2019
ЦЕНА 23.Мај – 26 Мај за рана уплата 399 € / 24.740.00 ден до 15 Јануари 2020

Во цената на аранжманот вклучени се следните услуги:
• Директен лет на релација Скопје – Aјндховен – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
• Аеродромски такси
• Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
• Организирани трансфери: аеродром– хотел – аеродром
• Сместување во хотел на база 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Амстердам
• Организиран разглед на Амстердам
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
• Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm)– 1,800,00 денари за двата правца
• Туристичка такса –
• Влезници за локалитети и карти за локален превоз
• Факултативна посета на Мала Холанска тура (минимум 20 патника) –39€
• Факултативна целодневна посета Голема Холандска тура (минимум 20 патника) 65€
• Патничко осигурување 180 денари

Напомена:
За реализација на програмата потребно е група од 25 патника
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот ( не важи за цената со рана уплата) и копија од пасош, Комплетна доплата 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд. Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.

Париз

8ми март

Париз

4 дена / 3 ноќевања / авион

1 ден – 02.05.2020 (сабота) – Скопје – Париз
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:00 часот. Полетување за Париз со WIZZAIR (лет W6 7719) во 06:10 часот. Слетување на аеродромот Beauvais во 20:45 часот.Трансфер до Париз. Пристигнување и сместување во хотел. Следува разглед на Париз (пешачка тура + метро) низ најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Организиран разглед на градот со локален водич – Елисејските полиња, Операта Гарние, Триумфалната Капија, плоштадот Конкорд, островот Сите, латинскиот кварт, Трокадеро, Луксембуршка градина, Нотр Дам (Богородичната Црква). Враќање во хотел. Ноќевање.

2 ден – 03.05.2020 (недела) – Париз
Појадок. По појадокот можност за прошетка по Монмартр со метро и придружба на локален водич. Можност да се види базиликата Sacre Coeur, од каде ќе уживате во прекрасниот поглед на Париз. Попатно се посетува и плоштадот на уметниците. Прошетка до кабаре бар Moulin Rouge и можност за прошетка низ познатата улица Пигал. Планирана е посета на еден од музеите за парфеми Фрагонард – синоним за ексклузивност и луксуз ,каде се создаваат парфеми со комбинирање на традиционалните техники и најмодерните методи од 1926 година. Една несекојдневна можност да откриете некоја од тајните на веќе докажаните и неодоливи парфеми. Можност за шопинг и индивидуални активности. Потоа се упатуваме кон Ајфеловата кула (со метро, влезницата се доплаќа). Можност да уживате во неверојатната панорамска глетка на Париз. можност за прошетка по Монмартр со метро и придружба на локален водич. Можност да се види базиликата Sacre Coeur, од каде ќе уживате во прекрасниот поглед на Париз. Попатно се посетува и плоштадот на уметниците. Прошетка до кабаре бар Moulin Rouge. Планирана е посета на еден од музеите за парфеми Фрагонард – синоним за ексклузивност и луксуз, каде се создаваат парфеми со комбинирање на традиционалните техники и најмодерните методи од 1926 година. Една несекојдневна можност да откриете некоја од тајните на веќе докажаните и неодоливи парфеми. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден – 04.05.2020 (понеделник) – Версај – Лувр
Појадок. По појадокот се упатуваме со железница кон величенствениот дворец Версај. Кралски дворец изграден од страна на францускиот крал Луј 14 кој претставува ремек дело на уметноста од 17 век. Посета на кралскиот дворец со локален водич. По разгледот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр (со локален водич) кој цели 700 години бил резиденција на француските кралеви се до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 63.500 уметнички дела меѓу кои се наоѓа Мона Лиза – славниот портрет на ренесансниот сликар од Фиренца – Леонардо да Винчи. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден – 05.05.2020 (вторник) – Париз – Скопје
Појадок (ланч пакет). Трансфер од хотел до аеродромот во Beauvais .Лет со WIZZAIR (број на летот 7720) за Скопје во 09:15 часот. Пристигнување во Скопје во 12:15 часот.

Цена на аранжманот – 369 € за уплата до 31.12.2019
Редовна цена – 399 €

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Директен лет на реалиција Скопје – Париз – Скопје со WIZZAIR
– Aеродромски такси
– Рачен багаж максимум 8 кг (40х30х20)
– Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во Хотел 3* – на база 3 ноќевања со појадок
– Организација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Tуристичка такса 3 евра од ден по лице
– Билет (карнет за 10 возења)-за јавен превоз со метро – 14 евра
– Панорамски разглед на Париз со локален водич – 25 евра
– Влезница за Ајфелова кула до втор кат – 22 евра , до трет кат – 30 евра со лифт
– Посета на Версај – 60 евра со вклучена влезница +трансфер со железница +локален водич
– Посета на Лувр – 40 евра со вклучена влезница + локален водич

Напомена:
– За реализација на програмата потребни се минимум 15 патници
– Плаќањето се врши исклуливо во денарска противвредност по курс 1 €=62 денари
– За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30% , Целосна доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Останатите услови на патување важат според програмата на Т.А. Балкан Турист Травел Компани
– Агенцијата го задржува правотоза отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање
– За ова патување потребен е биометриски пасош валиден минимум 120 дена од денот на враќањето

Paris 360°

Венеција

8ми март

Венеција

4 дена / 3 ноќевања / авион

1 ден – 08/03/2020 (недела) Скопје – Тревизо – Венеција
Состанок на група во 10:00 часот на аеродромот во Скопје. Лет за Тревизо во 12:20 часот. Пристигнување ви 14:05 часот. Трансфер до хотелот и сместување во хотел во Местре. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

2 ден – 09/03/2020 (понеделник) Венеција
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Во договореното време заминување со јавен превоз (воз + Вапорето) за Венеција – единствениот град на вода кој лежи на дрвена конструкција. Го нарекуваат уште и невестата на морето и кралица на Јадранот. Срцето на градот кој наместо улици има канали, а наместо автомобили – гондоли, и плоштадот Сан Марко изграден 50 метри над водата на темелите на дрвени греди. Легендата вели дека додека шетал низ островите, на евангелистот Марко му се јавил божји глас кој му рекол дека на тоа место ќе се изгради убав и необичен град кој тој ќе го земе под своја заштита. Разглед на градот низ кој се простира Црквата Свети Марко, Дуждевата Палата, каналите и мостовите кои минуваат низ целиот град, од кои најпознатиот е Мостот на воздишките. Слободно време за индивидуални прошетки, уживање во вкусот на најубавото и највкусното италијанско кафе, можност за возење со елегантните гондоли, шопинг низ тесните улички кои се преплавени со обележјето на градот – венецијанските маски. Враќање во хотел со јавен превоз од Венеција. Ноќевање.

3 ден – 10/03/2020 (вторник) Венеција, Мурано, Бурано, Торчело
Појадок. Поаѓање со јавен превоз до Венеција. Превоз со вапорето до Сан Марко. Факултативна посета со брод до магичните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано. Приказната започнува од шарениот остров Бурано надалеку познат по производството на тантела со игли. Кога Леонардо Да Винчи го посетил во 1481 година од таму купил ткаенина за главниот олтар на Миланската катедрала Duomo di Milano, па оттаму се започнало со масовно производство кое било извезувано низ цела Европа. Шарениот остров е познат и по различната боја на куќите, традиција која настанала во далечното минато. Кога рибарите се враќале дома, поради густата магла не можеле да ги препознаат своите домови, па оттогаш нивните жени започнале да ги бојат куќите во различни јаки бои за да не залутаат нивните мажи. Денес овие куќи се под заштита на УНЕСКО и доколку некој сака да ја промени фасадата на својот дом, мора да испрати барање до Владата која ќе одговори со известување за одредени бои дозволени за таа парцела. Оттаму продолжуваме кон Мурано (стаклениот остров) каде се произведуваат најубавите лустери, преубавите сувенири, накит, чаши, чинии… Во 1921 година заради спречување на можноста од избувнување на пожари донесена е одлука целото производство на стакло да се пресели од Венеција на овој остров, па така се до 18 век Мурано држел монопол во производството на стакло. Стакларите биле најценетите граѓани на островот – носеле меч, имале имунитет од казни, можеле да се женат со ќерките од најдобрите семејства во Венеција. За возврат на сето тоа имале забрана да го напуштаат островот бидејќи на тој начин се настојувало да се сочува тајната на производството на стакло. Слободно време за уживање во раскошната убавина на островот. И за крај на оваа прекрасна прошетка, посета на Торчело островот кој бил всушност првиот најстар и најгусто населен остров во тој дел на Италија, престолнина во која има бројни споменици врзани со богатата историја. Враќање до Сан Марко. Слободно време за индивидуални активности. Враќање со јавен превоз од Венеција со вапорето + воз во хотелот. Ноќевање.

4 ден – 11/03/2020 (среда) – Венеција, Тревизо, Скопје
Појадок. Организиран трансфер од хотелот во Местре до аеродромот во Тревизо. Полетување за Скопје во 14:40 часот. Слетување во Скопје во 16:20 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 199 € (ЗА УПЛАТА ДО 31/12/2019)
РЕДОВНА ЦЕНА – 239€

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски билет на релација Скопје – Тревизо со WIZZ AIR
– Трансфер од аеродромот во Тревизо до Хотелот и обратно
– Аеродромски такси
– Рачен багаж максимум 8 кг (40 х 30 х 20)
– Сместување во Хотел со 3* во Местре на база 3 ноќевања со појадок
– Организација и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Факултативен разгед на островите – Бурано, Мурано и Торчело – 35 €
– Карти за локален превоз до Венеција – 1,5 до 2 € по правец
– Превоз со Вапорето (јавен превоз на вода) – 7,5 до 8 € по правец
– Туристичка такса -4 € од ден по лице
– Здравствено и патничко осигурување

НАПОМЕНА:
– За реализација на ова патување, потребен е минимум од 20 патници
– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 €=62 денари
– За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, Целосна доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Останатите услови на патување важат според програмата на Т.А. Балкан Турист Травел Компани
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање

Вила Клеопатра

Лето 2020

Вила Клеопатра

Калитеа

- 20% попуст За целосни уплати до 31.01.2020

Вила КЛЕОПАТРА се наоѓа во централниот ден на Калитеа над супермаркетот Масутис, на околу 600 метри одалеченост од плажа. Располага со четрикреветни дуплекс апартмани со капацитет 4+1 ( спална брачен со кревет, спална со два единечни кревети и дневна просторија со кауч и кујна). Сите апартмани имаат балкон, комплет опремена кујна, бања, ТВ, клима и Wi-Fi од 01 Јуни. Користењето на клима уредот е со доплата (5еур дневно) во месеците Мај, Јуни и Септември додека во Јули и Август е вклучена во цена. Истите се од Б категорија

Табела бр.1 – вонсезонски цени

Табела бр.2 – сезонски цени

Табела бр.3 – вонсезонски цени

НАПОМЕНИ:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра. Напомена: Во апартман минимум 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, трето и четврто лице плаќаат задолжително по 35евра.
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, согласно бројот на кревети.
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со родител.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аражманот.
  • Тргнувањето е на денот објавен во табелата. Тргнувањето од Куманово е во 02:45 часот наутро пред ‘Скара кај Жмара’. Тргнувањето од Скопје е во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, состанок на групата е во 03:30 часот. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.
  •  
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи на редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот по локално време
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, Балкан Турист Травел Компани НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Балкан Турист Травел Компани“ и на самата агенција и поради кои НЕ можаe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.

Балкан Турист Травел Компани организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусите. Цена на превозот:                                                                           

  • Превоз за возрасен 35евра / Еден правец 25 евра
  • деца 2- 11,99години 25евра / Еден правец 20 евра Дете до 1,99 години (без седиште) – бесплатно

Лето 2020

Грција

Летни пакет аранжмани, хотели, приватно сместување

Хрватска

Приватно сместување, пакет аранжмани, превоз...

Турција

Чартер летови за Лето 2020

Бугарија

Хотелско сместување, приватно сместување, превоз

Црна Гора

Хотеско сместување, приватно сместување, превоз...

Албанија

Приватно сместување и превоз

Тунис

Чартер летови за Лето 2020

Вила Хаус Литеа

Лето 2020

Вила Хаус Литеа

-20% попуст за резервација и уплата 100% до 31.12.2019
-10% попуст за резервација и уплата 100% до 28.02.2020
Early booking понудата е за определен број на соби

Неа Потидеа

Неа Потидеа е првото населено туристичко место на првиот крак на само 68 км оддалечено од Солун, а од македонската граница 151 км. Малечко селце, познато по туризам и риболов. Има долга, широка, прекрасна песочна плажа. Посебно убаво за оние кои сакаат мир и тишина, семејства со деца. Самото место изобилува со различни таверни и кафеани во кои се подготвува и може да се вкуси традиционална грчка кујна.

Вила ХАУС ЛИТЕА, се наоѓа на 20 метри оддалеченост од плажа. Сместувањето е во 1/3 студио и 1/4 апартмани (две простории: спална со брачен кревет или две одвоени легла и два кревети во кујна, тоалет иклима уред (вклучен во цената) и ТВ. Вилата располага со сопствена уредена плажа со лежалки кои им се достапни на гостите – бесплатно (две лежалки).

Координати: 40.188985, 23.339298.

Плажа
Сопствена плажа (широка и долга) пред самата вила со песок и камчиња.

Опис на објектот
Вилата е составена од два објекти А и Б.
Располага со трикреветни студија и четворокреветни апартмани.

За секое студио/апартман следуваат 2 лежалки и еден чадор на плажа – гратис.

1/3 студио: Во една просторија кујна и три стандардни кревети.
1/4 апартман: Во една соба кујна и два стандардни кревети и одделена спална со два кревети.

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот

Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

Цените се по студио/апартман за 7 ноќевања

Цените се во €, плаќањe во денарска противвредност 1€ = 62 денари

НАПОМЕНА:

Цените обележани со*се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст

Во цената Е вклучено :
7 ноќевања во студио или апартман,(по избор)
Користење клима уред,
Користење безжичен интернет

Сопствена плажа
2 лежалки и чадор за секоја соба

Во цената НЕ Е вклучено :
Превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)

ОРГАНИЗИРАМЕ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ со доплата :

Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Халкидики (секоја сабота):

03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес 40€ по лице

04:00 h Скопје (Дрводекор) 35€ по лице

04:30 h Велес (бензинска мотел Македонија)35€ по лице

05:00 h Неготино (бензинска Неготино) 35€ по лице

05:00 h Струмица (бензинска Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово 40€ по лице

05:40 h Удово (бензинска Удово) 35€ по лице

06:00 h Граничен премин (бензинска Шимов) 35€ по лице


Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Халкидики:

05:00 h Битола (Градска Автобуска Станица) 30€ по лице

04:15 h Прилеп (бензинска Салида) -Трансфер до Битола 30€

03.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола 35€ по лице

03:45 h Кичево (бензинска Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола 35€ по лице

03:30 h Охрид (бензинска Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола 35€ по лице

04.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола 30€ по лице

попусти и доплати за деца

Деца од 2 до 11,99 години: попуст од редовната цена 15€ од Битола и 10€ од Скопје
Деца до 1,99 години – Бесплатно
Возрасно лица над 63 год – попуст од 10€

Време на поаѓање од Неа Потидеа :


14:30h (локално време )
(можни се доцнења во сезона заради густината на сообраќајот)
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж

ВАЖНИ НАПОМЕНИ :

– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот .

– Сместување во собите е после 14 часот (локално време),

– Напуштање на собите е до 10 часот (локално време)
– За уплатени два аранжмани 7+7 попуст 7% на вториот аранжман ( не се комбинира)
– Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот.
– Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,

Попустите не може да се комбинираат,

Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 год. во кревет со родител,

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,