Вили Андреас и Јонион

ЛЕТО 2020

Вили Андреас и Јонион

ЛЕФКАДА

Вила Андреас - 20% попуст за целосни уплати до 31.01.2020

Вила Јонион - 15% попуст за целосни уплати до 31.01.2020

Лефкада или Лефкос е остров во Јонското Море, поврзан со копното со автопат. Лефкада спаѓа меѓу поголемите острови во Грција. Во насока север-југ е долг 35 километри, додека исток-запад, преку 15 километри. Вкупната површина на островот изнесува 336 километри квадратни. Највисоката точка на островот е планината Ставрота, која се издига до 1.158 метри надморска височина. Од Лефкада редовно сообраќаат ферибродови до Кефалонија, Итака и Меганиси. Главниот град на островот е истоимениот град, Лефкада, којшто се наоѓа на северно-источниот дел од островот. Островот е познат е по прекрасните плажи од кои застанува здивот.

Вила АНДРЕАС е лоцирана на 10 метри од плажа во Никијана. Располага со 6 двокреветни соби, опремени со ТВ, клима, бања, фрижидер собите немаат кујна и се на услуга ноќевање со појадок. Вилата исто така располага 3 трокреветни студија (еден брачен и еден единечен кревет) и апартман за четири особи (со брачен кревет во спална и во кујната има кревети на спрат), секое од нив опремено со кујна, ТВ, клима која се доплаќа 5 евра на ден, бања и балкон.

Вила ЈОНИОН се наоѓа на 5 мин пешачење од пристаништето во Нидри. Сите апартмани се наоѓаат на приземје, опремени се со кујна, тоалет, ТВ, клима(во цената), тераса. Вилата располага со два базена и лежалки, бесплатни за гостите (ограничен капацитет).

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛИТЕ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА МЕЗОНЕТА или АПАРТМАН ЗА 7 ИЛИ 9 НОЌЕВАЊА.
Во МЕЗОНЕТИТЕ / АПАРТМАНИТЕ дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со родител.
Термините во табелата се денови на започнување на аражманот.
Поаѓањето е ден претходно, состанок на група во 23.00 часот, поаѓање во 23.30 часот на паркингот спроти х.Холидеј Ин.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи на редовните цени.
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот по локално време
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, Балкан Турист Травел Компани НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Балкан Турист Травел Компани“ и на самата агенција и поради кои НЕ можаe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.
Балкан Турист Травел Компани организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусите.

Цена на превозот:
Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 35€
деца до 12 години 40 евра / Еден правец 25 евра.
Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Разгледница од Лефкада

La Mirage

Лето 2020

La Mirage

Паралија

БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ НА 3-ТО И 4-ТО ЛИЦЕ ВО СТУДИО

ПОПУСТИ: -15% ЗА УПЛАТА ДО 31.01.2020

-10% ЗА УПЛАТА ДО 15.02.2020

Вила “LA MIRAGE“ е од висока “А“ категорија и се наоѓа на 50 м од плажата во првиот дел на Паралиа. Студиата се комплетно опремени со мини кујна, тоалет, балкони, А/С + ТВ – WI-FI. Располагаме со 1/2; 1/3 и 1/4 студија на приземје, и 1 спрат.

УСЛУГИ:

  • Цените сo * се дадени за пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз за минимум 2 лица во студио што плаќаат 100 %
  • Цените без * се дадени за наем за студио / апартман за 7 ноќевања за минимум 2 лица во студиo што плаќаат 100 %
  • Во студијата e дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет т.е. број на кревети. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родителСите попусти за деца и трети лица важат при сместување во соба со 2 возрасни лица
  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување уплатената аконтација не се враќа
  • Поради генерално чистење на студиата по секоја смена, студијата се напуштаат во 09:00 часот, а се добиваат по 14:00 часот по локално време
  • Хигиената во собата си ја одржувате сами за време на престојот

 

Кај пакет аранжманите за 7 ноќевања важат следните услови:

  • Дете до 2 години ( без седиште ) – бесплатно
  • За деца 02-12 години – сместување бесплатно, доплата за превоз од 25 €
  • Сместување на 3-то и 4-то возрасно лице над 12 години во студио – сместување БЕСПЛАТНО – доплата за превоз 35 €  

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Задолжително патничко и здравствено осигурување – инфо во агенцијата
  • Доплата за клима 5 € од ден
  • Превоз : возрасни 35 € (повратен билет) / 25 € (1 правец)

                     деца од 2-12 години 25 €(повратен билет) / 20 € (1 правец)

  • За користење сопствен превоз кај пакет аранжманите се одбива по 10€ од лицата што плаќаат 100%
  • За користење на две смени (7+7 ноќевања)одобруваме попоуст од 10% на втората смена
  • Попустот за рана уплата не е валиден само за смените од промотивниот период 26 Мај 15 и 22 Септември
  • Во цената не е вклучена туристичка такса за престој – се плаќа на лице место изнесува 0,5 евро од ден по соба, за брзината и квалитетот на интернетот агенцијата не гарантира и не сноси никаква одговорност
  • ВАЖНА НАПОМЕНА. Заради ваша лична безбедност кога не сте присутни во собите немојте да ги оставате вратите од терасите и надворешната врата отклучени ( доколку истите се отворени и отклушени а настане недај боже некаква кражба, агенцијата и сопствениците не одговараат )
  • Цените се изразени во € – евра , по курс 1 € = 62 мкдЗа овој аранжман важат општите услови на патување пропишани од “СКТМ“ и Т.А.“БАЛКАН ТУРИСТ“. ЛИЦЕНЦА – “А“ за вршење на туристичка дејност