Макарска – пакет аранжман

Лето 2020

Макарска

пакет аранжман 9 ноќевања со превоз

Mагичната привлечност на хрватското приморје доживува кулминација во неговиот најживописен дел – Далмација. Оваа туристичка мека, доволно позната на македонскиот пазар од времето на заедничката држава и денес изобилува со квалитети кои ќе Ве остават без зборови. Синилото на Јадранското Море, автентичните приморски градови, богатиот ноќен живот, морските специјалитети и прекрасните плажи се само дел од долгата листа адути на Далмација! Во вашиот избор и размислувања, – кое место од многуте нанижени од двете страни на градот Сплит: Тучепи, Макарска, Подгора, Брела, Трогир, Примоштен, Шибеник, Водице… би ги избрале за одмор, ние за оваа сезона Ви ја предлагаме Макарска. Бисерот на Далмација и градот кој плени со сета негова содржина. Вам секако ви преостанува само да уживате во неа! А што всушност Макарска ви нуди?! Навистина многу… Близината на островите Брач, Хвар, Корчула… планината Биоково, не така далечните слапови на Крка, Плитвичките езера, градовите Сплит, Солин, Трогир… како и најблиските места: Башка Вода, Брела, Тучепи… се едноставно непрекината инспирација за збогатување на спомените кои можат да се стекнат за само едно лето во Хрватска и Далмација. Доколку пак посакате да го посветите своето време исклучиво на Макарска, сосема е извесно дека нема да останете без фотографии. Посетите на многуте историски градби, како 500 години стариот Фрањевачки самостан, единствениот Малаколошки музеј, Институтот за планините и морето, црквата Св.Марко на Кациќевиот плоштад, Градскиот музеј, црквите на Св.Филип и Св.Петар… се вредност која дополнително ќе го направи вашиот престој во Макарска уште побогат…

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
01.ден СКОПЈЕ – МАКАРСКА
Состанок на групата во 16:30 часот на паркингот пред хотел “Holiday Inn”, заминување за Хрватска во 17:00 ч. Патот води преку граничниот премин Блаце со Косово, Албанија и Црна Гора. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.

02.ден МАКАРСКА
Пристигнување во Макарска во претпладневните часови. Попладне, сместување во собите и слободно време за одмор, релаксација и запознавање со летувалиштето. Ноќевање.

од 03. до 10.ден МАКАРСКА
Денови за одмор со престој во соби (со сопствена бања) или студија (со тоалет и кујна) во приватни куќи, на база ноќевање или полупансион (со исхрана во ресторан). Комуникација со локалните представници за евентуални дополнителни услуги, факултативни излети и посети.

11.ден МАКАРСКА – СКОПЈЕ
Напуштање на собите (до 10:00 часот). Заминување од Макарска во попладневните часови (во 16:00ч.). Дневно и ноќно возење со попатни одмори. Патот води преку Црна Гора, Албанија и Косово.

12.ден СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.

МАКАРСКА
(пакет аранжман 9 ноќевања со превоз)

– Терминитe во табелата се однесуваат на ден на поаѓање (термин BUS) или ден на влез во објектите (термин check-in)
– Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице (9 ноќевања со превоз), при сместување на минимум две лица во соба/студио.
– Цените се изразени во EUR за уплата во денарска пртиввредност: 1 EUR = 62 MKD

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Трето возрасно лице на дополнителен кревет: -15%.
– Дете 2-12 години на дополнителен кревет: -25%.
– Дете 0-2 години: бесплатно
– Попустите за деца и за трето лице, важат при сместување во соба со две возрасни лица
– Доплата за 9 полупансиони (појадок и вечера) во ресторан 140 EUR / 70 EUR за деца 2-12 год., (со резервација)
– Употреба на клима уред, се доплатува во објектот (каде што е достапно)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во двокреветни соби (со сопствен тоалет) или студио (со тоалет и кујна) на база 9 ноќевања
– Употреба на заедничка кујна е вклучена во цена на собите (не важи за собите во Villa Matijasevic)
– Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Туристичка такса: 9 EUR по лице, 4,5 EUR за лица од 12-18 год. и бесплатно за деца до 12 год.
– Задолжителна полиса за патничко осигурување (препорачуваме – полиса без франшиза)
– Други неспоменати услуги во програмата

ЗАБЕЛЕШКИ:
– За патување со сопствен превоз цената се намалува за 30 EUR по лице
– Само превоз (автобус) – 90 € ; (за деца 2-12год – 45 €)
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Балкан Турист Травел Компани