Тунис

Лето 2020

Тунис

ТУНИС е земја, каде што се преплетува илјадогодишна култура, традиција и легенди, бои во ритам на контрасти се наоѓа во срцето на Медитеранот. Со своите преубави долги и песочни плажи (прекрасно медитеранско крајбрежје скоро 1300 км), могубројни хотели, културно историски споменици, мистериозна Сахара и својата магичност привлекува значителен број на туристи од сите страни на светот. Тунис поради поволната приморска клима е полуларна туристичка дестинација преку целата година.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

1. ден СКОПЈЕ – ТУНИС
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвиденото време за лет. Директен лет за Тунис. Пристигнување на аеродромот во Тунис во утринските часови. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до резервираниот хотел. Превземање и сместување во собите, согласно хотелските правила (по 14:00 часот).

од 2 до 6. ден ТУНИС
Денови за одмор и уживање во убавините на Средоземното Море со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во туристичките хотелски зони на Тунис.Можност за факултативни екскурзии во организација на локалната партнер агенцијата (крстарење со брод; нуркање; пустинско сафари; посета на Картагина, Сахара итн…).

7 ден ТУНИС – СКОПЈЕ
Слободно време за индивидуални активности до заминување на аеродромот во Тинис во вечерните часови. Користење на собите и хотелските услуги до моментот на превземање на гостите за организираниот трасфер до аеродром. Предавање на багажот два часа пред полетување. Директен лет за Скопје. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (нaраедниoт ден).

>>> ПРЕГЛЕД НА ХОТЕЛИ ВО ТУНИС <<<
Early Booking попусти за резервации до 31.03.2020

>>> ОНЛАЈН ПРЕБАРУВАЧ НА ХОТЕЛИ <<<

Image result for pdf download>>> ПРЕГЛЕД НА ЦЕЛОСНА ПОНУДА НА ХОТЕЛИ

 

Поаѓање: Skopje 08:00 -> Tunis 09:00
Враќање: Tunis 04:00 -> Skopje 07:00

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
* 7 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Тунис– Скопје со можност за чекиран багаж
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Тунис
* Аеродромски такси
* Багаж – 23 кг
* Организација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
* Патничко здравствено осигурување
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.
НАПОМЕНИ:
* Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето.
* Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен / град… организаторот не може да гарантира, со исклучок во случаи кога постои доплата со која патникот си обезбедува поглед специфициран во ценовникот.
* Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите.
* Помошните кревети се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет (најчесто кога децата имаат бесплатно сместување), и во истите децата го делат лежајот со возрасните патници.
* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

*** Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).***

* ВАЛИДНОСТ НА ПАСОШОТ ДА БИДЕ МИНИМУМ 6 МЕСЕЦИ ОД ДАТУМОТ НА ПРИСТИГНУВАЊЕ
* ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ