Panorama Hotel & Spa

Лето 2020

Panorama Hotel & Spa

Крушево

Изграден во далечната 1971 година а комплетно реновиран и дограден во 2018 година.
Новиот и ултра модерен хотел има капацитет од 48 до 54 легла. Сите соби и апармани се опремени со: централно ладење и греење, ТВ, интернет, кабловска со 70 програми, мини бар, сеф. Освен ова, луксузните апармани се збогатено со камин и самостоечки кади во спалната соба.

  • Цените се дадени за двајца во соба/апартман со вклучен доручек, ДДВ, туристичка такса, осигурување, користење на спа центарот,интернет, ТВ, паркинг, кафе и вода по собите.
  • Во супериор, јуниор и делукс апартман има опција за сместување на трето возрасно лице и се доплаќа 10 € по ноќ.
  • За деца до 8 години е бесплатно.
  • За деца над 8 години се доплаќа 10 € за дете по ноќ.
  • Дополнителен оброк ручек или вечера е 10 € по лице и е на база на сет мени (предјадење, главно јадење, десерт и 1 безалкохолен пијалок). За деца до 8 години се доплаќа 5 € и добиваат пола порција, за деца над 8 години е исто како и за возсрасен.

Хотел „ВИП“

Лето 2020

Хотел ВИП

Берово

Се наоѓа до самото езеро, со прекрасен поглед на околните шуми и зелените планини па доколку сакате да избегате од градската врева, стресното секојдневие, сообраќајниот метеж, и барем за кратко да им се вратите на мирот, спокојството и природата во Македонија, испланирајте викенд на Беровско езеро. Берово е сместено во Малешевијата, на крајниот источен дел на Македонија, на двата брега на реката Брегалница. Секоја од собите е опремена со модерните удобности како што се следниве:
♦ Крпи ♦ Фен ♦ Кабловски/сателитски ТВ канали ♦Туш кабина и тоалет ♦ 20 инчен или поголем телевизор ♦ Повеќето од собите се со прекрасен балкон или тераса.

  • Цените се дадени по соба на база ноќевање со појадок
  • Во цените е вклучено ДДВ и туристичка такса
  • Деца до 2 години – гратис
  • Деца од 2 до 10 години плаќаат 50% и добиваат свое легло и појадок

Хотел Манастир

Лето 2020

Хотел Манастир

Берово

Хотел Манастир се наоѓа на излезот од Берово, на 5 км одалеченост од езерото. Хотелот располага со 30 соби, СПА содржини, две летни тераси, терен за тенис, терен за одбојка, фитнес сала, две комплетно опремени сали за состаноци, детско игралиште и секако надгледуван паркинг простор. Планинското опкружување, езерото, маркираните велосипедски и пешачки патеки, се најпогодното место за релаксирачки прошетки, за љубителите на планинарењето и mount-biking,
како и за оние кои бараат авантури и предизвици.

  • Цените се дадени по лице на ден со вклучен ДДВ и туристичка такса, без вклучен пријалок за време на оброците
  • Едно дете до 5,99 бесплатно
  • Едно дете од 6-11,99 /  50% од цената на еден возрасен.
  • Две деца 0-5,99 / 50% од цената за возрасен.
  • Трето лице е по цена за трокреветна соба.

Aurora Resort & Spa

Лето 2020

Aurora Resort & SPA

Берово

Аурора Ресорт и СПА е сместен во источниот планински дел на Македонија, со надморска височина од 1100 метри близу Берово веднаш над беровското езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини. Точно во овој регион, се наоѓа еден од четирите воздушни коридори во светот, збогатен со огромно количество на кислород, претворајќи го ресортот во беспрекорно чиста воздушна бања.
Со своите содржини како: world-class СПА центар, Ресторан што претставува уметничко ремек дело, пет ѕвездено сместување, прекрасни базени, беспрекорна услуга од светска класа и богати и интересни планински содржини, го прават овој луксузен сепак интимен комплекс Вашето совршено бегство од секојдневието.

Редовен ценовник за едно ноќевање со појадок

  • Деца до 6 години бесплатно
  • Деца од 6-11,99 плаќаат 50% од цената за возрасен
  • Вечера се доплаќа 10€ по лице

Хотел „Филип”

Лето 2020

Хотел Филип

Охрид

Локација: Долно Коњско, околу 5 km од Античкиот театар

Капацитет: 40 соби

Услуги: Ресторан, Бар, Фитнес центар, Базен, Тераса, Паркинг, Wi-Fi интернет, Телефон, TV, LCD TV, Клима уред, Бања или туш, Собна услуга, Превоз до аеродром.

• Цените се изразени во евра по курс 1€ = 62ден, на ден
• Туристичка такса и ДДВ се вклучени во цената
• Доплата за оброк 490 МКД по лице
• Деца од 3-8.99 години плаќаат 50% од цената на услугата, за помошно легло, во двокреветна соба
• Цените не се однесуваат за Нова година и празници.

La Terrazza

Лето 2020

Хотел La Terrazza

Дојран

Хотел Ла Тераца е лоциран во Стар Дојран наспроти Дојранското крајбрежје, на 2 километри од Грчката граница. Ја спојува безвременската елеганција, комфорт, луксуз и незаменлив поглед кон Дојранското езеро. Хотелот ви нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација во текот на целото лето. Хотелот располага со 39 делукс соби расоредени на 4 ката и 6 апартмани распоредени на 3 ката. Секоја од собите и апартманите располага со балкон кој има има поглед на езеро, брачен кревет со можност за трето легло, клима уред, телевизор, бежичен интернет, мини бар, директна телефонска линија, сопствен тоалет опремен со фен и пешкири.

• Дадените цени се со вклучена туристичка такса и ДДВ
• Цените се по лице со вклучен појадок по курс 1€ = 62 ден
• Деца до 6 години бесплатен престој
• Деца од 6 – 12 години плаќаат 50 % од цената
• Секоја од собите располага со мини бар кој се наплаќа дополнително

Хотел „Романтик”

Лето 2020

Хотел Romantic

Дојран

Хотел Романтик ПЛАЗА Стар Дојран е лоциран на брегот на Дојранското Езеро во самиот центар на Стар Дојран. Има сопствен надворешен базен кој работи во летниот период (Април-Октомври), Голема конференциска сала (120 луѓе), Бар за 40 гости, Ресторан со капацитет од 300 гости , Ресторанска тераса со поглед на Дојранско Езеро со капацитет за 240 гости.

Услови:
– Цените се дадени во денари по лице со вклучен ДДВ
– Туристичка такса 40ден по лице на ден
– За деца до 6 год не се плаќа
– За деца од 6-12 год доплата 180 ден
– Трето лице возрасен во двокреветна на помошно легло 70% од цената за ½
– Трето лице во апартман + 180ден

Хотел „Бисер“

Лето 2020

Хотел Бисер

Струга

Хотел Бисер е лоциран на самиот брег на Охридското Езеро и е одалечен само 10 км од струга и 17 км од Охрид. сообраќајно е поврзан со околните населени места со патишта, 24 часовна активна врска. близината на аеродромот овозможува одлична врска со одалечените дестинации. Хотелот по воден пат е поврзан со охрид, манастирски комплекс Св.Наум и пристаништето во Подградец – Р.Албанија.

Услови:
– Цените се дадени по лице по агенциски курс 1€=62ден
– ДДВ, туристичка такса и осигурување
– Доплата за дополнителен ручек 6 €
– Деца на бесплатен дополнителен кревет,  се плаќа појадок 200ден а ручек и вечера 360ден
– Второ лице во апартман има 50%,
– Трето и четврто лице 70% попуст
– Деца 6-12 год 50% од цената

Хотел „Макпетрол”

Лето 2020

Хотел Макпетрол

Струга

Хотелот Макпетрол е лоциран во прекрасен шумски амбиент со извонредно уредено опкружување, позиција и поглед кон Охридското Езеро. Недалеку е од Градот Струга и на десетина километри од Охридскиот аеродром. Располага со сопствен паркинг, сопствена песочна плажа, базени и рекреативни спортски терени.

Услови:
– Цените се дадени по лице на нок со вклучен ДДВ и т.такса
– Цените се по агенциски курс 1€=62ден
– Дете до 6 години со родители гратис
– Дете од 7-12 год 50%
– Трето лице во соба над 13 год 70% од цена
– За престој 6 и над 6 ноќи 10% попуст

Хотел „Парк”

Лето 2020

Park Lakeside Hotel

Охрид

Хотелот е лоциран во најидеалниот брег на езерото, на само 3км од центарот на градот. Капацитет 27 апартмани, 19 двокреветни соби и 3 претседателски апартмани. Ресторант со капацитет од 220 гост, поделен внатре и на терасата покрај преубавото езеро. Бесплатен безжичен интернет, приватна плажа, базен во комплексот, тениско и фудбалско игралиште.

  • Дете до 15 год со родители бесплатен престој
  • 30% попуст за второ и трето дете помеѓу 7 и 18 години
  • За престој 5 и над 5 дена 12% попуст
  • Цените се по агенциски курс 1€=62ден