Хургада

Лето 2020

Хургада

Египет

* Цените и/или условите може да бидат променети без најава.
* Цените во табелите се изразени во ЕВРА по лице, а плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност од 62,0 ден за 1 ЕВРО


1. ден СКОПЈЕ – ХУРГАДА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 3 часа пред предвиденото време за лет. Директен лет за Хургада. Пристигнување на аеродромот во Хургада во утринските часови. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до резервираниот хотел. Превземање и сместување во собите според хотелски правила (по 14:00 часот).

од 2 до 6/9/10. ден ХУРГАДА
Денови за одмор и уживање во убавините на Црвеното Море со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во туристичките хотелски зони на Хургада. Можност за факултативни екскурзии во организација на локалната партнер агенцијата (крстарење со брод; нуркање; пустинско сафари; посета на Луксор и / или Каиро, итн…).

7/10/11. ден ХУРГАДА – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите до пладне, односно според правилата на хотелот по што завршуваат хотелските пансионски услуги. Слободно време за индивидуални активности до заминување на аеродромот во Хургада во вечерните часови. Предавање на багажот два часа пред полетување. Директен лет за Скопје. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден).

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

* 6, 9,10 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Хургада – Скопје со можност за чекиран багаж
* Аеродромски и административни такси во износ од 80еур (30еур за бебе до 1.99 год)
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Хургада
* Организација на аранжманот

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
* Меѓународно патничко здравствено осигурување кое покрива лекување од Ковид-19
* Хотелски услуги после одјавување на собите (*** хотелот има право да ги прекине All Inclusive услугите по времето предвидено за одјавување)
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.
* Влезна виза за Египет – за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци.
**** За престој од 01.07.2020 до 31.10.2020 визите за туристи со македонски пасош се БЕСПЛАТНИ!

АКЦИЈА

Резервации може да се прават со уплатен аванс од само 100еур, а преостанатиот износ треба да биде доплатен најдоцна 10 дена пред патување. Доколку аранжманот се откаже 15 или повќе дена пред терминот на поаѓање, уплатениот износ за резервацијата се враќа во целост без никакви задршки. За отказ помалку од 15 дена пред аранжманот важат општите услови на патување.

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. “

ЗАБЕЛЕШКИ:
* Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето.
* Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен / град… организаторот не може да гарантира, со исклучок во случаи кога постои доплата со која патникот си обезбедува поглед специфициран во ценовникот.
* Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите.
* Помошните кревети се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет (најчесто кога децата имаат бесплатно сместување), и во истите децата го делат лежајот со возрасните патници.
* За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Senza The Inn Resort & Spa 5*

Лето 2020

Senza The Inn Resort & Spa 5*****

Аланија

€ 883 Пакет цена за 2 лица
Заштеда €466 во тотал

РЕЗЕРВИРАЈ

Поаѓање 20/07/2020


Положба
Хотелот е лоциран во Turkler регионот, 15 км од центарот на Аланија и 100км од аеродромот во Анталија .

Сместување
Вкупен број на соби 425. Стандардни соби 322 (24м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице), дуплекс фамилијарни соби 82 (30м², две спални соби, едно купатило, макс. 2+2 лица), 3 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со када, фен, централен клима систем кој работи според временските услови, телефон, мини бар (сокови и вода на пристигнување, подоцна само вода), сеф (се наплаќа) , сателитска ТВ и музички канали, балкон, Wi-fi интернет конекција.

Услуга
Ултра Се вклучено–шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина наутро и попладне чај, кафе, колачи, полноќна ужина, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безакохолни пијалоци од 10.00-24.00ч, А’la Cаrte ресторани со претходна резервација и еднаш во текот на престојот, ужина на плажа 12.00-17.00ч., сладолед во одредени часови. Увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба се наплатуваат.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, А’la Carte ресторани-Fish Inn (рибен ресторант), Turk Inn (Турска кујна), Inn Ka (Мексиканскa кујна), Italy Inn (Италијанска кујна), лоби бар, бар покрај базенот, бар на плажа. Доктор, сервис за перење и пеглање, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, rent a car дополнително се наплатуваат.

Плажа
Хотелска плажа на 400м. од хотелот, со камчиња, лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа не се наплатуваат. (Има тунел до плажа, или пак гостите го користат шатл превозот кој е бесплатен).

Спорт и забава
Отворени и затворен базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, пинг понг, тениско игралиште, одбојка на плажа. Спортови на вода, осветлување на тениско игралиште, билијард, Спа центар и центар за убавина, масажа се со доплата. Забавни програми во текот на денот, натпревари, вечерени шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 год. и Јуниор клуб за деца од 13-16 год

Kaila Beach Hotel 5*

Лето 2020

Kaila Beach Hotel 5*****

Аланија

€ 871 Пакет цена за 2 лица
Заштеда €478 во тотал

РЕЗЕРВИРАЈ

Поаѓање 20/07/2020

Положба
Хотелот е лоциран во областа Obagol, на 3км од центарот на Аланија и 135км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 360 во три згради. Стандардни соби (28м2, спална, купатило, макс.2+2), Делукс стандард соби (24м2, лоцирани во нова зграда, спална, купатило, макс.2+1), Фамилијарни соби (45м2, две одвоени спални соби, едно купатило, макс.4), Делукс фамилијарни соби (42м2, лоцирани во нова зграда, две одвоени спални соби, купатило, макс.4), Дуплекс фамилијарни соби (38м2, лоцирани на поткровје, на горниот кат два одвоени кревет и купатило, на долниот кат брачен кревет и купатило, макс.4) и 3 соби за хендикепирани лциа. Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, клима, телефон, мини бар (водата се дополнува секој ден), сет за кафе и чај, сеф (со доплата), сателитска ТВ со музички канали, под со плочки, Бесплатно WiFi, балок.

Услуга
Се вклучено на шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечерам попладневно кафе и чај, услуга доцна во ноќта, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00, сладолед попладне, А’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, безалкохолни пијалоци на плажа од 10.00-17:30. Сите увозни пијалоци, сокови од свежо овошје, специјални вина, коктели, услуга во соба, флаширани пијалоци дополнително се наплаќаат.

Содржина
Главен ресторан на шведска маса, А’la Carte ресторани – Маre -ресторан за морска храна, Аtrox – мексичка кујна, лоби бар, бар покрај базен. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, продавници, фризер, rent a car, дополнително се наплаќаат. Бесплатна WiFi конекција во собите.

Плажа
Хотелска приватна плажа, песочна. Лежалки и чадори за сонце, пешкири за на плажа се без доплата. Има тунел под патот до плажа.

Спорт и Забава
Отворен и затворен базен за деца, лизгалки на вода, фитнес, Турска бања, сауна, парна соба, одбојка на плажа, пинг понг. Дополнително се наплаќа: спортови на вода, масажа, велнес и СПА центар, билјард и компјутерски игри, Забавни програми во текот на денот, разни програми покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години.

Land Of Paradise Beach

Лето 2020

Land Of Paradise Beach 5*****

Аланија

€ 811 Пакет цена (цена за 2 лица)

Заштеда €358 во тотал

РЕЗЕРВИРАЈ

Поаѓање 20/07/2020

Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Турклер, 20 км од Аланија и 110 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Стандардни соби ( спална соба, купатило, максимум 2+1 особа ). Фамилијарни соби ( една поголема соба со француски лежај и кревети на спрат, една спална, максимум 4 особи ) . Сите соби имаат купатило со туш кабина и фен, клима уред, директна телефонска линија, мини бар, сеф со доплата, ламинатен под, сателитска телевизија со музички канали, балкон Услуга
Се вклучено- шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневна торта, чај и кафе, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24 00 , бар на базен од 10-24 часот, само локални безалкохолни пијалоци и алкохолни, ужина на плажа покрај барот од 10 -17 часот. Не е вклучено- увозни пијалоци, флаширани пијалоци, коктели, свежи овошни сокови, сладолед, турско кафе, собна послуга.

Содржини
Главен ресторан на база шведска маса, лоби бар, бар на базен, бар на плажа, доктор, перење и сушење алишта, чување на деца и рент а кар се наплаќаат. ВИФИ се доплаќа низ целиот хотел.

Плажа
хотелска приватна плажа со камења и песок, чадори, пешкири и лежалки не се наплаќаат.

Спорт и забава
Надворешни базени за деца и возрасни, лизгалки,фитнес соба, туркса бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг. Се доплаќа за спортови на вода, масажа, салон за убавина. Забавни програми во текот на денот, покрај базенот како и вечерни шоу програми . Мини клуб за деца од 04-12 години, мини диско навечер.

ДАДЕНATA ЦЕНA ВКЛУЧУВА:
– 7 / 10 / 11 / 14 дена престој со All inclusive или Ultra All Inclusive услуга
– Авионски билет со чартер лет на релација Скопје – Анталија – Скопје
– Аеродромски такси
– Трансфери аеродром – хотел – аеродром
– Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
– Комплетна организација на аранжманот

Euphoria Tekirova

Лето 2020

Euphoria Tekirova Hotel 5*****

Текирова

€ 1015 Пакет цена за 2 лица
Заштеда €987 во тотал

РЕЗЕРВИРАЈ

Поаѓање 20/07/2020

Со прекрасна положба на плажатаTekirovaво Кемер, Euphoria Club Hotel Tekirovaго одржува својот статус на живописно одмаралиште.

Ultra All Inclusive
Безалкохолни и локални алкохолни, и некои увозни, пијалоци до полноќ Служење на пијалоци во диско клубот до 02:00Доцен доручекШведска маса за оброците Ужина во текот на денот во различни простории околу базенот Пита и турски специјалитети Сладолед во одредени часови Интернет во лобито и околу базените

Плажа и базени
Песочна и камчеста плажа со должина од 1 км,покрај кристално мореВИПдел од плажата 2 базена Чадори, лежалки и пешкири за плажа – безплатни

Vila Rias

Лето 2020

Vila Rias

Валона

На само 100 метри од најблиската плажа во Валона, Вила Риас нуди климатизирани соби со балкон, бесплатен WiFi пристап на располагање како и детско игралиште и BBQ слободни за користење и на располагање на гостите. Секоја соба вклучува LCD TV со кабелски канали и опремена кујна, бања и бесплатен паркинг за гостите.

Што е во близина: Универзитет во Валона – 20 мин прошетка, Национален музеј на независност – 24 минути пешачење, Плоштад знаме – 36 мин прошетка, Историски музеј – 39 мин прошетка, Марина ди Орикум – 16,6 км, Археолошки парк Аполонија – 38,2 км, Плажа Семан – 41,9 км, Средоземно море – 43,8 км

Вила „Рума“ – с. Дабниште

Лето 2020

Дома си е дома

Вила Рума

с. Дабниште

Кавадарци - Тиквешко езеро

Почитувани клиенти, за излез од секојдневието и разладување од летните горештини, Ви го препорачуваме најубавото место за одмор во ТИКВЕШИЈАТА. Вила „Рума“ с. Дабниште, кое се наоѓа на само 13 км од Кавадарци и 3 км од Тиквешкото езеро.
Вилата располага со вкупно 10 соби и 27 кревети. Собите се комфорни и луксузно опремени. Во секоја соба има: купатило, комплетно опремена кујна, ЛЦД телевизор и Wi-Fi. Објектот има на располагање: надворешен базен, фурна, скара.

Цена: 800,00 денари (по особа за 1 ноќевање)

Во цената не е вклучено:
– туристичка такса = 40,00 ден по особа од ден
– аранжманот може да се плати со кредитна картичка КУПУВАМ ДОМАШНО, вредносен ВАУЧЕР од 6.000,00 денари

Информации и резервации директно во агенцијата или на следните телефони:
043/700-305; 700 306; моб. 071/250-252; 071/250-253 и 070/218-080
е-mail: balkanturist@gmail.com; www.balkanturist.mk

Grand Blue Fafa Resort

Лето 2020

Grand Blue Fafa Resort 5*****

Драч

Гранд Блуе Фафа Ресорт е најновиот и најпрестижниот хотел во Албанија. Лоциран во областа Long Beach Golem, отворен 2018год, и нуди луксузен и најдобрар сервис. Хотелот е еден од најубавите во во Драчката област, лоциран на Јадранското море, со своја приватна плажа, нуди еден незаборавен одмор на оние кој ке одлучат да ги користат услугите на овој престижен хотел. Хотелот се наоѓа на 10км од Драч, и на 35км од аеродромот во Тирана.

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ПО ЛИЦЕ НА ДЕН, НА БАЗА ПОЛН ПАНСИОН

Во цените е вклучено:
Појадок, ручек, вечера, 1 пијалок за време траењето на оброците(вино, пиво, негазирани пијалоци, газирани пијалоци, кафе, чај, вода), лажалки и чадори, паркинг, и интернет.

Попусти и доплати:
– Еднокреветна соба +70% од станрадната цена за возрасен
– 1во дете од 0-5,99год – бесплатно (во соба со 2 полноплатежни суми, т.е родители)
– 1во дете од 6-11,99год – 50% попуст
– 2ро дете од 0-1,99 – бесплатно (во соба со 2 полноплатежни суми, т.е родители)
– 2ро дете од 2-11,99год – 50% попуст