Салцбург – Минхен – Дворците на Баварија

Велигден

Салцбург - Минхен - Дворците на Баварија

6 дена / 3 ноќевања / автобус

16 Април СКОПЈЕ – САЛЦБУРГ
Состанок со групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn 11:30 ч и поаѓање за Салзбург во 12:00 ч. Дневно и ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

17 Април САЛЦБУРГ
Пристигање во Салцбург во предпладневните часови. Разглед на градот: градина на Дворецот Мирабел, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил, надбискупска резиденција, најстарите гробишта и најстариот ресторан во Европа од 8 век. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време поаѓање за Минхен. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

18 Април МИНХЕН
Појадок. Панорамски разглед на градот со локален водич: Дворецот Нимфенбург (без влезница), летната резиденција на Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт. Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Минхен со можност за посета на најстарата пивница (Hofbräuhaus München). Враќање во хотел. Ноќевање.

19 Април ДВОРЦИТЕ НА БАВАРИЈА (Ноешванштајн и Линдерхоф) – Оберамергау
Појадок. Факултативно, посета на бајковитиот дворец Ноешванштајн еден од трите дворци на Лудвиг II, подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој го инспирирал Волт Дизни да ги направи препознатливите шпици за бројни цртани филмови. Потоа следи посета на најрепрезентативниот дворец – палатата на Лудвиг II, Линдерхоф (првобитно изграден во време на Максимилијан II за потребите за лов, кој потоа Лудвиг II искажувајќи ја максимално својата екстравагантност го преуредил во рококо стил а своите соби ги позлатил нештедејќи на средства). Целодневното патување низ живописната Баварија завршува со посета на малото гратче Оберамергау, светски познат по традиционалната манифестација Христовото страдање на патот на Голготата, на која се посветени сите мештани за време на подготовките и одржување на свеченоста. Голем број сцени од Христовото страдање се насликани на скоро секоја фасада на куќите од ова мало градче по што е и препознатливо. Во попладневните часови враќање во хотел. Ноќевање.

20 Април МИНХЕН – Светот на Сваровски (Swarovski Kristallwelten), Ватенс – Инсбург
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување за Ватенс. Посета на Музејот на Сваровски кристалите. Сваровски е водечки светски произведувач на брусени кристали ширум светот, а нивните кристали се дел и од креациите на повеќе познати светски дизајнери. По завршување на обиколката на магичниот свет од кристали со импозантен влез, зелен брег во форма на глава со очи од кристали и уста од која извира водопат, можност за купување накит од Сваровски кристалите по фабрички цени во продажниот салон во комплексот. Потоа, прошетка низ еден од наубавите австриски градови Инсбург именуван по реката Ин која поминува низ него. Слободно време. Во попладневните часови заминување за Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

21 Април СКОПЈЕ
Пристигање во Скопје во попладневните часови.

Цена во претпродажба до 15.02.2020: 199 евра (12.340,00 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 229 евра (14.200,00 денари)

Цената на аранжманот вклучува:
– Превоз со високотуристички автобус на наведената дестинација
– 3 ноќевања со појадок во хотел 3* Минхен (вон централно подрачје)
– Прошетка низ Инсбург
– Професионален лиценциран пратител за време целото патување
– Организација и реализација на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:
– Разглед на Салцбург 10 еур (задолжителна доплата)
– Разглед на Минхен 10 еур (задолжителна доплата)
– Трошоци за резервација и влезница за Дворците на Баварија (Ноешванштајн и Линдерхоф) и посета на градчето Оберамергау – задолжителна доплата 40 еур
– Посета и влезница за Светот на Сваровски кристалите Swarovski Kristallwelten 35 еур – задолжителна доплата
– Задолжително патничко осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 6.200 ден.

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата
– Организаторот го задржува правото на промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на Балкан Турист Травел Компани

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Напомена: Балкан Турист Травел Компани ќе организира групен трансфер за сите дестинации од: Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Неготино, Струмица, Штип, Велес до местото на поаѓање во Скопје.
Трансферот е комбиниран и групен за сите програми со сигурна реализација и ќе биде во раните утрински часови на денот на поаѓање и во попладневните или вечерните часови на денот на пристигање.
Времето и местото на поаѓање по градови кон Скопје ќе биде дефинирано мин. 1 ден пред датумот на поаѓање и истото ќе биде адаптирано спорд дестинацијата кој има најрано време на поаѓање од Скопје.
Времето на враќање од Скопје кон наведените градови ќе биде дополнително утврдено и за истото патниците ќе добијат информација од пратителот на патување на секоја дестинација во автобус неколку часа пред пристигнување во Скопје.

Велигден во Сараево

Велигден во Сараево 2020

Коњиц – Бункерот на Тито – Мостар – Босански Пирамиди – Високо – Вишеград – Мокра Гора

6 дена / 3 ноќи / автобус

1 ден 16.04.2020 Кавадарци / Скопје
Поаѓање за Сараево во 18:00 часот од Кавадарци од пред Гранична Полција, во 19:30 часот од Скопје, паркинг пред хотел Вип. Се патува преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 17.04.2020 Сараево
Пристигнување во Сараево кој поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност е познат и како „Ерусалим на Европа“. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православна црква, католичка црква и џамија во иста населба. Разглед на градот со локален водич: градската општина, Башчаршија, Којунџилук, посета на најстарата православна црква во Сараево, Катедралата, посета на Латинскиот Мост (кадешто бил извршен атентатот врз Франц Фердинанд кој довел до избувнувањето на Првата светска војна), Величествената Газихусбергова џамија. Слободно време за индивидуални прошетки низ Сараево. Попладне сместување во хотел. Слободна вечер за индивидуална прошетка низ Сараево. Ноќевање.

3 ден 18.04.2020 Сараево – Коњиц (Бункерот на Тито) – Мостар
Појадок. По појадокот можност за фалкутативен излет до Мостар. Попатно посета, на камената ќуприја во Коњиц, посета е бункерот на Јосип Броз Тито во местото Коњиц со локален водич познат Атомска воена команда, се до пред неколку години кога беше официјално отворен за јавноста. Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени, но никој не вложуваше во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија. По посетата на бункерот, Јабланица не пречекува со приказната за „Неретва“. Срушениот мостна Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ, е дел од нашата програма. Групата ќе има можност да го посети местото кадешто е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Во Јабланица ќе го посетиме музејот “Bitka za Ranjenike na Neretvi“. Од Јабланица продолжуваме кон Мостар. Во Мостар групата го разгледува градот со локален туристички водич. Се посетуваат стариот мост, улицата Кујунџи на која се наоѓаат занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. По целосно исцрпување на градот, следува слободно време за ручек во прекрасните традиционални кафеани каде што може срушениот мост од втората светска војна познат како битка на Неретва. Поаѓање кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почуствуваат на секој агол. Попладне враќање на групата во Сараево. Доколку групата сака вечерта организирана посета на црквата Св. Никола во центарот на Сараево поповод Велигден. со автобус – 5 евра по особа. Враќање во хотелот. Ноќевање.

4 ден 19.04.2020 Сараево – Високо (Босански Пирамиди) – Сараево
Појадок. После појадокот поаѓање за Високо каде се наоѓаат Босанските Пирамиди – факултативно. Патниците кои немаат уплатено за посета на Босанските пирамиди остануваат во хотелот и имаат слободен ден за индивидуална прошетка во Сараево. Вечерта организирана посета на една од најдобрите пивници во Сараево. Организиран трансфер со автобус 5 евра по особа. Ноќевање.

5 ден 20.04.2020 САРАЕВО – ВИШЕГРАД – МОКРА ГОРА
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот во 08:30 часот. Заминување на групата за Mакедонија. Попатно посета на Вишеград и Андричев град, како и мостот на Ќуприја. Можност за панорамски разглед со туристички воз Ќиро со локален водич или крстарење и разглед на градот со брод со локален водич – факултативно – 5 евра по особа. Потоа заминување на групата за Мокра Гора.Посета на Дрвен град. Влезница се плаќа на лице место. После посетата патот продолжува за Македонија со попатни паузи за одмор. Ноќно возење. Пристигнување на групата во Македонија во раните утрински часови наредната ден.

6 ден 21.04.2020 Пристигнување во Скопје/Кавадарци во раните утринските часови.

7.590,00 редовна цена
6.900,00 за уплата до 15.03.2020

Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз со високотуристички автобус;
• 3 ноќевања со појадок во Валтер 4* во Сараево;
• разглед на Сараево со локален водич;
• организација и водство на програмата со лиценциран придружник.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Факултативен излет до Коњиц и Мостар,влезница за разглед на Бункерот на Тито со локален водич 60 – 90 минути – 25 евра ( минимум 35 лица за реализација, пријавување при резервација на аранжманот);
• Само факултативен излед до Коњиц и Мостар без посета на Бункерот на Тито
15 евра;
• Факултативен излет од Сараево до Босански пирамиди со влезница за Пирамидите со локален водич – 25 евра;
• Влезница за посета на Дрвен Град во Мокра Гора -250 динари или 2.5 евра (се плаќа на лице место);
• Во Вишеград факултативно крстарење со брод по Дрина или разглед на Вишеград со туристичко бовче Ќиро со локален водич – 5 € по лице;
• Задолжително патничко осигурување си го вадете сами во Осигурителна компанија. Доколку не си извадете и немате патничко осигурување агенцијата не сноси никаква одговороност за евентуалните последици.

Општи напомени:
– ТА Балкан Турист Травел Компани го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата;
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.-Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања;
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање. Може да се патува и со лична карта.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!

Фиренца – Пиза – Чинкветере – Сиена – Сан Џемињано

Велигден

Фиренца - Пиза - Чинкветере - Сиена - Сан Џемињано

6 дена / 3 ноќевања / автобус

16 април (четврток) Скопје – Монтекатини
Состанок на групата во 11:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин. Поаѓање во 11.30часот. Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

17 април (петок) Монтекатини – Пиза – Монтекатини
Пристигнување во пладневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови посета на Пиза. Прошетка по еден од највеличенствените плоштади во Италија – Плоштадот на чудата, Катедралата Дуомо, Крстилиницата Свети Јован, и познатиот симбол – Кривата кула. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

18 април (сабота) Монтекатини – Чинкве Тере (Cinque Terre) – Монтекатини
Појадок. Заминување на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на регионот со локален водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најживописните туристички центри кој задолжително треба да се посети. Враќање во La Spezia. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.

19 април (недела) Монтекатини – Сиена – Сан Џемињано – Монтекатини
Појадок. Предлагаме полудневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni и плоштадот Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio… Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignano dala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIII и XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Монтекатини. Ноќевање.

20 април (понеделник) Монтекатини – Фиренца – Скопје
Појадок. После појадокот заминување за Фиренца – лулката на ренесансата, градот на “Давид“ на Микеланџело, на “Раѓањето на Венера” на Ботичели, градот во кој Данте го започнал создавањето на италијанскиот литературен јазик. Разглед на главниот град на Тоскана: Катедралата Дуомо со автентичната купола – чудо на ренесансната архитектура, Палатата Векио – Градското Собрание, Плоштадот Сињорија – познат по репликата на Микелаџеловиот Давид и Галеријата Уфици која е една од најстарите и најпознати музеи во светот и каде се наоѓаат најпознатите дела на големите мајстори како Ботичели, Џото, Леонардо, Микеланџело, Рафаел, Тицијан… Понте Векио – стариот Мост од 14 век, Палатата Пити…. Во попладневните часoви поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

21април (вторник) Скопје
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА до 15.02: 189 евра (11.720 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 евра (12.960 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел со 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во Монтекатини Терме
– Посета на Пиза
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Целодневен излет на Cinque Terre 45 евра (трансфер со воз, CinqueTerre card до 5-те села, и трансфер од железничка до Корнилија)
– Посета на Сиена и Сан Џемињано 45евра (трансфер, локален водич)
– Задолжителна посета на Фиренца 20 евра
– Туристичка такса во хотел во Монтекатини 3-5 еур по ден
– Задолжително патничко осигурување

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
– За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата
– Организаторот го задржува правото на промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на Балкан Турист Травел КомпаниПасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Напомена: Балкан Турист Травел Компани ќе организира групен трансфер за сите дестинации од: Охрид, Битола, Прилеп , Кавадарци( Дреново) , Неготино, Струмица, Штип, Велес до местото на поаѓање во Скопје.

Трансферот е комбиниран и групен за сите програми со сигурна реализација и ќе биде во раните утрински часови на денот на поаѓање и во попладневните или вечерните часови на денот на пристигање.

Времето и местото на поаѓање по градови кон Скопје ќе биде дефинирано мин. 1 ден пред датумот на поаѓање и истото ќе биде адаптирано спорд дестинацијата кој има најрано време на поаѓање од Скопје.

Времето на враќање од Скопје кон наведените градови ќе биде дополнително утврдено и за истото патниците ќе добијат информација од пратителот на патување на секоја дестинација во автобус неколку часа пред пристигнување во Скопје.

САРАЕВО – КОЊИЦ – МОСТАР – ВИШЕГРАД – МОКРА ГОРА

Велигден

САРАЕВО

КОЊИЦ - МОСТАР – ВИШЕГРАД - МОКРА ГОРА

5 дена / 2 ноќи / автобус

1 ден 17.04.2020 Кавадарци / Скопје
Поаѓање за Сараево во 18:00 часот од Кавадарци од пред Гранична Полција, во 19:30 часот од Скопје, паркинг пред хотел Вип. Се патува преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 18.04.2020 Сараево
Пристигнување во Сараево кој поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност е познат и како „Ерусалим на Европа“. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православ на црква, католичка црква и џамија во иста населба. Разглед на градот со локален водич: градската општина, Башчаршија, Којунџилук, посета на најстарата православна црква во Сараево, Катедралата, посета на Латинскиот Мост (кадешто бил извршен атентатот врз Франц Фердинанд кој довел до избувнувањето на Првата светска војна), Величествената Газихусбергова џамија. Слободно време за индивидуални прошетки низ Сараево. Попладне сместување во хотел. Слободна вечер за индивидуална прошетка низ Сараево. Ноќевање.

3 ден 19.04.2020 Сараево – Мостар – Сараево
Појадок. По појадокот можност за фалкутативен излет до Мостар. Попатно посета, на камената ќуприја во Коњиц, срушениот мост од втората светска војна познат како битка на Неретва. Поаѓање кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почуствуваат на секој агол. Посета и прошетка на: стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, отоманските резиденции од XVI -XIX век, Саат кулата, Караѓорѓева џамија, Коски Мехмед – Пашина џамија. Во попладневни часови враќање во хотел. Вечерта организирана вечера со музика во ресторан (факултативно). Ноќевање.

4 ден 20.04.2020 Сараево – Вишеград – Мокра Гора – Скопје / Кавадарци
Појадок. Поаѓање кон Македонија со попатна посета на Вишеград – Град сместен на бреговите на реката Дрина и Рзав и е најпознат по славниот мост – мостот на Дрина. Факултативен разглед на Вишеград со крстарење со брод со локален водич, Посета на Андричград, град кој го изгради Емир Костурица во чест на познатиот писател и нобеловец Иво Андрич. По посетата продолжуваме кон Мокра Гора. Пристигнување во Мокра Гора. Факултативна посета на Музејот на отворено – Дрвениот град на Емир Костурица. Слободно време за разглед. Ноќно возење со попатни одмори.

5 ден 21.04.2020 Скопје / Кавадарци
Пристигнување во Скопје / Кавадарци во утринските часови.

5.690,00 редовна цена
4.990,00 за уплата до 15.03.2020

Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз со туристички автобус;
• 2 ноќевања со појадок во хотел 3* или 4* во Сараево;
• разглед на Сараево со локален водич;
• организација и водство на програмата со лиценциран придружник.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• факултативен излет до Коњиц и Мостар –15 € (минимум 35 лица за реализација, пријавување при резервација на аранжманот);
• влезница за посета на Дрвен Град во Мокра Гора -250 динари или 2.5 евра (се плаќа на лице место);
• ОРГАНИЗИРАНА ВЕЧЕРА ВО НАЦИОНАЛЕН РЕСТОРАН СО ЖИВА МУЗИКА ТАМБУРАШИ И СВЕЧЕНА ВЕЧЕРА – 25 € (минимум 35 лица, пријавување при резервација на аранжманот);
• Во Вишеград факултативно крстарење со брод по Дрина или со туристичко вовче Ќиро со локален водич – 5 € по лице;
• Задолжително патничко осигурување си го вадете сами во Осигурителна компанија. Доколку не си извадете и немате патничко осигурување агенцијата не сноси никаква одговороност за евентуалните последици;
• влезници за културно-историските споменици;

Општи напомени:
– ТА Балкан Турист Травел Компани го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата;
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања;
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање. Може да се патува и со лична карта.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!

Крф

Велигден

Крф

4 дена / 3 ноќевања

Групата се собира четврток 16.04.2020 на паркингот наспроти хотел Холидеј Инн, во центарот на Скопје. Собир на групата во 19:00 тргнување во 19:30 кон граничниот премин Богородица. Следува ноќно возење со вклучени попатни паузи на секои 3-4 часа. Препорачуваме добар одмор за време на патувањето со цел зачувување на позитивната енергија за утринските часови. Пристигнуваме на пристаништето во Игуменица. Од тука патот го продолжуваме со траект до островот Крф, каде што ќе го доживееме Велигден на еден сосема поинаков начин.

Ден 1 Петок 17.04.2020 – Велики Петок
Веќе сте се расониле со првото фрапе кога сино бистрите води на јонското море почнуваат пред вас да ја откриваат Керкира (градот Крф) и вашиот поглед најпрво ќе го привлече старата тврдина која го чува градот.
Од пристаништето во Крф, не очекуваат уште само 20 минути пат до нашата крајна дестинација Ипсос, кој на прв поглед ќе ви покаже зошто е врвот на фантастичната атмосфера на островот. По сместувањето имате време за одмор, јадење и запознавање на околината. Програмата официјално започнува со првата посета на стариот град КРФ. Велики Петок е денот на Христовото страдање. На Крф, присуството на хоровите и илјадниците странски и домашни посетители дава посебна димензија на овој тажен настан. Додека еден филхармониски оркестар, облечен во црвени униформи, ја свири “Adagio” од Албиниони, друг оркестар го свири “Посмртниот марш” од Шопен. Многуте присутни оркестри, свират тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди.Враќање во Ипсос. Ноќевањe.

Ден 2 Сабота 18.04.2020 – Првото Воскресение
Одморени од долгиот ден и со смирени импресии од првата посета на градот, се подготвуваме за следење на вториот дел, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува утрото. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св. Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турската инвазија од островот. Тој се појавувал напомош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во умот на освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга приказна пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини.

Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“. Од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање.

Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика.
15:00 часот– Враќање во Ипсос. Слободно време за одмор и индивидуални активности.
21:30 часот– Поаѓање кон градот за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото воскресение.
На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение.

Ден 3 Недела 19.04.2020 – Прв ден Велигден – Палеокастрица
Ако природниот рај има име, тогаш на Крф тоа име е Палеокастрица. Место богато со историја, богато со природна убавина, плажа која од која поубава. По пат кон ова легендарно место ќе направиме една пауза за посета на музеј-фабриката Мавроматис. Фабриката го носи името на семејството кое најдолго се занимава со одгледување и произведување на најразлични производи од овошјето кумкват.
Дрвото кумкват потекнува од Јужна Азија и е толку егзотично што во Европа, успева само на Крф и во Шпанија. При нашата посета овде ќе имате прилика да погледнете краток документарен филм. Од него ќе научите малку повеќе за историјата и потеклото на овошјето, неговото преработување и сите производи што произлегуваат од неговата преработка. Најубавиот дел од искуството е секако бесплатната дегустација на ликерите и слатките со разни вкусови. По оваа дегустација полесно ќе можете да се одлучите за омилениот и да си го купите како карактеристичен сувенир од Крф, кој ќе ве потсетува на доживеаното патување.
При нашиот целодневен излет ќе го посетиме 13 века стариот манастир. Овој манастир гледа на Палеокастрица од високо и воодушевува со медитерански шарм. Пред влезот на манастирот во панорамата пред нас се гледа и карпата за која се верува дека е бродот на Одисеј. Легендата вели дека во своето патување кон Итака застанал и на Палеокастрица каде топло бил пречекан од Кралот на Феичаните и неговата ќерка. Во манастирот Дева Марија, покрај прекрасната архитектура и глетки може да го посетите и византискиот музеј. Во него има експонати од манастирот пред неговата обнова, како и малиот музеј за производство на маслиново масло.
Ќе си направиме и уникатни панорамски слики од местото кое не може поубаво да се опише освен со зборовите Bela Vista, каде небото и водата се спојуваат.
Mожност за традиционална прослава со ручек во грчка таверна. Слободно време за одмор. Вечерта можност за забава во некој кафич.
Ноќевање.

Ден 4 Понеделник 20.04.2020 Втор ден Велигден – Палатата Ахилеон
Последниот ден на островот го резервираме за посета на палатата Ахилеон. Напуштање на собите во Ипсос до 10:00 ч. по што се упатуваме кон селото Гастури каде се наоѓа оваа палата. Оваа палата е изградена од Австро-унгарската императорка, Елизабета позната како принцезата Сиси. Оваа палата била користена како нејзина летна резиденција се до нејзината трагична смрт. По нејзината смрт останала напуштена до 1907 год, кога ја купува Кајзер Вилхем 2 од Германија.
Во денешно време е музеј со прекрасна градина, скулптури, фрески и други уметнички дела. Тие ќе ни ја откријат митологијата и историјата на островот со доволно приказни што ќе ни останат во сеќавање долго и по пристигнувањето дома. Во меморијата сигурно ќе ви се вреже и приказната за животот на императорката која откако ги губи своите деца станува опседната со одржување на својата младост, фигура и убавина и за таа цел преземала драстични мерки. Патувајќи сама и барајќи го својот мир, наоѓа восхитување во грчката митологија, култура и јазик. Токму затоа во архитектурниот стил на палатата како главна тема се провлекува јунакот Ахил. Токму затоа и самата палата го добива неговото име.
Посетата на Палатата е факултативна, кој не сака ова време го користи за прошетка низ градот Крф.
15:00 часот– Го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје.
Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.

Цена за рана уплата до 15.02.2020: 6.140 мкд (99€)
ЦЕНА НА АРАНЖМАННОТ: 7.380 мкд (119€)

Aранжманот ВЕЛИГДЕН НА КРФ вклучува:
– Автобуски превоз Скопје- Игуменица- Скопје
– Превоз со траект Игуменица – Крф – Игуменица
– Сместување во приватни вили 3 ноќи/4 дена
– Три организирани посети на градот Крф, со превоз со цел следење на процесијата и прославата за Христовото воскресение
– Професионален придружник од агенцијата за време на целото патување и сите активности
– Организирана вечерна забава во Ипсос

Aранжманот ВЕЛИГДЕН НА КРФ не вклучува:
– Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис (15 евра)
– Празничен ручек во традиционална таверна
– Организиран превоз и влезница во Палатата Ахилион, Палатата на Сиси 15 евра
– Патничко осигурување – 250 ден.

Љубљана

Велигден

Љубљана

БЛЕД - БОХИЊ - ПОСТОИНА - ЗАГРЕБ - ПЛИТВИЦЕ

6 дена / 3 ноќевања / автобус

16 Април СКОПЈЕ – ЉУБЉАНА
Состанок на група во 18:00 часот на Дрводекор, поаѓање во 18:30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

17 Април ЉУБЉАНА
Пристигнување во Љубљана во утринските часови.. Панорамски разглед на Љубљана со локален туристички водич: Симболот на градот-Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Сместување во хотел. Слободно време за одмор ииндивидуални активности. Ноќевање.

18 Април ЉУБЉАНА – БЛЕД – БОХИЊ – ЉУБЉАНА
Појадок. Предлагаме целодневна факултативна посета на Блед, бисерот на Словенските Алпи,вистинско богатство на природата опкружено со планинските врвови. Се посетува Бледската тврдина од каде се простира раскошен поглед на езерото. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите бледски кремпити. Факултативно, можност да се возите со трационален чамец-плетно по Бледското Езеро до единствен природен остров во Словенија. Тука можете да ја посетите барокната Црква „Света Марија“ во која се наоѓаат одлично сочувани фрески, како и да заѕвоните за среќа и исполнување на желбите на прочуеното „Ѕвонче на желбите“, изградено 1534 година во Падова кое со својата атракција привлекува многу туристи. Во попладневните часови заминување кон сликовитите Алпски предели на Бохињското Езеро. Слободно време за прошетка покрај езерото, камениот мост и Црквата на Свети Јован Крстител. Враќање во хотелот во Љубљана. Ноќевање.

19 Април ЉУБЉАНА – ПОСТОЈНА – ЗАГРЕБ
Појадок. Заминување на групата кон Постоинска Јама, најголемата геолошка атракција во Словенија и најголемата пештера во Европа. Според натписите во пештерата, првите туристи ја посетиле уште во 13. век. Постоинска Јама претставува сплет од 20 километри подземни тунели, галерии и сали, а за туристите се отворени 5300 метри површина. Пештерата е богата со подземен биолошки свет, а најпозната е човечката рипка која го добила името по бојата која потсетува на човечката кожа. Во пладневните часови заминување на групата кон Загреб. Сместување во хотел. Слободно време за краток одмор, а потоа организиран разглед на градот со локален туристички водич. Ноќевање.

20 Април ЗАГРЕБ – ПЛИТВИЦЕ – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување на групата кон Плитвичките Езера, најголемиот национален парк во Хрватска прогласен во 1949 година, а од 1979 година е вклучен во списокот на УНЕСКО на светско наследство. Има околу 16 прекрасни Плитвички Езера чија должината е 8 километри, а висината на најголемиот водопад е 20 метри. Во попладневните часови заминување на групата кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Македонија во ноќните часови.

Цена во претпродажба до 29.02.2020 : 190 евра / 11.780,00 денари

ЦЕНА НА АРАНЖАМНОТ: 219 евра

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација;
– Две ноќевања со појадок во хотел 3* во Љубљана;
– Едно ноќевање со појадок во хотел 3* во Загреб;
– Локален туристички водич за сите излети вклучени во програмата;
– Организација и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативен излет до Блед и Бохињ со локален водич-15 евра;
– Влезница во Постоинска Јама-30 еврa (вклучена влезница и локален водич);
– Влезница за Плитивичките Езера-30 евра (вклучена влезница и локален водич);
– Туристичка такса во Љубљана (се плаќа на рецепција во хотелот);
– Доплата за еднокреветна соба – 80 евра;
– Можност за пловидба со чамец по Бледското Езеро;
– Влезница во црквата „Света Марија“ на Блед;
– Задолжително патничко осигурување.

Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници;
– За овој програм важат Општите услови на патување на Балкан Турист Травел Сервис;
– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање;
– Т.А.Балкан Турист Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
– Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање;
– Пасошот треба да важи минимум 4 месеци од завршувањето на патувањето.

Напомена: Балкан Турист Травел Сервис ќе организира групен трансфер за сите дестинации од: Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Неготино, Струмица, Штип, Велес до местото на поаѓање во Скопје.
– Трансферот е комбиниран и групен за сите програми со сигурна реализација и ќе биде во раните утрински часови на денот на поаѓање и во попладневните или вечерните часови на денот на пристигање;
– Времето и местото на поаѓање по градови кон Скопје ќе биде дефинирано мин. 1 ден пред датумот на поаѓање и истото ќе биде адаптирано спорд дестинацијата кој има најрано време на поаѓање од Скопје;
– Времето на враќање од Скопје кон наведените градови ќе биде дополнително утврдено и за истото патниците ќе добијат информација од пратителот на патување на секоја дестинација во автобус неколку часа пред пристигнување во Скопје.

Виена

Велигден

Виена

Автобус / 5 дена / 2 ноќевања

16 април (четврток) СКОПЈЕ – ВИЕНА
Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 14:00 часот. Тргнување за Виена во 14:30 часот. Се патува преку граничен премин Табановце и Србија, Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

17 април (петок) ВИЕНА
Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан и Штефанплац, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере (без влез), Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот… Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

18 април (сабота) ВИЕНА – ВИЕНСКИ ШУМИ
Појадок. Факултативна можност за полудневен излет Виенски Шуми, со посетa на најголемото подземното езеро Зегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер. Потоа се продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и завршува во живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

19 април (недела) ВИЕНА – ШЕНБРУН
Појадок. Факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Хабзбуршката монархија, кој говори за животот на многу познати личности како Франц Џозеф, Марија Антоанета и др. Посетен од милиони туристи годишно, палатата заедно со неговите градини е една од најголемите туристички атракциии во Виена. Во договорено време заминување за Скопје, со попатна посета на Designer Outlet Parndorf. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

20 април (понеделник) СКОПЈЕ
Пристигање во Скопје во предпладневните часови.

Цена во предпродажба до 15.02.2020: 8.620 денари (139 евра)
ЦЕНА НА АРАНЖМАН: 9.860 денари (159 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
– Сместување во Хотел 3* во Виена на база 2 ноќевања со појадок
– Посета на Designer Outlet Parndorf
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Организиран разглед на Виена 10 еур ( задолжителна доплата)
– Виенски Шуми 30 еур ( полудневен излет за мин. 25 пријавени лица)
– Посета на Шенбрун со вклучена влезница 40 евра
– Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден
– Задолжително патничко-здравствено осигурување
– Влезници во музеите и културно – историските споменици

Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
– За овој програм важат Опшите Услови на патување на Балкан Турист Травел Компани.
– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
– Балкан Турист Травел Компани го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
– Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Напомена: Балкан Турист Травел Компани ќе организира групен трансфер за сите дестинации од: Охрид, Битола, Прилеп , Кавадарци (Дреново) , Неготино, Струмица, Штип, Велес до местото на поаѓање во Скопје.
– Трансферот е комбиниран и групен за сите програми со сигурна реализација и ќе биде во раните утрински часови на денот на поаѓање и во попладневните или вечерните часови на денот на пристигање.
– Времето и местото на поаѓање по градови кон Скопје ќе биде дефинирано мин. 1 ден пред датумот на поаѓање и истото ќе биде адаптирано спорд дестинацијата кој има најрано време на поаѓање од Скопје.
– Времето на враќање од Скопје кон наведените градови ќе биде дополнително утврдено и за истото патниците ќе добијат информација од пратителот на патување на секоја дестинација во автобус неколку часа пред пристигнување во Скопје.

Прага, Дрезден и Виена

Велигден

Прага, Дрезден и Виена

Автобус

16 април (четврток) СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 13:00 часот. Тргнување за Прага во 13:30 часот. Се патува преку Р. Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

17 април (петок) ПРАГА
Пристигнување во Прага околу пладне. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Старо место: Карловиот мост, споменикот на Карло IV, Вацлавскиот плоштад, Староградскиот плоштад со познатиот астрономски часовник – Орлој, градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Карло IV, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито, Претседателската палата… Сместување во хотел. Ноќевање.

18 април (сабота) ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Факултативен излет до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културна елита од 19-ти век. Можност за посета на еден од 12-те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото “мосер”, како и ликерот “беќеровка”. Враќање во Прага во попладневните часови. Вечерта,факултативно крстарење со брод по реката В‘лтава. Ноќевање.

19 април (недела) ПРАГА – ДРЕЗДЕН
Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет до Дрезден – четвртиот по големина, урбан град во Германија, после Берлин, Хамбург и Келн. Прв пат се именува како град во 1206 година. Поради своето изонредно културно значење исто така се нарекува Фиренца на Елба. Во овој град застапени се многу барокни градби: Операта Земпер, Палатата Цвингер (во која има 5 музеи), протестантската Богородична црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата (денешниот државен музеј каде се чува Зелениот трезор), палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), делот на некогашниот градски ѕид, Августовиот мост… Враќање во Прага во вечерните часови. Препорачуваме посетна на национален ресторан – пивница. Ноќевање.

20 април (понеделник) ПРАГА – ВИЕНА – СКОПЈЕ
Појадок. Патувањето продолжува кон Виена. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Oперата, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата Вотив, зимскиот дворец Хофбург. Слободно попладне до тргнување за Скопје во попладневните часови. Ноќно возење преку Унгарија и Србија со куси попатни паузи. Пристигнување во Скопје следниот ден во пладневните часови.

Цена во претпродажба до 15. февруари: 9.610 денари (155€)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 10.850 денари (175€)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација;
– Сместување во хотел 3*** во Прага на база 3ноќевања со појадок;
– Организиран разглед на Виена;
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Разглед на Прага со локален водич 10 евра;
– Крстарење со брод по В’лтава 15 евра;
– Излет до Карлови Вари 25 евра;
– Факултативна посета на Дрезден 30 евра;
– Вечера во национален ресторан – пивница 35 евра;
– Задолжително патничко-здравствено осигурување.

Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници;
– Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат;
– За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот;
– За овој програм важат Опшите Услови на патување на Балкан Турист Травел Компани;
– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:
Т.А. Балкан Турист Травел Компани го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

Напомена:
Балкан Турист Травел Компани ќе организира групен трансфер за сите дестинации од: Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Неготино, Струмица, Штип, Велес до местото на поаѓање во Скопје.
Трансферот е комбиниран и групен за сите програми со сигурна реализација и ќе биде во раните утрински часови на денот на поаѓање и во попладневните или вечерните часови на денот на пристигање.
Времето и местото на поаѓање по градови кон Скопје ќе биде дефинирано мин. 1 ден пред датумот на поаѓање и истото ќе биде адаптирано спорд дестинацијата кој има најрано време на поаѓање од Скопје.
Времето на враќање од Скопје кон наведените градови ќе биде дополнително утврдено и за истото патниците ќе добијат информација од пратителот на патување на секоја дестинација во автобус неколку часа пред пристигнување во Скопје.

Букурешт и Трансилванија

Велигден

Букурешт и Трансилванија

4 дена / 2 ноќевања

Романија — земја во југоисточна Европа. Граничи со Украина и Молдавија на североисток, со Унгарија и Србија на запад и со Бугарија на југ (по должината на реката Дунав). Романија на исток има мал излез на Црно Море. Источните и јужните Карпати минуваат низ централниот дел на земјата. Главниот град на Романија е Букурешт.
Членка е на НАТО од 2004 година. На 25 април 2005, во Луксембург, Романија потпиша договорот за членство во Европската Унија. Полноправен член е од 1 јануари 2007, заедно со Бугарија.
Романија се смета за латински остров во океанот од Словени. Името на оваа земја потекнува од името на градот Рим (Рома), или од името на Источното римско царство
Името Романија доаѓа од романскиот збор роман (român) кој пак потекнува од латинскиот назив Romanus. Во 16 век повеќе автори нагласиле дека населението се нарекува како „романи“.
Првиот документ напишан на романски јазик било писмото Неакшу каде за прв пат во пишана форма се употребува зборот „романски“.

Ден 1. 16.04.2020 четврток Скопје – Букурешт
Собир на групата кај Дрво декор на паркингот наспроти Хотел Холидеј Инн. Поаѓање кон Романија. Ноќно возење преку Бугарија до Романија.

Ден 2. 17.04.2020 петок Букурешт
Очекувано пристигнување во утринските часови во Букурешт по што веднаш се започнува со разглед на градот.

Парламентот
Започнуваме со разглед на Букурешт со водич и се упатуваме кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело.

Плоштадот на Револуцијата
Плоштадот на Револуцијата е следното место на посета. Тука ќе се запознаваме со неизбежната богата историја на Букурешт. Овој плоштад стана светски познат кога ТВ станиците насекаде низ глобусот ги пренесоа последните моменти на власт на Николај Чаушеску. Точно тука, од својот балкон на поранешните простории на Комунистичката партија, тој сведочеше во неверување како бесната маса на луѓе се свртува против него. Протестот избега од контрола, а Чаушеску избега од него со својот хелихоптер. Плоштадот е опколен со важни знаменитости: Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија.

Calea Victoriei
Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“ заради тоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилваниа. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции. Паралелно од нас мирно тече притоката на Дунав, реката Дамбовица. Повторно застануваме на еден од најголемите плоштади во центарот на градот, плоштадот Унири, од каде ги посетуваме Метрополитската црква- Патријаршијата, инспирирана од манастирот Куртеа де Агрес , со византиски ентериер и импозантни иконостаси, како и седиште на врховниот водач на православната Романска црква.

Куртија Веке
Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата шармантна област Липскани. Во историскиот дел од оваа област во кој се пронајдени докази за староседелците на Bukuresti , се верува дека подземно имал зандани во кои Влад Дракула ги чувал своите затвореници. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која 2 века служела за крунисување на Романските принцови. Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал.
Сместување во хотел. Слободно време за одмор.
Вечерна организација: Организирана прошетка низ стариот дел на градот, со организиран превоз и придружник –(Факултатива – 5 евра) Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 3. 18.04.2020 сабота Термални Бањи и Дочек на Велигден
Појадок. Околу 11 часот факултативно заминување кон Термалните Бањи кој се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на само 30 км од ценарот на градот
Дозволете си едно поинакво утро во неколку часовно целосно опуштање во Термалните Бањи. Располага со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за да избегнете од секојдневниот градски живот. Враќање во хотел во договорено време, слободно време за одмор. Вечерта околу 21:30 собир на групата пред хотелот и сите заедно се упатуваме во една од православните цркви во Букурешт да ја проследиме целосната церемонија за Велигден. Ноќевање.

Ден 4. 19.04.2020 недела Пелеш, Бран и Брашов
Појадок. По појадокот се упатуваме на факултативен излет кон Трансилванија. Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов.

Пелеш
Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновковна патека помеѓу Трансилваниа и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал, е комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки, канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло, таписерии, кинески порцелан… Преку 6,000 парчиња кои ви го одземаат здивот.

БРАН „домот на Дракула” Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа (Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.

Брашов
Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати. Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза / порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год.
Враќање во хотелот во Букурешт во доцните вечерни часови. Ноќевање.

Ден 5. 20.04.2020 понеделник Букурешт – Скопје
Појадок и напуштање на собите. Се упатуваме во трговскиот центар AFI Cotroceni каде што имаме слободно време за шопинг.
Поаѓање за Македонија во 14:00ч.

Очекувано пристигнување во Скопје, во раните утрински часови на 21.04 вторник.

Цена за рана уплата до 15.02.2020: 120 € (7.440мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 145 € (8.990 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз на релација Скопје – Букурешт – Скопје
– 3 Ноќевања со појадок во Хотел Andy Hotel 3***
– Разглед на градот Букурешт со водич
– Пратител и организација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативна вечерна организација (прошетка низ стариот дел на градот, со организиран превоз и придружник) – 5€
– Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (30 евра превоз и влезница за бањите со користење на сите простории)
– Факултативен излет „Трансилванија“: Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на местото Бран со истоимениот Замок на Дракула (Влезницата за замокот не е вклучена. Цената за возрасни 40 леи за студенти 25 леи) и посета на градот Брашов (со превоз и пратител) – возрасни 35€ – студенти 30€
– Патничко осигурување – 250 мкд.

Истанбул со Принцеските Острови

Велигден

Истанбул со Принцеските Острови

Автобус 5 дена / 3 ноќевања

16 април (четврток) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 16:00 часот. Тргнување за Истанбул во 16:30 часот. Се патува преку Грција со попатни паузи. Ноќно возење.

17 април (петок) ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија… Посета на Вселенската патријаршија. . Факултативно возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Факултативно, посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата Мостот, Девојачката Кула… Сместување во хотел. Во попладневните часови, факултативно посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор…Европа – Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси свежа риба во некои од познатите ресторани. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

18 април (сабота) ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ
Појадок. Факултативна посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители…Прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од сите страни, каде може да се посети и со векови забранетата зона, Султановиот Харем…Подземната Цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина… посета на Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини.. Предлагаме, факултативна посета на Кула Галата симболот на Цариград, изградена во 528 год. за време на Јустинијан. Кулата е со кружна основа, сместена врвот на ридот нпомежу Златен Рог и Босфор. Обновена е во 1990 година и од тогаш е отворена за посетители. Можност да се вкуси традиционалниот специјалитет Balik ekmek (риба во леб) на Еминону. Во вечерните часови заминуваме во Вселенската Патријаршија за Христовото Воскресение. Ноќевање.

19 април (недела) ИСТАНБУЛ – ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ И ПРИНЦЕСКИТЕ ОСТРОВИ
Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Потоа, предлагаме факултативна посета на Принцески Острови (Büyükada,Heybeliada, Burgazada…) – архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². каде живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила, а како основно средство за превоз се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата на турската воена морнарица…Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија. Во вечерните часови, вечера во Национален Ресторан, за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Ноќевање.

20 aприл (понеделник) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Прошетка низ плоштадот Таксим и најпознатата шопинг улица Истиклал, можност да се вкуси традиционална турска баклава и чај. Потоа, факултативно – посета на МИНИАТУРК – минијатурен парк отворен во 2003 година, со површина од 60000 м2, најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25. Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум. Tргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Грција, со попатни паузи. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

Цена за рана уплата до 10. Март: 8.620 денари (139 евра) со вклучен разглед!!!
ЦЕНА НА АРАНЖМАН: 9.240 денари (149 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со модерен туристички автобус;
– Сместување во хотел со 3*** на база 3 ноќевања со појадок;
– Организиран разглед на Истанбул;
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Крстарење со брод по Босфор 20евра;
– Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција 20 евра;
– Посета на Азискиот дел Ускудар – Белербеј, низ подводниот тунел Мармарас 10 евра;
– Влезници во локалитетите Аја Софија 20евра, Топ Капи 20 евра;
– Yerebatan Sarayı (Потонетата Палата) 10 евра;
– Посета на Долма Бахче Сарај (водич, влезница) 30евра;
– Посета на Принцес Острови 15 евра;
– Вечера во национален ресторан 30 евра;
– Кула Галата 15 евра;
– Посета на Минијатурк 10 евра;
– Дoплата за 1/1 соба 2.400 денари;
– Задолжително патничко – здравствено осигурување.

Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници;
– За овој програм важат Опшите Услови на патување на Балкан Турист Травел Компани;
– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 мкд.

Општи напомени за патување:
Т.А. Балкан Турист Травел Компани го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Валидноста на патните исправи се обврска на патниците. Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!