Валона

11ти октомври

Валона

3 дена / 2 ноќевања - Автобус

Градот Валона се наоѓа во југозападниот дел на Албанија, на граница меѓу Јадранско и Јонско море. Во изминатите неколку години градот бележи експанзија на полето на туризмот. Во центарот на Валона може да се посети градскиот плоштад и Споменикот на независноста а во пошироката околина тврдината Канина која во XII век како епархија била дел од Охридската архиепископија.Валона има многу сончеви денови во годината и затоа сезоната за капење во море трае од крајот наАприл па се до Октомври. Насекаде има плажи со европски шмек, пабови и барови со музика во текот на целиот ден.

10 oктомври (сабота) КАВАДАРЦИ – СКОПЈЕ – ЕЛБАСАН – ВАЛОНА
Состанок на групата на паркингот спроти гранична полиција – Кавадарци. Во Скопје на паркингот кај хотелот “Holiday Inn”, во 01:30 часот. Тргнување за Валона во 02:00 часот. Се патува преку граничен премин Ќафасан со попатни паузи. Посета на Елбасан, четвртиот град по големина во Албанија, претставува центар за производство на маслиново масло, жито и тутун. Во договорено време поаѓање за Валона и сместување во хотел. Ноќевање.

11 октомври (недела) ЗВЕРНЕК
Појадок. Слободно време за разглед на Валона. Можност за факултативна посета на манастиорот Звернек, посветен на Пресвета Богородица. Манастирот се наоѓа на многу мал и живописен остров, прекриен со борова шума. До него се доаѓа со пешачење по дрвен мост долг 270 метри што претставува незаборавно доживување и можност за прекрасни фотографии. Организирана вечера (факултативно) во ресторан. Ноќевање.

12 октомври (понеделник) ВАЛОНА – БЕРАТ – СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ
Појадок. Поаѓање за Македонија со попатна посета на Берат наречен “Градот на илјада прозорци; поради големите прозорци кои ги красат градските куќи. Град со прекраснo испреплетена архитектура со христијански и муслимански обележја, многу религиозни објекти: џамии, цркви (Св. Троица, Св. Илија…) кои припаѓаат на Албанската православна црква, која прогласила автокефалност во Белград, во 1922 година. Во договрено време тргнување за Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

За уплата до 28 септември: 4.900 денари (79 евра)
Цена на аранжманот: 5.520 денари (89 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со модерен туристички автобус
– Сместување во хотел 3*/4* во Валона на база 2 ноќевања со појадок
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Организирана вечера – 15 евра
– Посета на манастиорот Звернек – 10 евра
– Туристичка такса.Задолжително патничко – здравствено осигурување

Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници.
– За овој програм важат Опшите Услови на патување на Балкан Турист Травел Компани.
– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари.

Т.А. Балкан Турист Травел Компани. го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Во Албаниа се патува со пасош и лична карта…

Берат – Драч – Скадар – Тирана – Елбасан

11ти Октомври

Берат - Драч - Скадар - Тирана - Елбасан

Автобус 09/12.10.2020

Драч претставува најголемо пристаниште и најстар град во Албанија со 3.000 години долга историја, за што говорат бројните археолошки наоѓалишта и локалитети. Денес е модерен град со околу 120.000 жители и туристички центар со модерни згради, хотели и угостителски објекти.

09 октомври (петок) Кавадарци – Скопје – Берат – Драч
Состанок на групата кај Гранична полиција во 11:30 ч. Во Скопје на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 01:30 часот. Поаѓање за Албанија во 02:00 часот. Се патува преку граничен премин Ќафасан со попатни паузи. Пристигнување во Берат наречен “Градот на илјада прозорци” поради големите прозорци кои ги красат куќите. Град со прекраснo испреплетена архитектура со христијански и муслимански карактеристики, многу религиозни објекти: џамии, цркви (Св. Троица, Св. Илија…) кои припаѓаат на Албанската православна црква, чијашто автокефалност била прогласена во Белград, во 1922 година. Разглед на градот и неговите најзначајни знаменитости. Во договорено време поаѓање кон Драч. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

10 октомври (сабота) – ДРАЧ
Појадок. Разглед на градот и неговите културно – историски знаменитости: националниот музеј, римскиот Амфитеатар, шеталиштето долж брегот… Драч претставува најголемо пристаниште и најстар град во Албанија со 3.000 години долга историја, за што говорат бројните археолошки наоѓалишта и локалитети. Денес е модерен град со околу 120.000 жители и туристички центар со модерни згради, хотели и угостителски објекти. Слободно попладне. Ноќевање.

11 октомври (недела) ДРАЧ – СКАДАР – ТИРАНА – ДРАЧ
Појадок. По појадокот, факултативно, посета на Скадар – познат како центар на католицизмот во Албанија и совршен пример каде различните религии живеат сложно заедно. Главна знаменитост на градот е тврдината Розафа изградена во 3 век п.н.е. од која има прекрасен панорамски поглед на најголемото природно езеро на Балканскиот полуостров – Скадарско езеро. Градот е полн со зеленило, широки улици, кафе барови, градби со медитеранска и ориентална архитектура. Во договорено време заминување од Скадар и посета на Тирана. Прошетка низ центарот каде се сместени: плоштадот Скендербг, Операта, Џамијата Етем беј, Националната библиотека, Часовната кула симбол на градот, остатоците на Јустинијановата тврдина, културниот центар, поранешниот музеј на Енвер Хоџа, националниот историски музеј… Вечерта, враќање во Драч. Ноќевање.

12 октомври (понеделник) ДРАЧ – ЕЛБАСАН – СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ
Појадок. Посета на Елбасан, четвртиот град по големина во Албанија, претставува центар за производство на маслиново масло, жито и тутун. Во договорено време поаѓање кон Македонија и пристигнување во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот за уплата до 18 Септември: 7.380 денари (119 евра)
Цена на аранжманот : 8.000 денари (129 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
-Превоз со модерен туристички автобус
-Сместување во хотел 4* во Драч на база 3 ноќевања со појадок
-Посета и разглед со водич на Берат и Драч
-Посета на Елбасан
-Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-Посета и разглед со водич на Скадар и Тирана – 25 евра
-Задолжително патничко – здравствено осигурување

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници (75% од капацитетот на автобус).
За овој програм важат Опшите Услови на патување на Балкан Турист Травел Компани.
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари.
Т.А.Балкан Турист Травел Компани го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. Во Албанија се патува со пасош или лична карта.

Античка Турција

11ти Октомври

Античка Турција

КУШАДАСИ – ТРОЈА – ЕФЕС

КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА – ИЗМИР

1 ден 09.10.2020 Кавадарци Скопје – Кушадаси
Состанок на групата кај гранична полиција Кавадарци во 08:00 часот. Велес во 08:30 бензиска Макпетрол на излезот. Скопје на паркингот спроти хотел Холидеј Инн во 10.00 часот. Поаѓање за Кушадаси во 10:30 преку Р.Бугарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор, гранични и царински формалности.

2 ден 10.10.2020 ТРОЈА – КУШАДАСИ
Во утинските часови преминување на Дарданелите со брод од Гелиболу до Чанакале. Патувањето продолжува со попатна посета на античкиот град Tроја познат по Тројанската војна опеана во познатото дело на Хомер „Илијада”. По завршување на посетата патувањето продолжува кон Кушадаси. Пристигање во пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки низ стариот дел на градот, чаршијата . Ноќевање.

3 ден 11.10.2020 КУШАДАСИ – Ефес – Куќата на Дева Марија – Храмот Артемида – црквата Св.Јован – Кушадаси
Појадок. По појадокот, следи факултативна можност за целодневен излет и посета на античкиот град Ефес, кој бил трет по големина град во Римската Империја, куќата на Дева Mарија каде мајката божја ги проживеала последните 7 години од својот земски живот, ѕидот на желбите, црквата на Св. Јован во Селџук и Храмот на Артемида, едно од седумте чуда на Стариот век. Во попладневните часови враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

4 ден 12.10.2020 КУШАДАСИ – ПАМУККАЛЕ
Појадок. По појадокот факултативна можност за посета на Памуккале место феномен, каде природата ги покажала своите најголеми уметнички можности создавајки плитки каскадни базени .Посета на античкиот град Хиераполис познат уште од 2 век п.н.е како термално лекувалиште именувано по Божицата Хера. Посета на познатите извори на Клеопатра каде некогаш познатата Кралица уживала во термалните води.Враќање во хотел во доцните попладневните часови. Ноќевање.

5 ден 13.10.2020 (вторник) КУШАДАСИ – ИЗМИР – Скопје
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Скопје со попатна посета и разглед на Измир со локален водич: централниот градски плоштад Конак каде се наоѓа симболот на градот-Саат Кулата, изградена во 1901 година по повод 25-годишнината од владеењето на султанот Abdulhamid II, трговскиот дел на Измир – најпознатиот Kemeralti Bazar каде на едно место Ви се нуди се што ќе посакате да купите: текстил, облека, зачини, злато… Од овој дел на Измир, а е поделен на два дела, со фериброд се поминува во областа Каршијака, или како уште се нарекува богатиот дел на Измир. На влезот во најпрометната улица Ќемал Паша минувачите ги дочекаат две статуи на девојки кои се ослободуваат од велот и со тоа ја симболизираат слободата на жената. Слободно време за прошетка и шопинг .Во договорено време заминување кон Македонија, преку Бугарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор како и за гранични и царински формалности.

6 ден 14.10.2020 (среда) Скопје
Пристигнуње во Скопје во предпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 еур/ 11.720 мкд. за уплата до 14.09.2020
Редовна цена: 209 еур/ 12.950 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:
· Автобуски превоз на дадената релација по програмата
· Бродски превоз Гелибулу- Чанакале- Гелиболу
· Сместување во хотел со 3* во Кушадаси на база 3 ноќевања со појадок
· Организација и пратител патувањето

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
· Посета на античка Троја и Тројанскиот коњ – 20 еур (задолжителна доплата)
· Целодневен излет Ефес, куќата на Дева Марија, Храмот на Артемида и црквата Св.Јован Апостол во Селџук – 40 еур
· Разглед на Измир – 10 еур (задолжителна доплата)
· Целодневен излет Памуккале – 40 еур (без влез за базените на Клеопатара)
. Доплата за еднокреветна соба – 3.720,00 денари
· Влезници за посета на културно – историските споменици кои не се предвидени по програмата

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
За овој програм важат Опшите Услови на патување на Балкан Турист Травел Компани.
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
Т.А.Балкан Турист Травел Компани го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. . Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на активностите по програмата за патување, како и во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл.
Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето !

Поаѓање: Кавадарци – 08:00 ч. Гранична полиција
Велес – 08:30 ч. Бензиска „Макпетрол“ на излез
Скопје – 10.00 ч. Паркинг кај Холидеј Ин

Истанбул

11 октомври

Истанбул

Автобус 09/12.10.2020

Царската престолнина на два континенти

Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина и историја, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности.
Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од неофицијално над 20 милиони жители.

09 октомври (петок) Кавадарци – Скопје – Истанбул
Состанок на групата на паркингот кај УЈП – Кавадарци во13:15 часот.Поаѓање во 13:30 часот. Во Скопје спроти хотелот “Holiday Inn”, во 15:00 часот. Тргнување за Истанбул во 15:30 часот. Се патува преку Р.Бугарија – граничен премин Деве Баир со попатни паузи. Ноќно возење.

10 октомври (сабота) ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија, Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини…Посета на Вселенската патријаршија. Потоа, факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја. Потоа, предлагаме факултативно возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот.Сместување во хотел. Во попладневните часови, факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор…Европа – Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

11 октомври (недела) ИСТАНБУЛ – ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ И ПРИНЦЕСКИТЕ ОСТРОВИ
Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Потоа, предлагаме факултативна посета на Принцески Острови (Büyükada,Heybeliada, Burgazada…) – архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². каде живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила, а како основно средство за превоз се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата на турската воена морнарица…Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија. Во вечерните часови, вечера во Национален Ресторан, за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Ноќевање.

12 октомври (понеделник) ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ
Појадок и напуштање на хотел. Факултативна посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители…Прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкружена со море од сите страни… Подземната Цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина. Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум. Tргнување за Македонија во попладневните часови. Се патува преку Р.Бугарија со попатни паузи. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови .

Цена на аранжманот: 4.900 денари
(79 евра) за уплати до 18.септември
Редовна цена на аранжманот: 5.520 денари (89 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со модерен туристички автобус
• Сместување во хотел со 3*** на база 2 ноќевања со појадок
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Панорамски разглед на Истанбул – 10 евра (задолжителна доплата)
• Крстарење со брод по Босфор – 15 евра
• Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција – 20 евра
• Посета на Азискиот дел Ускудар – Белербеј, низ подводниот тунел Мармарас 10 евра
• Посета на Долма Бахче Сарај (водич, влезница) – 30 евра
• Принцески острови – 15 евра
• Вечера во национален ресторан – 30 евра
• Влезници во локалитетите Аја Софија – 20 евра, Топ Капи – 20 евра
• Yerebatan Sarayı (Потонетата Палата) – 10 евра
• Доплата за еднокреветна соба 1.860 денари
• патничко здравствено осигурување – задолжително е да се поседува, инфо во агенција.

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
За овој програм важат Опшите Услови на патување на Балкан Турист Травел Компани од Кавадарци.Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.Т.А. Балкан Турист Травел Компани го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. . Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на активностите попрограмата за патување, како и во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето