Москва

Нова Година 2020

МОСКВА

30.12.-04.01.2020

6 дена – 5 ноќевања /со лет од/до Белград

1 ден (30.12.2019) БЕЛГРАД – МОСКВА
Состанок на групата на аеродром Никола Тесла два часа пред поаѓање во 16:10 часот. Лет со авиокомпанијата Air Serbia во 18:10 часот (лет JU 654). Слетување на аеродромот во Москва -Шереметјево во 23.05 часот.Сместување во хотел.Ноќевање.

2 ден(31.12.2019) МОСКВА
Појадок . Панорамско разгледување на градот со автобус (без влез во објекти): центарот на градот, Црвениот плоштад, Кремљ, Црквата на Василиј, Бољшој театарот, Црква на Исус Христос Спасисителот. Навечер одење до Црвениот Плоштад (со метро, со водич), каде традиционално со гоолем огномет се пречекува Новатата Година. Ноќевање.

3 ден(01.01.2020) МОСКВА
Појадок. Поаѓање на факултативна екскурзија кон Сергиев Посад (поранешен Загорск, 70 километри од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комплекси, како и поранешна резиденција на рускиот патријарх. Потоа, разглед на Тројствената лавра на Св.Сергеј. Слободно време Во вечерните часови, факултативна посета на Московското Метро, на неколку најубави метро станици, кои се налик музеи со бројни мозаици, скулптури, итн., Новодевичанскиот Манастир, видиковецот Врапчево брдо, Универзитетот „Ломоносов”, Паркот на победата. Ноќевање.

4 ден (02.01.2020) МОСКВА
Појадок. Поаѓање на факултативна екскурзија кон Музеот Бородинската битка – посветен на војната на Наполеон во 1812. Главен експонат на музејот е панорамата, кое преставува огромно сликано платно со димензии 115 х 15м, кое виси во затворен круг и преставува еден од најтешките моменти на војната на Бородинското поле. Слободен ден за индивидуални активности, или факултативно вечерно крстарење – пловење со ексклузивниот брод – ресторан Radisson. Ноќевање.

5 ден (03.01.2020) МОСКВА
Појадок. Факултативна посета на Кремљ, најстариот дел од историскиот центар на Москва, со извонредна убавина на архитектонски и уметнички комплекс. Прошетка по делот на црквата Успесение на Архангел, палатата каде се наоѓа ризницата на Царска Русија. Големо историското и уметничкото богатство на Московскиот Кремљ, кои се собрани во една збирка од која е настанат Музејот (Богатството од Царска Русија), кој е под заштита на УНЕСКО. Посета на палатата на оружјето, ризницата на царска Русија… Враќање во хотел и слободно попладне/вечер за одмор и индивидуални активности.

6 ден (04.01.2020) МОСКВА – БЕЛГРАД
Појадок. (lunch paket) По одјавување на хотелските соби, организиран трансфер до аеродром. Лет за Белград во 07:55 часот (JU 651)… Пристигнување во Белград во 08:55 часот.

Цената влучува:
– Авионски превоз Белград – Москва – Белград .
– Аеродромски такси во висина од 112еур / 6.950 мкд(подложнии нна промени
– 5 ноќевања со појадок во хотел 4* .
– Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром, според програма.
– Панорамски разглед на градот со водич на српски јазик (без влезници во објекти).
– Техничко водство / Пратител на групата.

Цената не вклучува:
– Индивидуални трошоци и дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата.
– Задолжително патничко осигурување

Факултативни излети:
– Кремљ – 40 еур (*** Се резервира однапред, во агенција!)
– Сергиев имот (Поранешен Загорск) – 40 еур
– Московско Метро (прошетка) – 10 еур
– Боородинска Битка – 30 еур
– Крстарење по река – 35 еур
– Третјаковска галерија -30 еур

*** Во цените за факултативни излет се вклучени превоз, влезница (каде што ја има), локален водич. Минимален број на патници за реализација на излетите е 15 лица. За помалку пријавени лица (10-14) факултативата би можела да се реализира но со јавен превоз.

Забелешки:
– Организатор на ова патување е Балкан Турист Травел Компани.
– За резервации потребен е аванс од 40% од вкупнот износ на аранжманот.
– Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
– Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
– Распоредот и содржината на посетите и разгледите може да претрпи промена во зависност од состојбата на терен.

Ст.Петербург & Москва

Нова Година 2020

СТ.ПЕТЕРБУРГ & МОСКВА

28.12.-05.01.2020

9 дена – 8 ноќевања /со лет од/до Белград

1 ден (28.12.2019) БЕЛГРАД – СТ.ПЕТЕРБУРГ
Состанок на групата на аеродром Никола Тесла два часа пред поаѓање во 14:50 часот. Лет со авиокомпанијата Air Serbia во 16:50 часот (лет JU 674). Слетување на аеродромот во Ст.Петербург во 21:40 часот. Трансфер до хотел. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

2 ден(29.12.2019) СТ.ПЕТЕРБУРГ
Појадок. Факултативна програма до Пушкин – Царското Село – летната резиденција на Екатерина Велика, замокот и прекрасниот парк со површина од 34 км2. Ентериерот на замокот фасцинира со сјајот на уметнички предмети изработени од полускапоцени камења, злато, портрети на династијата Романови. По повод 300 – годишнината од основањето на Санкт Петербург заврши реконструкцијата на познатата Килибарска сала, која го врати некогашниот сјај на дворецот на Катерина. Ноќевање.

3 ден(30.12.2019) СТ.ПЕТЕРБУРГ
Појадок. Панорамско разгледување на градот: Невски Проспект, Казанскиот Парламентот, Кралскиот плоштад, Адмиралитетот, Васиљевско острово, Ермитаж, Исакиевската катедрала, бронзениот Коњаник… (без да се влезе во просториите). Факултативен разглед на Петропавловската тврдина, историското јадро на градот, Петтропавловската Црква, каде се наоѓаат сите руски императори, почнувајќи со Петар I, Историскиот музеј на Санкт Петербург, познатиот затвор. Ноќевање.

4 ден (31.12.2019) СТ.ПЕТЕРБУРГ
Појадок. Појадок. Факултативна програма: Ермитаж, разглед на еден од најголемите музеи во светот на Зимскиот дворец, со над 3 милиони експонати, со ремек-делата на Леонардо да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Сезан, Пикасо. Слободно време.
Во вечерните часови се оди со метро (со водич) до Зимскиот Дворец, каде со концерт под отворено небо и голем огномет се пречекува НОВАТА ГОДИНА 2020.

5 ден (01.01.2020) СТ.ПЕТЕРБУРГ – МОСКВА
Појадок. Трансфер до железничка станица. Патување за Москва во 13:00 часот со современ воз Сапсан. Пристигнување во 16:40 часот. Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време. Во вечерните часови, факултативна посета на Московското Метро, на неколку најубави метро станици, кои се налик музеи со бројни мозаици, скулптури, итн., Новодевичанскиот Манастир, видиковецот Врапчево брдо, Универзитетот „Ломоносов”, Паркот на победата и други… Ноќевање.

6 Ден (02.01.2020) МОСКВА
Појадок. Панорамско разгледување на градот со автобус (без влез во објекти): центарот на градот, Црвениот плоштад, Кремљ, Црквата на Василиј, Бољшој театарот, Црква на Исус Христос Спасисителот. Поаѓање на факултативна екскурзија кон Музеот Бородинската битка – посветен на војната на Наполеон во 1812. Главен експонат на музејот е панорамата, кое преставува огромно сликано платно со димензии 115 х 15м, кое виси во затворен круг и преставува еден од најтешките моменти на војната на Бородинското поле. Ноќевање.

7 ден (03.01.2020) МОСКВА
Појадок. Поаѓање на факултативна екскурзија кон Сергиев Посад (поранешен Загорск, 70 километри од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комплекси, како и поранешна резиденција на рускиот патријарх. Потоа, разглед на Тројствената лавра на Св. Сергеј. Слободно време. Факултативно вечерно крстарење – пловење со ексклузивниот брод – ресторан Radisson. Ноќевање.

8 ден (04.01.2020) МОСКВА
Појадок. Факултативна посета на Кремљ, најстариот дел од историскиот центар на Москва, со извонредна убавина на архитектонски и уметнички комплекс. Прошетка по делот на црквата Успесение на Архангел, палатата каде се наоѓа ризницата на Царска Русија. Големо историското и уметничкото богатство на Московскиот Кремљ, кои се собрани во една збирка од која е настанат Музејот (Богатството од Царска Русија), кој е под заштита на УНЕСКО. Посета на палатата на оружјето, ризницата на царска Русија.

9.ден (05.01.2020) МОСКВА – БЕЛГРАД
Појадок (lunch paket) Трансфер до аеродром. Лет со авио компанијата Air Serbia во 05:00 часот (лет JU 657). Слетување на аеродромот во Белград во 06:00 часот.

Во цената е вклучено:
• авионски карти според програмата;
• Вклучени аеродромски такси и задолжителното осигурување во авионскиот сообраќај (сса 117 € (7260 мкд), кои се подложни на промени
• Сместување во Москва – Delta 4 *во двокреветна соба, со појадок
• Сместување во Ст.Петерсбург – Pulkovskaya4* во двокреветна соба, со појадок
• Превоз со воз Сапсан- Ст.Петерсбург –Москва
• Трансфери според програмата;
• разглед на Москва и Ст.Петерсбург
• Придружник на групата, локални водичи; организација на аранжманот

Цената не е вклучено:
• факултативни програми;
• индивидуални трошоци;

Факултативна програма:
Москва
• Кремљ (делот на Кремљ и две православни цркви), 40 еур
• Сергиев имот (поранешен Загорск) 40 еур
• Прошетка на Московското метро 10 еур
• Панорама на Бородинската битка 30еур
• Kрстарење по реката Москва 35 еур

Ст.Петерсбург
• Петропавловската тврдина 30 еур
• Ермитаж 40 еур
• Пушкин (Царското село) 75 еур

Сите цени вклучува: водич, автобуски превоз и влезници
► За реализација на Пушкин ( Царско село ), Кремљ и Палатата на оружјето пријавување и плаќање е веднаш со правење на резервација во агенција.
► Плаќањето е задолжително во денари
► За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (виза за туристичко патување не е потребна)
► Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
► За резервација задолжителна уплата аванс од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 10 дена пред патување
► Доколку не се оствари минималниот број на патници агенцијата го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
► Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
► Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето.
► Плаќањето и доплатите во земјата во врска со ова патување, патниците ги вршат во денари. Факултативните излети се плаќаат исклучиво во валутата на земјата која е цел на патување, на лице место.
► Содржината на Панорамските тури и разгледите се подложни на промени условени од оправдани причини, (застој во сообраќајот, локални штрајкови, лоши временски услови…)

Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен агенцијата не може да гарантира, со исклучок во случај кога за одреден хотел постои доплата со која патникот си обезбедува поглед на море / базен.
Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и ино партнерот. Во случај на накнадна промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога има доплата за истите.
За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се рачуна од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
Дополнителните односно помошните кревети најчесто се на расклопување, и често пати со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен кревет, и во истите децата го делат истиот лежај со родителите.
Организаторот не сноси одговорност за евентуалните поинакви усни информации за програмата на патување.
Цената на аеродромските такси е подлежна на промена и не зависи од организаторот на аранжманот туку од самата авио компанија. Точната цена на аеродромската такса се утврдува при издавањето на авионската карта, најдоцна 48 часа пред почеток на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на поедини содржини заради објективни околности.
Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ за агенции членки на СКТМ кои се составен дел на оваа програма.

Москва & Ст.Петербург

Нова Година 2020

МОСКВА & СТ.ПЕТЕРБУРГ

28.12.-04.01.2020

8 дена – 7 ноќевања /со лет од/до Белград

1 ден (28.12.2019) БЕЛГРАД – МОСКВА
Состанок на групата на аеродром Никола Тесла два часа пред поаѓање во 16:10 часот. Лет со авиокомпанијата Air Serbia во 18:15 часот (лет JU 654). Слетување на аеродромот во Москва – Шереметјево во 23:05 часот. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден (29.12.2019) МОСКВА
Појадок. Панорамско разгледување на градот со автобус (без влез во објекти): центарот на градот, Црвениот плоштад, Кремљ, Црквата на Василиј, Бољшој театарот, Црква на Исус Христос Спасителот. Во вечерните часови, факултативна посета на Московското Метро, на неколку најубави метро станици, кои се налик музеи со бројни мозаици, скулптури, итн., Новодевичанскиот Манастир, видиковецот Врапчево брдо, Универзитетот „Ломоносов”, Паркот на победата и други. Ноќевање.

3 ден (30.12.2019) МОСКВА
Појадок. Факултативна посета на Кремљ, најстариот дел од историскиот центар на Москва, со извонредна убавина на архитектонски и уметнички комплекс. Прошетка по делот на црквата Успесение на Архангел, палатата каде се наоѓа ризницата на Царска Русија. Големо историското и уметничкото богатство на Московскиот Кремљ, кои се собрани во една збирка од која е настанат Музејот (Богатството од Царска Русија), кој е под заштита на УНЕСКО. Посета на палатата на оружјето, ризницата на царска Русија. Поаѓање на факултативна екскурзија кон Музеот Бородинската битка – посветен на војната на Наполеон во 1812. Главен експонат на музејот е панорамата,кое преставува огромно сликано платно со димензии 115 х 15м, кое виси во затворен круг и преставува еден од најтешките моменти на војната на Бородинското поле. Факултативно вечерно крстарење – пловење со ексклузивниот брод – ресторан Radisson.

4 ден (31.12.2020) МОСКВА
Појадок. Поаѓање на факултативна екскурзија кон Сергиев Посад (поранешен Загорск, 70 километри од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комплекси, како и поранешна резиденција на рускиот патријарх. Потоа, разглед на Тројствената лавра на Св. Сергеј. Слободно време. Враќање во хотел и слободно попладне/вечер за одмор и индивидуални активности, или навечер одење до Црвениот Плоштад (со метро, со водич), каде традиционално со гоолем огномет се пречекува Новатата Година. Ноќевање.

5 ден (01.01.2020) МОСКВА-СТ.ПЕТЕРБУРГ
Појадок. Трансфер до железничка станица. Патување за Санкт Петерсбург во 13:00 часот со современ воз Сапсан. Пристигнување во 16:40 часот. Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

6 Ден (02.01.2020) Санкт Петерсбург
Појадок. Панорамско разгледување на градот: Невски Проспект, Казанскиот Парламентот, Кралскиот плоштад, Адмиралитетот, Васиљевско острово, Ермитаж, Исакиевската катедрала, бронзениот Коњаник… (без да се влезе во просториите). Факултативен разглед на Петропавловската тврдина, историското јадро на градот, Петтропавловската Црква, каде се наоѓаат сите руски императори, почнувајќи со Петар I, Историскиот музеј на Санкт Петербург, познатиот затвор. Ноќевање.

7 ден (03.01.2020) Санкт Петерсбург
Појадок. Факултативна програма до Пушкин-Царското Село – летната резиденција на Екатерина Велика, замокот и прекрасниот парк со површина од 34 км2. Ентериерот на замокот фасцинира со сјајот на уметнички предмети изработени од полускапоцени камења, злато, портрети на династијата Романови. По повод 300 – годишнината од основањето на Санкт Петербург заврши реконструкцијата на познатата Килибарска сала, која го врати некогашниот сјај на дворецот на Катерина. Ноќевање.

8 ден (04.01.2020) Санкт Петерсбург – Белград
Појадок. Факултативна програма: Ермитаж, разглед на еден од најголемите музеи во светот на Зимскиот дворец, со над 3 милиони експонати, со ремек-делата на Леонардо да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Сезан, Пикасо Слободно време. Трансфер до аеродромот. Лет за Белград во 22:30 часот. Пристигнување во Белград во 23:20 часот.

MoskvaSt.PetersburgCenNG20201

Цената влучува:
• Авионски превоз Белград – Москва/Ст.Петербург – Белград
• 7 ноќевања со појадок во хотел 4*
• Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром, според програма.
• Панорамски разглед на градот со водич на српски јазик (без влезници во објекти).
• Техничко водство / Пратител на групата.
• Аеродромски такси од 123€ вклучени во цената(подложни на промени)
• Москва – Ст Петрбург (воз)

Цената не вклучува:
• Индивидуални трошоци и дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата.
• Оброк во авион
• Задолжително патничко осигурување

Факултативни излети:
МОСКВА
• Кремљ – 40 еур (*** Се резервира однапред, во агенција!)
• Сергиев имот (Поранешен Загорск) – 40 еур
• Московско Метро (прошетка) – 10 еур
• Крстарење по реката Москва – 35 еур
• Панорама-Бородинска битка (со метро) -30 еур

СТ.ПЕТЕРБУРГ
• Ермитаж 40еур
• Пушкин (Царското село) 75 еур
• Петропавловска Тврдина 30 еур

*** Во цените за факултативни излет се вклучени превоз, влезница (каде што ја има), локален водич. Минимален број на патници за реализација на излетите е 15 лица. За помалку пријавени лица (10-14) факултативата би можела да се реализира но со јавен превоз.

Hotel Delta 4*: www.izmailovo.ru
Хотелот е дел од поранешниот комплекс Izmailovo. Метро станицата е на 100 m од хотелот. Во близина на хотелот има голем број на ресторани, трговски центар и голем пазар за сувенири. Возење со метро до Црвениот плоштад трае околу 15 минути (од хотелот со пешачење 25 минути), како информација за движење во слободно време. Во 2012 год. хотелот е комплетно реновиран. Појадокот е шведска маса.

Hotel Pulkovskaya 4** https://www.parkinn.com/hotelpulkovskaya-stpetersburg
Хотелот се наоѓа на Московскиот Проспект, има добра поврзаност со центарот. Метро станицата е во близина, што олеснува брзо да се стигне до центарот на градот. Хотелот располага со ресторани: пивен со своја сопствена мини-пивара-бренд -Пауланер и музика во живо секоја вечер; јапонски ресторан со голем избор на специјалитети. Опремен фитнес центар, со базени, сауни и третмани за масажа.

Забелешки:
• Организатор на ова патување е Балкан Турист Травел Компани.
• За резервации потребен е аванс од 40% од вкупнот износ на аранжманот.
• Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
• Распоредот и содржината на посетите и разгледите може да претрпи промена во зависност од состојбата на терен.

Автобуски понуди

Краков и Виена

4 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА / АВТОБУС

Букурешт

4 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊЕ / АВТОБУС

Софија

3 дена / 2 ноќевања / автобус

Сараево

5 ДЕНА / 2 НОЌИ / АВТОБУС

Истанбул

АВТОБУС 5 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА

ВИЕНА

АВТОБУС / 5 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА

ТИВАТ СО ПОСЕТА НА ДУБРОВНИК И КОТОР

4 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА / АВТОБУС

Милано

АВТОБУС / 5 ДЕНА/ 3 НОЌЕВАЊА

Нови Сад

АВТОБУС / 4 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА

Атина

АВТОБУС / 4 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА

Венеција со Верона и Фиренца

АВТОБУС / 4 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА

Северна Италија

АВТОБУС / 5 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА

ТИВАТ СО ПОСЕТА НА ДУБРОВНИК И КОТОР

4 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА / АВТОБУС

Нови Сад

АВТОБУС / 4 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА

Соко Бања

АВТОБУС / 3 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА

Авионски понуди

Париз

5 ДЕНА / 4 НОЌЕВАЊА / АВИОН

Рим

5 ДЕНА / 4 НОЌЕВАЊА / АВИОН

МОСКВА & СТ.ПЕТЕРБУРГ

8 ДЕНА / 7 НОЌЕВАЊА / АВИОН

СТ.ПЕТЕРБУРГ & МОСКВА

9 ДЕНА / 8 НОЌЕВАЊА / АВИОН

МОСКВА

6 ДЕНА / 5 НОЌЕВАЊА / АВИОН

Барселона

5 ДЕНА / 4 НОЌЕВАЊА / АВИОН

Мароко

8 ДЕНА / 7 НОЌЕВАЊА / АВИОН

Северна Италија

Нова Година 2020

Северна Италија

5 дена / 3 ноќевања / автобус

Верона, Лаго ди Гарда, Милано, Лугано, Комо, Виченца, …

„Северниот бисер“ на Италија како го нарекуваат Милано, е современ град со бурна историја и стари градби, центар на светската мода. На прв поглед Милано изгледа како грациозен модел на писта со одлична коскена структура, екстравагантен стил и без очигледна душа. Најбогатиот и најмодерниот град во Европа кој истoвремено изобилува со историски и артистички атракции, меѓу кои најголемата готска катедрала во светот, уметничкото дело “Последната вечера“ и најпознатата оперска куќа во светот „La Scala”. Милано е главниот мотор на економијата во својата земја и домот на берзата. Преку ден може да направите одличен шопинг, додека пак во вечерните часови може да уживате во авангардната театарска сцена, фабулозната аперитив сцена или во некој од жешките клубови до раните утрински часови.


28.декември (сабота) СКОПЈЕ – ВЕРОНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во Скопје, во 10:00 часот. Поаѓање за Верона во 10:30 часот. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

29.декември (недела) ВЕРОНА – ЛАГО ДИ ГАРДА
Пристигнување во Верона околу пладне. Разгледот на градот на Ромео и Јулија: започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена. Прошетката продолжува по улицата “Mazzini”, која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а од таму кон дворот, од куќата на Јулија. Слободно време за посети и индивидуални активности. Патувањето продолжува кон Езерото Гарда. Разглед на живописното место Сирмионе, кое со необично формираниот полуостров, длабоко навлегува во езерото. Градот го карактеризира старата тврдина од XIII век “Scaligera”, како и мноштвото мали улички низ него. Сместување во хотел. Ноќевање.

30.декември (понеделник) МИЛАНО
Појадок. Патувањето продолжува кон Милано. По пристигнување предлагаме разглед на градот: тврдината Сфорцеско, централниот плоштад со истоимената инајголема готска катедрала во светот – “Duomo”, галеријата “Vittorio Emanuelle” која ги поврзува катедралата и Миланската Скала (една од најпрочуените оперски куќи во светот). Можност за посета на црквата “Santa Maria delle Grazie”. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активност .Попладне заминување на шопинг во најголемиот трговски шопинг центар во Европа , “Il Centro” .Попатно ќе го поестиме музјеот на Алфа Ромео. Враќање во Милано,во вечрните часови. Ноќевање.

31.декември (вторник) МИЛАНО – ЛУГАНО (Швајцарија) – ЛАГО ДИ КОМО
Појадок. Слободен ден во Милано, или факултативна посета на градот Лугано во Швајцарија. Панорамски разглед на градот: црквите“San Rocco”, “San Antonio” и “Santa Maria di Angelo”, стариот град со своите плоштади “Piazza Ciochara” и “Piazza della Reforma”, казиното, палатата “Civico – Villa Cianni”, големиот градски парк (еден од најубавите во Швајцарија) “Parco Civico“. Во продолжение, попатна посета на градот Комо (лоциран на истоименото езеро Лаго ди Комо), каде многу познати лица од светскиот џет сет, имаат свои куќи и вили . Ќе имеате можност одблиску да ја видите позната вила “ Oleandra” ( вилата на Џорџ Клуни ) Слободно време .Враќање во Милано. Вечерта, индивидуален дочек на Новата 2020 година, на некој од плоштадите или рестораните во Милано.Ноќевање.

01.јануари (среда) МИЛАНО – ВИЧЕНЦА – ПАДОВА- СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од Милано. Патувањето низ регионот Венето, нуди можност за попатна посета на Виченца, еден од најубавите градови на Италија, градот на еден на најпознатите италијански архитекти Андреја Паладио и Падова,родното место на ренесансата, универзитетскот град во кој предавал брилјантниот Галилео Галилеј, градот муза на првите Шекспирови драми… слободно време за иднивидулани прошетки во градот. Патувањето продолжува кон Македонија со ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија. Попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје наредниот ден во пладневните часови.

Цена на аранжманот: 199 € (12.338 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотели ***, на база 1НП во околина на Верона и 2 НП во Милано
– Разгледи според програмата, на Верона, Лаго ди Гарда, Виченца и Падова
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– Факултативна посета: Лугано и Комо (35 €)
– Разгелд на Милано и шопинг тура до “Il Centro” ( 10 €)
– Патничко здравствено осигурување
– Туристичка такса по лице од ден, уплата индивидуално на рецепција во хотелите (околу 3€)

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на Балкан Турист Травел Компани

Мароко

Нова Година 2020

Мароко

8 дена / 7 ноќевања / авион

Мароко е кралство кое се наоѓа на северозападниот дел на африканскиот континент, во регионот познат како Магреб, на бреговите на Атлантскиот Океан и Средоземното Море. На север граничи со шпанските енклави Сеута и Мелила, на исток и југо-исток со Алжир и на југ со територијата на Западна Сахара, која е под мароканска контрола. Мароко станала независна монархија во 1956 година, а една година подоцна султанот Мухамед се прогласил за крал. Тоа е земја со богата историја, од која исламистичките војски тргнале да го освојат Иберскиот Полуостров, каде античките Берберски народи се мешале со Арапски и Француски новодојденци. Во Мароко се и империјалните градови Фез, Мекнес, Маракеш и Рабат, со различни бои и архитектура, како и различноста на нивните жители . Постојат различни бои низ целото кралство, полни со прекрасни сцени и волшебни приказни. Ако сè уште има земја во современиот свет од бајките на Шехерезада, тоа е секако Мароко. Најголемиот град Казабланка и Тангиер на северот на земјата исто така магично го привлекуваат вниманието на многу туристи кои ја посетуваат оваа земја во текот на целата година. Ова е патување во земјата од бајките што ќе го воодушеви секој посетител без исклучок.

1 Ден: 30.12.2019 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЗАБЛАНКА:
Состанок на патниците нa аеродромот „Скопје“ во 08:00 часот. Полетување за Истанбул во 10:10 часот со лет PC352. Пристигнување во Истанбул во 13:35 часот. Полетување за Казабланка во 20:15 часот со лет PC651. Пристигнување на аеродромот Мохамед во Казабланка во 23:20. Пречек од партнеот од Марако и трансфер до хотелот. Ноќевање.

2 Ден: 31.12.2019 КАЗАБЛАНКА – РАБАТ (94 км):
После појадокот со спакуван багаж, тура низ Казабланка, деловниот главен град на кралството, посета на плоштадот Мохамед В, плоштадот на Обединетите нации, квартот Хабсус, Кралската палата, резидентската област на Анфа и прекрасната џамија Хасан Втори и AinDiab Corniche наредени со базени и гастрономски ресторани. По ручекот заминување за Рабат, административниот главен град на Мароко. Откријте го „Империјал Гарден Сити“ со неговите главни споменици: градината Одејас, Хасан кула и Мавзолејот. Ќе ги видите и sидините на Мехуар кои ја опкружуваат Кралската палата. Сметување во хотел во Рабaт. Вечера. Ноќевање.

3 Ден: 01.01.2020 РАБАТ – МЕКНЕС –ВОЛУБИЛИС – ФЕС (207 км):
По појадокот, со спакуван багаж, продолжуваме со програмата за Фес преку Мекнес, каде започнуваме најпрвин со разгледување низ Мекнес, наречено „Марокански Версај“, која е основана на крајот на 17 век од Мулај Исмаил, современик на Луј XIV. Дополнително разгледување вклучува и Баб Ел Мансур, која се смета за најубавата порта во Мароко. Можност за ручек во локален ресторан. Поата продолжуваме со посета на римските урнатини на Волубилис на неколку километри од Мекнес. Продолжуваме до Фес , со вечера и ноќевање во хотелот.

4 Ден: 02.01.2020 ФЕС:
После појадокот, целиот ден ќе биде посветен на откривање на ФЕС, посета на средновековната Медина. Ќе ги истражуваме и познатите пазари каде занаетчиите сè уште работат со вековната ориентална традиција. Слободно време за ручек и продолжете со разгледот попладне. Препорачуваме – Еврејскиот кварт, Медина, Bou Inania Madrasa, Плоштад от Неџарин итн. Враќање во хотел и ноќевање со вечера.

5 Ден: 03.01.2020 ФЕС – БЕНИ МЕЛАЛ – МАРАКЕШ (480 км):
По појадокот, со спакуван багаж, заминуваме за Бени Мелал, поминувајки покрај Азру, Берберско село, познато по својата занаетчиски изработки, како резба од дрво и килими. Пристигнување до Маракеш, вечера и ноќевање во хотелот.

6 Ден: 04.01.2020 МАРАКЕШ:
По појадокот, целиот ден ќе биде посветен на разгледување на Маракеш, основан од Алморавидес на крајот на 11 век. Маракеш е сместен во бујна оаза во подножјето на снежните планини Атлас. Ќе ги посетиме познатите градини Менара, џамијата Кутубија и палатата Бахија. Слободно време за ручек и продолжуваме со разглед на Медина и познатиот плоштад Јамаа Ел Фна. Враќање во хотел за вечера и ноќевање.

7 Ден: 05.01.2020 МАРАКЕШ – КАЗАБЛАНКА (240 км)
После појадокот, трансфер во Казабланка.Слободно време, пауза за ручек во ресторан на крајбрежјето на Казабланка. Слободно попладне, препорачуваме на шопинг во Marocco Mall. Tрансфер до аеродромот во Казабланка за вашиот повратен лет.

8 Ден: 06.01.2020 КАЗАБЛАНКА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ:
Лет кон Истанбул PC652 во 00:20. Пристигнување во Истанбул во 07:00. Лет за Скопје со лет PC 351 во 10:00, пристигнување во Скопје во 09:30 часот.

 
 Хотел 4*
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ30.12.2019 – 06.01.2020
ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ30.12.2019 – 05.01.2020
УСЛУГИ6 HB + 1 BB
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ7Н / 8Д
  Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 28.10.20191275 € / 79.050 мкд
  Цена по лице во двокреветна соба1395 € /  86.490 мкд
  Попуст за трето возрасно лице -50 € /  -3100 мкд
  Доплата за еднокреветна соба150 € / 9.300 мкд

 

Цената влучува:
• Авионски превоз Скопје – Казабланка– Скопје, со вклучени аеродромски такси
• 7 ноќевања во Хотели со 4* (6 полупансиони + 1 ноќевање со појадок)
• Вклучени разгледи и влезници според програмата
• Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
• Техничко водство / Пратител на групата, доколку групата е над 15 патници
• Лиценциран локален водич на англиски јазик

Цената не вклучува:
• Влезна виза за Мароко (се вади во Софија, за повеќе информации и цена ве молиме обратете се во Агенција);
• Опционално доплата за новогодишна вечера
• Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
• Задолжително патничко осигурување
• Факултативни излети
• Бакшиши за локалните возачи и водичи

Забелешки:
Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 15.
• За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.
• Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
• Организатор на ова патување е Балкан Турист Травел Компани

Венеција со Верона и Фиренца

Нова Година 2020

Венеција

Верона и Фиренца

4 дена / 2 ноќевања / автобус

29.декември (недела) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА 
Состанок на групата во Скопје на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во14:30ч. Поаѓање за Венеција во 15:00ч. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
30.декември (понеделник) ВЕНЕЦИЈА (околина)
Пристигнување на пристаништето “Пунта Сабиони” во Лидо Ди Јесоло, во предпладневните часови. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Сместување во хотел. Ноќевање.

31.декември (вторник) ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки или факултативна целодневна посета на Фиренца – – еден од најсликовитите Италијански градови, познат и како Бисерот на ренесансата. Панорамско разгледување на градот во кој твореле големите уметници на 14 и 15 тиот век: Базиликата на Св. Крст (Santa Croce) – Фиорентинскиот Пантеон со гробовите на великаните ( Макијавели, Росини, Данте, Галилеј), палатата Гонди во која Леонардо ја наслика Мона Лиза, плоштадот Сињори (своевиден музеј на отворено со бројни скулптури, ремек дела на ренесансата, стариот мост Понте Векио и истоимената палата, Базиликата Сан Лоренцо со капелата на Медичи, крстилницата Сан Џовани…Враќање во хотелот во вечерни часови.Вечерта можност за дочек на Новата година 2020 на некои од плоштадите во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.

01.јануари (среда) ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ
Појадок. Појадок. Напуштање на хотелот во Венеција и заминување кон Верона – градот на Ромео и Јулија: Разгледот на Верона започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје, со попатна посета на Палма Нова – познат outlet шопинг центар. Патувањето продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристугнување во Скопје наредниот ден во предпладневните часови…..

Цена на аранжманот: 149 Є (9.238,00 мкд)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација.
– Сместување во хотел *** во околина на Венеција -2НП (ноќевања со појадок).
– Панорамски разглед на Венеција и Верона.
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– (*) Превоз со брод “Вапорето” од Пунта Сабионе – Венеција (15€).
– Туристичка такса 1€ по лице од ден, се плаќа на рецепција во хотелот.
– Факултативна посета на Фиренца (50 €) со локален водич.
– Влезници за музеите и културно-историските споменици.
– Патничко осигурување 155 мкд.

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Балкан Турист Травел Компани
– Организатор на патувањето: Балкан Турист Травел Компани

Атина

Нова Година 2020

Атина

4 дена / 2 ноќевања / автобус

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

29.декември (недела) СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање кон Грција во 19:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

30.декември (понеделник) АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, стражата на Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака… Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности, шопинг по познатата улица “Ermou” или можност за посета на ново отворениот културен центар “Stavros Niarchos” каде се сместени националната опера и националната библиотека. Ноќевање.

31.декември (вторник) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Слободен ден во Атина или целодневен факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина. Вечерта, можност за индивидуално присуство на Новогодишната прослава на Атинскиот плоштад “Синтагма или факултативно – Новогодишна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.

01.јануари (среда) АТИНА – СУНИОН – ПИРЕА – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од хотелот и Атина, со претпладневна прошетка покрај Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени… рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Во враќање, посета на Пиреа (едно од најголемите пристаништета на Медитеранот), како и на нејзините познати марини. Во попладневните часови, продолжување кон Македонија. Патувањето води покрај Термопилите (споменикот на Спартанците) и клисурата Темби (црквата Агиа Параскеви). Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот: 95 € (5.890,00 мкд.)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи и посети според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативен излет на Пелопонез и Арголида (30€)
– Факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– Вечера во национален ресторан таверна на Плака
– Патничко здраствено осигуривање 135 мкд
– Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел

Напомени:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
– Организатор на патувањето е Балкан Турист Травел Компани

Софија

Add Your Heading Text Here

Софија

3 дена / 2 ноќевања / автобус

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

30.декември (понеделник) СКОПЈЕ – СОФИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во Скопје, во 06:30 часот. Поаѓање за Софија во 07:00 ч. Влез во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир. По пристигнувањето, панорамски разглед на градот: градскиот плоштад, шопинг центарот Цум, Парламентот, Националниот и историски музеј, црквите Ротонда, Св. Софија, Св. Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесете позлатени куполи, Дворецот на културата… Сместување во хотел. Ноќевање.

31.декември (вторник) СОФИЈА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки, или можност за организирана посета на некој од познатите шопинг центри: “The Mall”, “Serdika center”, “Sofia Ring Mall”, или “Ikea”. Навечер, дочек на Новата 2020 година на некој од плоштадите во Софија, или факултативна вечера во национален ресторан со уметничка програма. Ноќевање.

01.јануари (среда) СОФИЈА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно претпладне за индивидуални прошетки, до заминување за Скопје во 12:00 часот на пладне. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Hotel Holiday Inn *****
Цена на аранжманот:
2 BB (ноќевање со појадок) – 99 € (6.138,00 мкд)
2 HB (полупансион) – 119 € (7.378,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во Софија, во хотел по иабор, на база 2 ноќевања со појадок
– За гостите во хотелот “Holiday inn”, слободен e влез во “ESPIRIT Fitness & SPA” центарот (19м внатрешен базен, сауна, парна бања, џакузи, фитнес центар).
– WI-FI безжичен интернет во цел хотел
– Организиран разглед на градот со локален водич
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– Патничко здравствено осигурување.

Напомени:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
– Организатор на аранжманот: Балкан Турист Травел Компани