Јужна Италија

8ми март

Јужна Италија

Бари – Алберобело – Остуни – Матера – Лече

6 дена / 3 ноќевања / автобус-траект

1 ден – 20/05/2020 (среда) Скопје – Драч – Бари
Состанок на групата на Дрводекор во 12:00 часот. Поаѓање кон Драч со попатни застанувања за одмор и царински формалности. Пристигнување во Драч и качување на траект за Бари ж. Ноќно патување со траект и ноќевање на траект.

2 ден – 21/05/2020 (четврток) Бари
Пристигнување во Бари во утринските часови, трансфер и сместување во Хотел во попладневните часови .По краткиот одмор во договорено време разглед на Бари со стручен водич, посетна на Базиликата Св.Никола, стариот град и слободна вечер за посета на многуте кафетерии и ресторани надалеку познати по морските специјалитети. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден – 22/05/2020 (петок) Бари – Матера
Појадок. По појадокот полудневен излет до Матера. Матера е град во областа Базилика во Јужна Италија, бил главен град во оваа област од 1663 до 1806 год. Градот лежи на камениот кањон наречен Гравина. Познат по својата зачувана автентичност, градот е под заштита на УНЕСКО и во 2019 година е прогласен за престолнина на Европската култура. Градот наликува на Ерусалим и е урбан феномен каде секое камче ја зачувало својата автентичност. Тука можете да пиете кафе или „пулиски ликер“ во пештера стара 2000 години, да ја посетите надалеку познатата катедрала на Матера од 1268 год. Градот се стекнал со најразлични имиња – Поезија во камен, Урбан феномен, Библиски пејсаж,Чудо од архитектурата. Градот е сплет на сите урбанистички стилови, единствен по многу нешта и единствен што го обезбедува чувството дека чекориш „Таму каде што времето застанало“. Moжност за прошетна над пештерските куќи стари 9000 години, чувствувајки се како да си во некоја машина која те врака назад во времето и те шета низ вековите. Градот брои 62000 жители, а заради уникатната архитектура во него се снимани над 40 Холивудски филмови. По враќањето во Бари слободно време за индивидуални активности, можност за сите љубители на италијанската храна да ги вкусат надалеку познатите италијански специјалитети. Ноќевање.

4 ден – 23/05/2020 (сабота) Бари – Арбелобело – Остуни
Појадок .Во 08:00 часот поаѓање за Арбелобело, мало гратче одалечено околку 70 км од Бари кое е на листата на УНЕСКО за заштитени споменици и култура. Арбелобело е препознатлив по многуте бели куќички од сув камен и мов, понекаде прошарани со симболите кои служеле како декорација или за заштита од лошите сили и демони познати под името „трули” градени на ова место уште во XV век. Денес најголемиот дел од овие куќички служат за сместување туристи или продажба на сувенири, но во некои од нив сеуште живеат и локалните жители. Слободно време за прошетка, индивидуални активности и можност да се доживее оргиналноста на овој град како од бајките. По разгледот на Арбелобело посета на POLIGNANO A MARE – градот на карпа на Доменико Модуњо, кој ќе ве воодушеви со живописната убавина и неговата уникатност. Во однапред договорено време поаѓање на целодневен излет Остуни. Остуни е познат како белиот град до кој се пристигнува по „патот на маслинките“ по кој ке имате можност да го почувствувате мирисот на маслинките и да уживате во уникатниот панорамски поглед на полињата со маслинки. Белите кукички, трошни, оригинални, понекаде обоени сино, понекаде со обоени врати украсени со форми од цветови од јасмин или бегонија, ќе направат за момент да се поколебате дали сте во Италија или на познатите грчки острови Санторини или Миконос. Од највисокиот дел на градот има незаборавен поглед на Јадранското море и полињата со маслинки. Во попладневните часови враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден – 24/05/2020 (недела) Бари – Лече
Појадок. По појадокот во договорено време следи поаѓање за Лече град кој заради своите прекрасни барокни споменици е познат под името Фиренца на југот од Италија, но познат и по единствениот барок својствен само за Лече. Покрај големиот број на барокни цркви, од кои најпозната е главната базилика Св.Крст, тука можат да се посетат и катедралата Дуомо, црквата Св.Никола и дворецот, добро сочуваниот амфитеатар од II век, Piazza Oronzo, замокот Карло V, статуата на Св.Лоренцо – заштитник на градот Лече. Слободно време за индивидуален разглед на градот, прошетка по локалните улици и продавници како и можност да се вкусат познатите италијански специјалитети надалеку познати во светот по својот уникатен вкус. Во вечерните часови враќање кон Бари, качување на траект во 21:00часот. Ноќна пловидба кон Драч и ноќевање на траект во кабини.

6 ден – 25/05/2020 (понеделник) Драч – Скопје
Пристигнување во Драч околу 07:00 часот. Разглед на градот со водич, и во 13:00 часот, поашање за Македонија со попатни одмори и застанувања поради царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот – 249 € (15.500 ден) за уплата до 31/12/2019
Редовна цена – 269 €
можност за плаќање на 6 рати

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус Скопје – Драч – Скопје
– Хотелско сместување во Бари во Хотел со 3* на база 3 ноќевања со појадок
– Траект Драч – Бари – Драч (кабини со доплата )
– Претставник од агенцијата и водство на патот
– Посета на Драч

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативна посета на Матера – 20€
– Факултативна посета на Арбелобело и Остуни – 45€
– Факултативна посета на Лече – 20€

Напомена:
– За реализација на програмата потребни се минимум 40 патници
– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 €=62 денари
– За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30% , Целосна доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Останатите услови на патување важат според програмата на Т.А. Балкан Турист Травел Компани
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот.

Амстердам

8ми март

Амстердам

4 дена / 3 ноќевања / авион

Амстердам е град на карактеристична холандска архитектура, канали, чамци и мостови. На прв поглед ќе имате впечаток дека во Амстердам времето запрело во седумнаесеттиот век, кое е познато како златно доба на холандската култура. Многу европски престолнини изобилуваат на историски места, но она што го прави Амстердам посебен е тоа што скоро секоја зграда во центарот на градот е истовремено културен споменик и нечиј простор за живеење, во исто време дел од историјата и дел од современиот изглед на градот. Во исто време, Амстердам е музеј на отворено, ризница на познати згради и споменици на отворено, но и модерна раздвижена европска престолнина. Главниот град на Холандија ги има сите карактеристики на метропола, живост и ритам на еден голем град. Амстердам несомнено ќе ги исполни сите ваши очекувања: од уживање во прекрасната, необична глетка на Амстердам до одличен шопинг и многу повеќе.

1 ден 14 март / 23 мај (сабота) Скопје
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03:45 часот. Полетување за Ајндховен 05:45. Пристигнување 08:40 часот. Организиран трансфер до хотелот во Амстердам. Сместување во хотел. Разглед на Амстердам: Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пивница Хајнекен, Новиот градски кварт, Улицата на црвените фенери… Слободно време за прошетка низ градот. Ноќевање.

2 ден 15 март/ 24 мај (недела) Амстердам
Појадок. Факултативна посета: МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА на традиционално село Zaanse Schans кое важи за колевка на европската економија, се гледа: познатите ветерници, работилници за традиционалните кломпи, порцелан, сирење… Патот продолжува за Volendam, рибарско градче на езерото Еј. Враќање во Амстердам, препорачуваме посета на фабриката за дијаманти: прошетка низ работилницата и навлегување во тајните на брусење на прочуените дијаманти. Во вечерните часови, можност за факултативно возење со брод по каналите, каде можете да ги доживеете боите на градот на посебен начин и да видите дел од мостовите по кои e позната Холандија. Ноќевање.

3 ден 16 Март /25 Мај (понеделник) Амстердам – Голема холандска екскурзија
Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус: ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА: Сликовотито гратче Делфт – познато по порцеланот и сликарите, Ротердам – модерен град и едно од најголемите светски пристаништа, Шевенинген, Ден Хаг – холандска административна престолнина на Холандија, на враќање кон Амстердам Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

4 ден 17 Март /26 Мај (вторник) Амстердам – Скопје
Појадок. (Ланч пакет) Напуштање на хотелот во 05,00 ч Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 09,25 часот, пристигнување во Скопје во 12.55 часот

ЦЕНА 14.Март – 17 Mарт за рана уплата 379 € / 23.500.00 до 20 Декември 2019
ЦЕНА 23.Мај – 26 Мај за рана уплата 399 € / 24.740.00 ден до 15 Јануари 2020

Во цената на аранжманот вклучени се следните услуги:
• Директен лет на релација Скопје – Aјндховен – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
• Аеродромски такси
• Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
• Организирани трансфери: аеродром– хотел – аеродром
• Сместување во хотел на база 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Амстердам
• Организиран разглед на Амстердам
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
• Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm)– 1,800,00 денари за двата правца
• Туристичка такса –
• Влезници за локалитети и карти за локален превоз
• Факултативна посета на Мала Холанска тура (минимум 20 патника) –39€
• Факултативна целодневна посета Голема Холандска тура (минимум 20 патника) 65€
• Патничко осигурување 180 денари

Напомена:
За реализација на програмата потребно е група од 25 патника
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот ( не важи за цената со рана уплата) и копија од пасош, Комплетна доплата 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд. Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.

Париз

8ми март

Париз

4 дена / 3 ноќевања / авион

1 ден – 02.05.2020 (сабота) – Скопје – Париз
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:00 часот. Полетување за Париз со WIZZAIR (лет W6 7719) во 06:10 часот. Слетување на аеродромот Beauvais во 20:45 часот.Трансфер до Париз. Пристигнување и сместување во хотел. Следува разглед на Париз (пешачка тура + метро) низ најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Организиран разглед на градот со локален водич – Елисејските полиња, Операта Гарние, Триумфалната Капија, плоштадот Конкорд, островот Сите, латинскиот кварт, Трокадеро, Луксембуршка градина, Нотр Дам (Богородичната Црква). Враќање во хотел. Ноќевање.

2 ден – 03.05.2020 (недела) – Париз
Појадок. По појадокот можност за прошетка по Монмартр со метро и придружба на локален водич. Можност да се види базиликата Sacre Coeur, од каде ќе уживате во прекрасниот поглед на Париз. Попатно се посетува и плоштадот на уметниците. Прошетка до кабаре бар Moulin Rouge и можност за прошетка низ познатата улица Пигал. Планирана е посета на еден од музеите за парфеми Фрагонард – синоним за ексклузивност и луксуз ,каде се создаваат парфеми со комбинирање на традиционалните техники и најмодерните методи од 1926 година. Една несекојдневна можност да откриете некоја од тајните на веќе докажаните и неодоливи парфеми. Можност за шопинг и индивидуални активности. Потоа се упатуваме кон Ајфеловата кула (со метро, влезницата се доплаќа). Можност да уживате во неверојатната панорамска глетка на Париз. можност за прошетка по Монмартр со метро и придружба на локален водич. Можност да се види базиликата Sacre Coeur, од каде ќе уживате во прекрасниот поглед на Париз. Попатно се посетува и плоштадот на уметниците. Прошетка до кабаре бар Moulin Rouge. Планирана е посета на еден од музеите за парфеми Фрагонард – синоним за ексклузивност и луксуз, каде се создаваат парфеми со комбинирање на традиционалните техники и најмодерните методи од 1926 година. Една несекојдневна можност да откриете некоја од тајните на веќе докажаните и неодоливи парфеми. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден – 04.05.2020 (понеделник) – Версај – Лувр
Појадок. По појадокот се упатуваме со железница кон величенствениот дворец Версај. Кралски дворец изграден од страна на францускиот крал Луј 14 кој претставува ремек дело на уметноста од 17 век. Посета на кралскиот дворец со локален водич. По разгледот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр (со локален водич) кој цели 700 години бил резиденција на француските кралеви се до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 63.500 уметнички дела меѓу кои се наоѓа Мона Лиза – славниот портрет на ренесансниот сликар од Фиренца – Леонардо да Винчи. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден – 05.05.2020 (вторник) – Париз – Скопје
Појадок (ланч пакет). Трансфер од хотел до аеродромот во Beauvais .Лет со WIZZAIR (број на летот 7720) за Скопје во 09:15 часот. Пристигнување во Скопје во 12:15 часот.

Цена на аранжманот – 369 € за уплата до 31.12.2019
Редовна цена – 399 €

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Директен лет на реалиција Скопје – Париз – Скопје со WIZZAIR
– Aеродромски такси
– Рачен багаж максимум 8 кг (40х30х20)
– Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во Хотел 3* – на база 3 ноќевања со појадок
– Организација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Tуристичка такса 3 евра од ден по лице
– Билет (карнет за 10 возења)-за јавен превоз со метро – 14 евра
– Панорамски разглед на Париз со локален водич – 25 евра
– Влезница за Ајфелова кула до втор кат – 22 евра , до трет кат – 30 евра со лифт
– Посета на Версај – 60 евра со вклучена влезница +трансфер со железница +локален водич
– Посета на Лувр – 40 евра со вклучена влезница + локален водич

Напомена:
– За реализација на програмата потребни се минимум 15 патници
– Плаќањето се врши исклуливо во денарска противвредност по курс 1 €=62 денари
– За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30% , Целосна доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Останатите услови на патување важат според програмата на Т.А. Балкан Турист Травел Компани
– Агенцијата го задржува правотоза отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање
– За ова патување потребен е биометриски пасош валиден минимум 120 дена од денот на враќањето

Paris 360°

Венеција

8ми март

Венеција

4 дена / 3 ноќевања / авион

1 ден – 08/03/2020 (недела) Скопје – Тревизо – Венеција
Состанок на група во 10:00 часот на аеродромот во Скопје. Лет за Тревизо во 12:20 часот. Пристигнување ви 14:05 часот. Трансфер до хотелот и сместување во хотел во Местре. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

2 ден – 09/03/2020 (понеделник) Венеција
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Во договореното време заминување со јавен превоз (воз + Вапорето) за Венеција – единствениот град на вода кој лежи на дрвена конструкција. Го нарекуваат уште и невестата на морето и кралица на Јадранот. Срцето на градот кој наместо улици има канали, а наместо автомобили – гондоли, и плоштадот Сан Марко изграден 50 метри над водата на темелите на дрвени греди. Легендата вели дека додека шетал низ островите, на евангелистот Марко му се јавил божји глас кој му рекол дека на тоа место ќе се изгради убав и необичен град кој тој ќе го земе под своја заштита. Разглед на градот низ кој се простира Црквата Свети Марко, Дуждевата Палата, каналите и мостовите кои минуваат низ целиот град, од кои најпознатиот е Мостот на воздишките. Слободно време за индивидуални прошетки, уживање во вкусот на најубавото и највкусното италијанско кафе, можност за возење со елегантните гондоли, шопинг низ тесните улички кои се преплавени со обележјето на градот – венецијанските маски. Враќање во хотел со јавен превоз од Венеција. Ноќевање.

3 ден – 10/03/2020 (вторник) Венеција, Мурано, Бурано, Торчело
Појадок. Поаѓање со јавен превоз до Венеција. Превоз со вапорето до Сан Марко. Факултативна посета со брод до магичните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано. Приказната започнува од шарениот остров Бурано надалеку познат по производството на тантела со игли. Кога Леонардо Да Винчи го посетил во 1481 година од таму купил ткаенина за главниот олтар на Миланската катедрала Duomo di Milano, па оттаму се започнало со масовно производство кое било извезувано низ цела Европа. Шарениот остров е познат и по различната боја на куќите, традиција која настанала во далечното минато. Кога рибарите се враќале дома, поради густата магла не можеле да ги препознаат своите домови, па оттогаш нивните жени започнале да ги бојат куќите во различни јаки бои за да не залутаат нивните мажи. Денес овие куќи се под заштита на УНЕСКО и доколку некој сака да ја промени фасадата на својот дом, мора да испрати барање до Владата која ќе одговори со известување за одредени бои дозволени за таа парцела. Оттаму продолжуваме кон Мурано (стаклениот остров) каде се произведуваат најубавите лустери, преубавите сувенири, накит, чаши, чинии… Во 1921 година заради спречување на можноста од избувнување на пожари донесена е одлука целото производство на стакло да се пресели од Венеција на овој остров, па така се до 18 век Мурано држел монопол во производството на стакло. Стакларите биле најценетите граѓани на островот – носеле меч, имале имунитет од казни, можеле да се женат со ќерките од најдобрите семејства во Венеција. За возврат на сето тоа имале забрана да го напуштаат островот бидејќи на тој начин се настојувало да се сочува тајната на производството на стакло. Слободно време за уживање во раскошната убавина на островот. И за крај на оваа прекрасна прошетка, посета на Торчело островот кој бил всушност првиот најстар и најгусто населен остров во тој дел на Италија, престолнина во која има бројни споменици врзани со богатата историја. Враќање до Сан Марко. Слободно време за индивидуални активности. Враќање со јавен превоз од Венеција со вапорето + воз во хотелот. Ноќевање.

4 ден – 11/03/2020 (среда) – Венеција, Тревизо, Скопје
Појадок. Организиран трансфер од хотелот во Местре до аеродромот во Тревизо. Полетување за Скопје во 14:40 часот. Слетување во Скопје во 16:20 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 199 € (ЗА УПЛАТА ДО 31/12/2019)
РЕДОВНА ЦЕНА – 239€

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски билет на релација Скопје – Тревизо со WIZZ AIR
– Трансфер од аеродромот во Тревизо до Хотелот и обратно
– Аеродромски такси
– Рачен багаж максимум 8 кг (40 х 30 х 20)
– Сместување во Хотел со 3* во Местре на база 3 ноќевања со појадок
– Организација и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Факултативен разгед на островите – Бурано, Мурано и Торчело – 35 €
– Карти за локален превоз до Венеција – 1,5 до 2 € по правец
– Превоз со Вапорето (јавен превоз на вода) – 7,5 до 8 € по правец
– Туристичка такса -4 € од ден по лице
– Здравствено и патничко осигурување

НАПОМЕНА:
– За реализација на ова патување, потребен е минимум од 20 патници
– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 €=62 денари
– За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, Целосна доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Останатите услови на патување важат според програмата на Т.А. Балкан Турист Травел Компани
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање

Истанбул

8ми март

ИСТАНБУЛ

5 дена / 2 ноќевања / Автобус

Термин: 05 Март 2020 | 5 дена 

1 ден / 05.03 (четврток) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање од градовите: Скопје во 15:00 часот (Хотел “ВИП” – наспроти саем), Велес во 15:35 часот (Бензинска „Макоил” – Мотел Македонија), Кавадарци 16:15 на булеварот кај гранична полиција, Неготино во 16:30 часот (Пред собрание), Се патува преку граничен премин Богородица. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден / 06.03 (петок) ИСТАНБУЛ (Аја Софија | Топ Капи)
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за сместување во хотел во областа Лалели (до колку собите се слободни за сместување ). По кратка пауза се упатуваме кон посета на Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината Џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага воедно и последна импресивна градба на отоманската религиска архитектура… Единствена џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), Аја Софија (Аја Софија се преведува и како Црква на Светата мудрост и се смета за најубав пример на византиската уметност. Црквата е градена за време на Византискиот цар Јустинјан и нејзината купола е висока 56 метри и изгледа како да лебди, со што го претставува небото. Била најголема катедрала во светот скоро 1000 години се додека не е изградена катедралата во Севили. По освојувањето на градот од Мехмед Освојувачот, бил толку имресиониран од цркавата па ја претвара во џамија и останува така се додека не е повторно претворена во Музеј. Аја Софија остана најголема верска зграда во Истанбул, иако секој моќен султан се обидел да ја претвори во џамија. Никој не успеал во тоа бидејќи ја нагласува величественоста на црквата каде што се нагласени прекрасните визанстиски мозаици. Музејот денес е една од најголемите атракции за туристите во Истанбул), Палатата Топ Капи – музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед, некогашното главно седиште на Османлиската империја, изграден во времето на Султан Мехмед II. При главниот влез на Топ Капи Палатата, од десната страна се наоѓа црквата Света Ирина, единствена христијанска црква во Истанбул која никогаш не е претворена во Џамија. Овaа палата е прва на многуте листи на знаменитости во Истанбул, тоа е палата во која турските султани кои со векови живееле, вистински град во град. Комплексот е огромен, гужвите се големи за влез во ризницата каде што се наоѓаат светите мошти на Исламот (Мухамедовиот заб) и Христијанството (раката на Св. Јован Крстител), тука се изложени колекцијата на часовници на султанот, приборите за јадење и доста подароци меѓу кои се наоѓа и најголемиот дијамант на светот. Можност за попатна посета на Капали Чаршија. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден / 07.03 (сабота) ИСТАНБУЛ (Панорамски разглед | Крстарење – Босфор | Долма Бахче Сарај)
Појадок. После појадокот, слободен ден за индивидуални активности или заминување на панорамски разглед на градот, со можност за факултативно крстарење со брод по Босфор. Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул. Факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај – првиот дворец кој бил изграден во Османлиската империја и кој до 1922 година служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 година во него живеел Кемал Ататурк. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средина на 19 век. Се во палатата зрачи со лукскуз поради исклучително вредни и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на два дела, Селамлик – дел за мажите и Харем – делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација, Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Денеска е претворена во музеј кој содржи уметничко-историски збирки со непроценливо богатство. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта, факултативна вечера на брод (3 часовно ноќно крстарење со брод + трансфер). Mузичка програма (видео) (фолк танци / традиционални церемонии / ориентални танчарки), јадење и неограничени безалкохолни пијалоци (кафе / чај / вода / сокови). Прекрасна ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

4 ден / 08.03 (недела) ИСТАНБУЛ – МАКЕДОНИЈА
Појадок. Напуштање на хотелот. Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), највисоката зграда во Европа од 236 метри. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар каде што можете да најдете повеќе познати бреднови (H&M, Cotton, LC Waikiki…) На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4D проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер, можност да се почувствува сјајот на Борфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ Капи Палатата, Брилијантната Султанахмет џамија (Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од Истанбул, Плоштадот Таксим, Истаклал Улицата… сето ова можете да го доживеете во четвртата димезија во Сафир Сеир Тераси. Посета на најголемиот трговски центар во Европа – FORUM, во кој се наоѓа Аквариумот Turkuazoo. Посета на Venezia Mega Outlet каде ќе имате слободно време за шопинг по ефтини цени и можност за пловење со гондола. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно возење преку Грција со попатни паузи.

5 ден / 09.03 (понеделник) МАКЕДОНИЈА.
Пристигнување во Македонија во пладневните часови.

Цена на аранжманот: 6.340,00 мкд
За уплата до 31.12.2019: 4.960,00 мкд
За уплата до 15.01.2020: 5.270,00 мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:
– превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
– 2 ноќевања со појадок во хотел 3* или 4* во Истанбул (област Лалели);
– пешачка тура со локален водич на македонски или српски јазик;
– посета на Хиподромот;
– посета на Сината Џамија;
– посета на најголемиот трговски центар во Европа – FORUM;
– посета на Venezia Mega Outlet;
– професионален туристички придружник;
– организација и реализација на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– вечера на брод (3 часовно ноќно крстарење со музичка програма, јадење и неограничено безалкохолно пиење + трансфер) – 40€;
– крстарење со брод по Босфор – 20€;
– посета на Долма Бахче Сарај (превоз | влезница | локален водич) – 25€
– посета на Аја Софија (влезница | аудио сет (слушалки) | локален водич) – 15€
– посета на Топ Капи Палатата (влезница | локален водич) – 15€;
– посета на Saphire Seyir Terasi (превоз | влезница за 4D | локален водич) – 20€;
– посета на Аквариумот Turkuazoo (превоз | влезница) – 20€;
– посета на Азискиот дел Белербеј Палатата со инзвореден поглед на Босфор – 10 €

Прага – Карлови Вари – Дрезден – Виена

8ми март

Прага - Карлови Вари - Дрезден – Виена

6 дена / 3 ноќевања / автобус

Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови… Лежи на брегот на реката В’лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела (Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата … Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka… а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО.

1 ден 06.03.2020 КАВАДАРЦИ – ВЕЛЕС – СКОПЈЕ – КУМАНОВО – ПРАГА
Состанок на групата во 09:45 часот пред гранична полиција Кавадарци. Во Велес на Бензиска МАКПЕТРОЛ на излезот од Велес 10:30 часот. Во Скопје на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 11:30ч. Куманово на новата бензиска Макпетрол во 12:30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 07.03.2020 ПРАГА
Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град – Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 08.03.2020 ПРАГА – ДРЕЗДЕН
Појадок. Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600г. пне на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на „Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. Ноќевање.

4 ден 09.03.2020 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка. Враќање во Прага во доцните попладневни часови. Предлагаме крстарење со брод по реката В’лтава. Слободно време Можност за посета на пивница во средновековен амбиент со спектакуларна програма и вечера… Ноќевање.

5 ден 10.03.2020 ПРАГА – ВИЕНА
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT. По пристигнувањето во Виена, прошетка низ стариот дел на градот: Стефан Плац, катедралата Св. Стефан… Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Македонија во вечерните часови.

6 ден 11.03.2020 КУМАНОВО – СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – КАВАДАРЦИ
Пристигнување во пладневните часови

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159 евра / 9.860,00 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.01.2020: 139 евра / 8.620,00 денари

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
• Превоз со високотуристички автобус
• 3 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Прага (околина)
• Организација и водство на програмата
• Посета и разглед на Виена, Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT
• Организација на аранжманот и Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
• Задолжително патничко осигурување си го вадите сами, агенцијата не сноси одговорност ако немате извадено
• Разглед на Прага со локален водич (10€)
• Факултативен излет Карлови Вари (25€)
• Крстарење со брод по Влтава (20€)
• Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма (35€)
• Целодневна посета на Дрезден (30€)
• Туристичка такса 1 евро по лице на ден
• Влезници за музеи и локалите, Доплата за еднокреветна соба 4.650 ден.

НАПОМЕНИ:
• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
• Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
• Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
• За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и T.A. Балкан Турист Травел Компани – Кавадарци

Прага – Дрезден – Виена

8ми март

Прага – Дрезден – Виена

5 дена / 3 ноќевања / автобус

Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови… Лежи на брегот на реката В’лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела (Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата… Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka… а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО

1 ден 06.03.2020 КАВАДАРЦИ – ВЕЛЕС – СКОПЈЕ – КУМАНОВО – ПРАГА
Состанок на групата во 09:45 часот пред гранична полиција Кавадарци. Во Велес на Бензиска МАКПЕТРОЛ на излезот од Велес 10:30 часот. Во Скопје на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 11:30ч. Куманово на новата бензиска Макпетрол во 12:30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 07.03.2020 ПРАГА
Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 08.03.2020 ПРАГА – ДРЕЗДЕН
Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Ноќевање.

4 ден 10.03.2020 ПРАГА – ВИЕНА
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT. По пристигнувањето во Виена, прошетка низ стариот дел на градот: Стефан Плац, катедралата Св. Стефан … Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Македонија во вечерните часови.

5 ден 11.03.2020 КУМАНОВО – СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – КАВАДАРЦИ Пристигнување во пладневните часови

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.01.2020: 129 евра / 8.000,00 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 евра / 9.240 денари,
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ !!!

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
• Превоз со високотуристички автобус
• 2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага
• Посета и разглед на Виена
• Организација и водство на програмата
• Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
• Задолжително патничко осигурување си го вадите сами, агенцијата не сноси одговорност ако немате извадено
• Разглед на Прага со локален водич (10€)
• Разглед на Прага со локален водич (10€)
• Факултативен излет Дрезден (30€)
• Крстарење со брод по Влтава 20€)
• Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма (35€)
• Влезници за музеи и локалитети

НАПОМЕНИ:
• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
• Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
• Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
• За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
• Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Балкан Турист Травел Компани
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и T.A. Балкан Турист Травел Компани – Кавадарци

Азурен Брег

8ми март

Азурен Брег

Милано - Ница - Кан - Антиб - Монако - Монте Карло

6 дена / 3 ноќевања / автобус

Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата…

1 ДЕН 06.03.2020 Кавадарци – СКОПЈЕ – МИЛАНО
Состанок на групата во 9:30ч. Поаѓање во 10:00 часот од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ДЕН 07.03.2020 МИЛАНО – ВЕРОНА – САН РЕМО
Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. Одиме на организиран разглед на градот(факултативно): тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН 08.03.2020 НИЦА – КАН – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – САН РЕМО
Појадок. Факултативно посета на Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови и започнуваме со прошетка низ стариот дел на Ница: кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки… Ноќевање.

04 ДЕН 09.03.2020 САН РЕМО – НИЦА – АНТИБ – КАН
Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и гламурозниот Кан. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, а потоа продолжуваме со посета на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината… Враќање во Ница во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање

05 ДЕН 10.03.2020 НИЦА – ЕЗ – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна посета на Монако и Монте Карло со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… продолжуваме по патеката на F1 (пешки), посета на Монте Карло со познатите коцкарници. Слободно време за посета на казината. Поаѓање кон Македонија во вечерните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

06 ДЕН 11.03.2019 СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.01.2020: 199€ / 12.340 ден
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 219 € / 13.580 ден
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ДО 10 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ !!!

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
• Сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
• Сместување во Сан Ремо – Италија во хотел 3*, на база 2 ноќевања со појадок,
• Разглед на Ница,
• Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Задолжително патничко осигурување 210 мкд, (за лица до 60 год)
• Разглед на Милано – пешачка тура со локален водич (10€)
• Посета на Ез, Монако и Монте Карло (25€)
• Посета на Кан и Антиб (35€)
• Туристичка такса во Милано (5€ по лице, се плаќа во агенција)
• Туристичка такса во Сан Ремо (2 € по лице на ден, се плаќа во агенција)
• Влезници за културно историски споменици, музеи.

НАПОМЕНИ:
• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
• Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
• За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
• Попустите не се комбинираат
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
• Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и T.A. Балкан Турист Травел Компани – Кавадарци

Истанбул

8ми Март

Истанбул

5 дена / 2 ноќевања / автобус

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 17 милиони жители. Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста… мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул… кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ… Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

1 ден 06.03.2020 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата спроти спртски центар Борис Трајковски во 15:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 15:30 h. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 07.03.2020 ИСТАНБУЛ панорамско разгледување + крстарење по БОСФОР + Азиската страна
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. *Предлагаме факултативно панорамско разгледување на градот со автобус и водич: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели, Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), кратка прошетка низ Таксим, Операта, стадионот на ФК Бешикташ, Долма Бахче Сарајот. *Потоа заминуваме факултативно на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палатата… Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени (Тансу Чилер…), Kiskulesi (Моминската кула), Султанската палата Чираган… палатите од Турските ТВ серии… Сместување во хотел. Слободно попладне.* Во приквечерни часови ве водиме факултативно на Азиската страна на Истанбул и Ускудар со метро, преку подводниот тунел Мармарас, за само 4 мин. Тунелот е изграден 60 м. под Босфор. Во Ускудар ќе ја видиме познатата џамија на Михримах Султан. Потоа со автобус продолжуваме кон Бејлербеи, познато по многубројните ресторани покрај Босфор но и по прекрасните куќи на богатите жители на Истанбул. Тука се наоѓа и прекрасната палата на Султан Абдулазис. Место каде се снимаат и многубројните турски серии. Можност да пробате рибни специјалитети. Се враќаме преку најголемиот и најпознат мост преку Босфор. Ноќевање.

3 ден 08.03.2020 ИСТАНБУЛ: Долма Бахче Сарај Палата + Принчеви острови
Појадок. Заминуваме на организираме факултативна посетана најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич. Потоа предлагаме прекрасен и релаксиран излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принчевите острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: Коњска кочија – Пајтон, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период. Островот каде императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Предлагаме ручек во еден од многуте рибни ресторани. На враќање одиме да ја посетиме Галата кулата (влезница се плаќа на лице место). Вечерта факултативно ве водиме во традиционален ресторан со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно оживување. Ноќевање.

4 ден 09.03.2020 ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе ја разгледаме познатата црква АЈА СОФИЈА, ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем. Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. За крај, ве водиме во голем шопинг центар ФОРУМ. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Се патува преку Грција, денско и ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во предпладневните часови следниот ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 31.12.2019 79 € / 4.900 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 99 € / 6.140 ден

Цената вклучува:
– Превоз со високотуристички автобус,
– Сместување во хотел 3* / 2 НП,
– Пратител на програмата

Цената не вклучува:
* панорамско разгледување на градот со автобус – 10 евра; Крстарење по Босфор – 20 евра
* Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз и влезница во палатата и харемот- 35 евра
* Отомански – Византиски Истанбул: превоз со автобус и локален водич – 10 евра
* Влезници за музеите: Топ Капи – 15 евра;Аја Софија (влезница и аудио опрема) – 20 евра
* Харемот во Топ Капи – 10 евра;
* Посета на Азија со автобус и водич – 15 евра;
* Вечера во ориентален ресторан со стомачни танци –35 евра;

*** За реализација на програмата потребни се минимум 45 особи;
*** Плаќањето е во денари.Агенцијата може да го откаже аранжманот 5 дена пред поаѓање доколку нема доволен број патници
За овој аранжман важат општите услови на патување на T.A. Балкан Турист Травел Компани – Кавадарци

Венеција – Фиренца – Верона – Сирмионе

8-ми Март

Венеција – Фиренца – Верона - Сирмионе

5 дена / 2 ноќевањa / автобус

Венеција – Господарка на Јадранот… чудесен град на вода со повеќе од 400 канали и исто толку мостви, со векови е еден од најчудесните градови што некогаш човекот ги создал… Венеција е колаж од раскошни палати на каналот Гранде, таинствени улички, канали, мостови, гондоли, повеќе од 100 фасцинантни цркви, симпатични плоштади и колоритни фасади… Најуникатен град на планетата Земја… во минатото најмоќна светска поморска и трговска сила… денес го живее истиот сјај од врвот на својата слава во 15 от век. Венеција не може никој да Ви ја прераскаже… едноставно морате да ја доживеете нејзината убавина.

1 ден 06.03.2020 КАВАДАРЦИ – ВЕЛЕС – СКОПЈЕ – КУМАНОВО
Состанок на групата на булеварот пред гранична полиција во Кавадарци во 09:30 часот. Во Скопје во 11:30 ч. на паркингот пред Хот. “ВИП“. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 07.03.2020 ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Пристигнување во Лидо ди Јесоло во пладневните часови. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 08.03.2020 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ФИРЕНЦА
Појадок. По појадокот предлагаме целодневен излет до Фиренца. Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити… Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.

4 ден 09.03.2020 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – СИРМИОНЕ – ВЕРОНА
Појадок. Напуштање на собите. Ве водиме до Сирмионе-езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура а потоа посета на Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија. Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во договор со водичот поаѓање кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 10.03.2020 СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје / Кавадарци во попладневните часови.

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31.12.2019: 129 евра / 8.000,00 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 евра / 8.620,00 ден
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ДО 10 дена пред поаѓање !!!

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
• Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
• 2 ноќевања со појадок во регионот Венето, хотел 3*
• Организација на аранжманот
• Лиценциран туристички придружник на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
• Превоз+Разглед на Венеција + бродски билет до/од Венеција 25 €
• Посета на Фиренца 45 €
• Целодневна задолжителна посета на Верона и Сирмионе 20 €
• Туристичка такса за ноќевање во Италија (2 € по лице по ноќ, се плаќа во агенција)
• Влезници за музеи и споменици
• Задолжително патничко осигурување патниците си го вадат сами. Во случај да не извадите агенцијата не сноси никакви последици и одговорност.

НАПОМЕНИ:
• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
• Плаќањето се врши во денари
• За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и T.A. Балкан Турист Травел Компани – Кавадарци